Нападнати пожарникари во Прилепско


Прилепчанец, кому му изгорела шталата каде чувал поголемо количество тутун, нападнал пожарникари кои дошле да го гасат огнот. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кога пожарникарите пристигнале, човекот ги оттурнувал и ги спречувал да гасат.  Се претпоставува дека бил нервозен затоа што очекувал пожарникарите побрзо да пристигнат, без да размисли дека […]

Двајца пожарникари загинаа за време на гаснење пожар на грчкиот остров Крит


Двајца пожарникари го загубија животот на грчкиот остров Крит за време на гаснење на пожар во близина на градот Ретимнос, а неофицијално со нивното возило се заглавиле меѓу огнените јазици, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот во близина на Ретимнос избувна околу 14.30 часот во ниска вегетација, а во гаснењето интервенираат 110 пожарникари со […]

Во Грција ќе пристигнат 245 пожарникари од четири земји за да помогнат во справувањето со пожарите


Преку програмата на Европскиот механизам за цивилна заштита и оваа година во Грција ќе бидат распоредени пожарникари од различни земји, кои во текот на летниот период, доколку е потребно, ќе им помагаат на нивните грчки колеги во справувањето со пожарите, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на […]

На Скопје му недостигаат 171 пожарникар, моментално во главниот град има 213


На Скопје му недостигаат 171 пожарникари, предупреди командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски. Според законските стандари, главниот град треба да има 384 а сега располага со 213 пожарникари. „Недостигот на вработени е хроничен. Сега последната генерација има 20 нови вработени на кои им претстои преквалификација и обука. Потребата од дополнување ќе тече во текот на […]

Уште не зеле плата пожарникарите вработени за 24.000 денари од општините?


Во јуни Владата најави дека има намера да вработи 400 пожарникари низ целата земја, млади, здрави луше, кои ќе сакаат да бидеат обучени за справување со пожари, како мерка, оваа сезона да може да одговориме на предизвиците со гасење пожари. Во јули беше распишан конкурс, на кој се пријавија повеќе од 500 лица, од кои […]

Адеми: Гостиварските пожарникари се дискриминирани и жртви на политичките манипулации


 Положбата на пожарникарите и условите во кои работат се дискриминациски и неприфатливи, оцени Фјола Јакупи Османи портпаролката на независниот кандидатот за градоначалник на општина Гостивар, Висар Адеми на денешната прес-конференција. Таа пред седиштето на Територијалната противпожарна единица укажа на сегашната состојба во која работат пожарникарите и напомена дека во програмата на Адеми предвидено е модернизирање […]

Хеликоптер од Чешка и пожарникари од Словенија пристигнуваат во Македонија за пожарите


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска попладне изјави дека Република Чешка испратила официјална понуда за помош во справувањето со активните пожари на територијата на Македонија. Помошта, како што информираше Ангелов, вклучува хеликоптер од типот „Блекхок“, кој веќе утре ќе полета и се очекува да пристигне во текот на денот. „Понудата од […]

Продолжен рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари


Владата информира дека, поради силниот интерес и позитивниот одзив на граѓаните, се продолжува рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање на 400 пожарникари низ државата до 23 јули среда. Одлуката за продолжување на рокот е донесена со цел да им се даде можност на што поголем број заинтересирани граѓани да аплицираат, особено имајќи предвид […]

До четврток трае огласот за 400 нови пожарникари – од документација потребна е само медицинска белешка


Јавниот повик за прием на 400 лица по владината мерка за поддршка против пожарите, завршува во четврток. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов повика сите заинтересирани да се пријават, а за тоа потребно е да појдат во локалните Центри за вработување и таму ќе ги пополлнта потребните документи, додека пак со себе треба да носат медицинска […]

Во Битола ќе бидат ангажирани 30 невработени лица, идни пожарникари


Општина Битола објави повик за ангажирање на 30 невработени лица кои ќе бидат вклучени во работтата на Територијалната против пожарна единица. Од секторот за односи со јавност соопштија дека ангажманот е во функција на заштитата и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво, односно пошумување. Работното ангажирање на невработените лица ќе […]

