Во пожари изгореа викендичка во Пехчевско и штала во Тетовско
Три пожари беснееја вчера во Пехчевско, Тетовско и Штипско, при што изгореле една викендичка, штала, а опожарени биле и сува трева, борова шума и насад со модри сливи. Во неделата околу 14.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на место викано „Амушкови чешми“, атар на Пехчево, настанал пожар пред викендичката во која престојувала К.М. […]