Помош за пожарите во близина на Атина ќе испратат и Србија, Романија и Турција


По Франција, Чешка и Италија, позитивно на барањето на Грција за помош за гаснењето на пожарите во областа Атика упатено преку Европскиот механизам за цивилна заштита, одговориле и Србија, Романија и Турција, кои испраќаат противпожарни сили, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, вечерва соопштија дека […]

Работници и механизација од РЕК Битола трет ден учествуваат во гаснењето на пожарите во Пелагонија


Работници, противпожарно возило и механизација на РЕК Битола трет ден учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија Пелагонија, соопштија рударско енергетскиот комбинат. Десетина пожарникари од Службата за техничка сигурност на РЕК Битола, булдожери и грејдери во сопственот на комбинатот, ангажирани се за гаснење на пожарите, за дотур на вода и за правење на заштитни […]

Активни десет пожари, нов пожар кај Пехчево, гори во Јасен, во близина на Стење, кај Белица…


 Попладнево и вечерва во земјава се активни десет пожари. Во текот на денот три се ставени под контрола, а седум пожари се изгаснати. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов изјави дека од овие десет активни пожари, осум се многу сериозни, и дека некои се повлекуваат со денови.  -Пожарот во Јасен не можеме […]

Седум активни пожари, пет ставени под контрола, 31 изгаснати


 На територијата на државава во моментов има седум активни пожари на отворено и шумски пожари, пет се ставени под контрола, а 31 се целосно изгаснати, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Според информациите на Ангелов, најголемиот пожар кај Јасен постепено се става под контрола.  -Најголемиот пожар, пожарот „монструм“ постепено го […]

Активни пожари во Македонски Брод, Охрид, Новаци, Кичево и Струга


Вкупно 29 пожари на отворено имаше во текот на денешниот ден на територија на цела држава, од кои 21 се изгаснати, два се ставени под контрола. Шест пожари се уште се активни, изјави вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.  Најтешкиот пожар, како што информира, е на територија на општина Макдонски […]

Беспилотните летала „Бајрактар“ Албанија ќе ги стави во функција на борбата против пожарите


Министерот за одбрана Пиро Венгу при посетата на воздухопловната база Кучово најави дека  беспилотните летала „Бајрактар“ се подготвени да бидат вклучени  за итни случаи, односно во актуелната состојба со пожарите, кои беснеат низ целата земја. -По успешното тестирање за ноќни мисии, беспилотните летала „Бајрактар“ ќе бидат ставени во функцијата на следење 24 часа на ден, […]

Дронови на МВР ги мониторираат шумските појаси за превенција од пожари


Полицијата започнаа со употреба на дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата во насока на рана превенција од пожари. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, со воведувањето на овие оперативни мерки се очекува не само да се зголеми ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, туку […]

Приведено лице од прилепско село за предизвикување пожар


Поради сомнение дека предизвикал пожар, полициски службеници од ОВР – Прилеп и од Полициската станица за граничен надзор – Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ, вчера го лишиле од слобода Г.К., на возраст од 54 години од селото Штавица. – Околу девет часот, тој запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, […]

Активни се уште осум пожари, 10 се целосно изгаснати, а еден е ставен под контрола


Во текот на денов имавме вкупно 19 пожари, од кои 10 се целосно изгаснати, еден е ставен под контрола, a во моментов имаме уште осум активни пожари, информираше вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.  Како што посочи, најтешка е ситуацијата во селото Тажево кај Македонски Брод каде има неколку изгорени […]

Хуманитарен пункт од утре во Скопје за настраданите семејства од пожарите


 Хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија во државата ќе биде отворен од утре во Скопје. На овој пункт граѓаните ќе можат да однесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу […]

Од 42 пожари пет се активни, четири ставени под контрола


Вкупно 42 пожари имало вчера на отворен простор, од кои во моментов пет се активни. Четири се под контрола и 33 се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај селото Тажево – Брезница – кракот кон Јасен, во Општина Демир Хисар и Општина Охрид кај […]