Денеска е објавен повикот за пожарникари


Денеска е објавен повикот за нови пожарникари преку општините, објави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.  Повтори дека платата предвидена за овие лица е 24.000 денари, што не е примамливо, ама е можност за врабортување, а за најдобрите и за трајно вработување.  Со овој план, треба да се вработат 400 привремни пожарникари кои ќе бидат распоредени […]

Владата за плата од 24 илјади денари ќе ангажира невработени лица за справување со пожарите


Владата ќе ангажира невработени лица кои ќе помагаат во справување со пожарите. Програмата се спроведува за првпат и ќе значи зачувување на природата, велат оттаму. -Мерката предвидува вклучување на 400 невработени лица кои ќе бидат ангажирани во јавни работи, со фокус на создавање на противпожарни појаси и други активности за спречување и намалување. Секој ангажиран […]

Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари


Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека направени се промени кои ветуваат спремност во справувањето со пожарите и за разлика од минатото државата ќе биде проактивна, а не реактивна на ова поле. Покрај опремата која е набавена за спречување на пожарите, посочува дека во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари. – Македонската интервентна пожарна единица, […]

Намерно запалил пожар во Ајдахо и убил двајца пожарникари – снајперистот пронајден е мртов


Двајца пожарникари беа убиени од огнено оружје додека гаснеле пожар во северно Ајдахо, соопшти шерифот на округот Кутенај. Пронајдено е телото на друг маж, а полицијата верува дека тој е напаѓачот. До телото имало огнено оружје. Полицајците размениле оган со осомничениот, но не е јасно дали напаѓачот бил застрелан и убиен или извршил самоубиство. Мотивот […]

Синоќа, гром запали куќа во Велес, нема повредени


Во Територијалната противпожарна единица во Велес синоќа во 20.35 часот имало дојава за пожар на куќа од удар на  гром на улица „Крали Марко“ бр. 17 во стариот дел од градот попознат како „Карпа Маале“, во близина на центарот на градот. Противпожарната единица веднаш интервенирала, а пожарот бил изгаснат во 21.55 часот.

Крстевски: Пожарникарите во Кочани со пет возила, а две се вон функција, останатите се крш


В.д. градоначалник на општина Кочани, Венко Крстевски во видео обраќање од кругот на Територијалната противпожарна единица во Кочани посочи на катастрофална состојба со која се соочува оваа едница. Тој го покажа возниот парк со кој тие како противпожарна едница располагаат. „Ова е возилото кое користено за време на несреќата во „Пулс“. Во период на несреќата […]

Во Струмица почна вежбите за евакуација во училиштата


Од денеска Струмица започна со спроведување превентивни мерки за поголема безбедност на децата во општинските училишта.   Во соработка со ТППЕ Струмица беше реализирана вежба за евакуација во случај на пожар во ООУ „Кирил и Методиј“ во Дабиле.     Покрај показната вежба од страна на пожарникарите, учениците беа запознати и со основните мерки коишто […]

Тетовските пожарникари лани имале рекордни 984 интервенции, во просек по три дневно


Во текот на 2024 година Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово бележи вкупно 984 интервенции или речиси три интервенциии секојдневно. Според командирот на ТППЕ Тетово, Авни Амети, кој 15 години работи како пожарникар, ова е рекордна бројка на интервенции на оваа служба. -Ако споредуваме со другите години, оваа година што помина, беше со рекордни 984 интервенции, […]

Во тек е потрага по исчезнати луѓе во пожарите во округот Лос Анџелес


 Според последните податоци, 16 лица загинаа во повеќе пожари кои беснеат околу Лос Анџелес, а најмалку 16 лица се водат како исчезнати, изјави денеска шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна. Тој на прес-конференција рече дека 12 лица се водат како исчезнати во областа на пожарот Итон и четири во пожарот во предградието на Лос […]

Евростат: Лани во ЕУ работеле 362.400 професионални пожарникари


Во Европската унија во 2023 година имало 362.400 професионални пожарникари, што претставува 0,18 отсто од вкупниот број вработени во ЕУ, а во однос на 2022 година тој број е зголемен за 3.200, објави Евростат. Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека меѓу 21 земја на Европската унија со достапни податоци, најголем удел на пожарникари […]