Активни се девет пожари, нови пожари во Охридско и Скопско


 Во моментов во државата активни се девет пожари од кои најтешкиот е на Осоговските планинини кој е на недостапен терен, а нови пожари се регистрирани на териториите на Охрид и Скопје, вели во видео порака директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.  -За жал дури и денес на Илинден, на територијата на државата беснеат девет пожари на […]

Полициски хеликоптери исфрлија над 166 тони вода врз пожарите кај Пехчево и Старо Нагоричане


Хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици при МВР вчера дејствуваа врз пожарите во реонот на Старо Нагоричане и кај Пехчево. Како што соопшти МВР, хеликоптерот Бел 412 во 28 циклуси исфрли 42 тони вода и со тоа е ставен под контрола еден од краците кај с.Малотино. Хеликоптерот Ми 171 во текот на целиот ден, а […]

Вкупно 28 пожари на отворено вчера, се очекуваат шест хеликоптери и четири ер трактори од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ


Вкупно 28 пожари на отворено го одбележаа изминатиот ден. Најсериозно е во Старо Нагоричане, Кратово, Македонски Брод и Свети Николе. На помош се очекуваат уште шест хеликоптери и четири ер трактори кои се дел од Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. Во меѓувреме, власта вели дека добро се справува со пожарите, додека, опозицијата обвинува […]

Мицкоски за пожарите: Ме загрижуваат индициите дека голем дел од нив се намерно подметнати


Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи за пожарите низ државата, рече дека е загрижен поради тоа што добива информации дека дел од нив се намерно подметнати. „Владата имаше прв работен ден 24 јуни, првиот посериозен пожар беше на 10 јули. Каква беше тогаш фактичката состојба, хеликоптерите кои се користат при вакви состојби беа на сервис, авионите беа […]

ЦУК бара да се вклучиме во НАТО механизмот за помош – така може да се донесат искусни пожарникари


Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов информира дека денеска седница одржувала Управувачкиот комитет, на која донеле одлука за да им предложат на Владата за ангажирање на НАТО механизмот за помош. -Денеска имавме седница на Управувачкиот комитет, на која донесовме одлука да предложиме на Владата да се ангажира и т.н. НАТО механизам за помош кој во суштина […]

Вклучете се во гасењето пожари само ако ве прифатат локалните командири – има уште 12 пожари


Дванаесет активни пожари, Ангелов со апел до граѓаните да не учествуваат во гаснењето, освен доколку не бидат прифатени од локалните командири Во текот на вчерашниот ден на територија на државата имало вкупно 66 пожари на отворено и шумски пожари. Од вкупниот број на пожари, 51 целосно се изгаснати, три пожари се ставени под контрола, а […]

Српски хеликоптери повторно помагаат во гаснењето на пожарите


Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави синоќа дека со одобрение на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ, МВР денеска ќе испрати два хеликоптери на Хеликоптерската единица за да им пружи помош на припадниците на Секторот за вонредни состојби при гаснење на пожарот што се прошири од Северна Македонија во […]

Рекорден ден со пожари – 54, вечерва активни 19, загрозени неколку села


На територијата на државава денеска Центарот за управување со кризи евидентирал рекорден број пожари на отворено – 54, од кои активни се 19, а oстанатите се целосно изгаснати или ставени под контрола. Пoжарот кој беснее на територија на општина Пехчево, го загрозува селото Негрево. Сериозен пожар има и на територија на општина Куманово. Тој загрозува […]

Чадот од шумските пожари може да го зголеми ризикот од деменција


Чадот од шумските пожари може да биде полош за здравјето на мозокот од другите видови на загадување на воздухот, па дури и да го зголеми ризикот од деменција, покажа новото американско истражување. Резултатите, објавени во понеделникот на Меѓународната конференција на Здружението за Алцхајмерова болест во Филаделфија, дојдоа додека милиони луѓе во САД го поминаа викендот […]