Собранието продолжува со редовна работа, денеска нова пленарна седница


Македонското Собрание денеска треба да ја започне 42. седница, а претходно пратениците во рамки на 38. седница треба да гласаат за единствената точка која остана неразгледана – Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка. За пратениците ова ќе бидат први собраниски заседанија по двонеделната пауза по […]

Ребалансот на Буџетот од утре пред пратениците на пленарна седница


Утре започнува тридневната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година, во рамки на 12. седница на Собранието. Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на седницата. Согласно Деловникот на Собранието, претресот по предлогот за изменување и дополнување на Буџетот, односно по […]

Груевски останува пратеник


Поранешниот премиер Никола Груевски останува пратеник во Собранието. На денешната собраниска седница немаше доволно гласови за одземање на неговиот пратенички мандат, поради правосилната затворска казна од две години за случајот „Тенк“. За одземање на мандатот на Груевски гласаа 58 пратеници, а 29 беа против. Овој биланс од гласањето не е доволен, затоа што за одземање […]

В понеделник почнува пленарната седница за уставни измени


Во понеделник, на 15 октомври, парламентот ќе ја почне пленарната расправа за владиниот предлог за пристапување кон уставни измени, согласно со договорот со Грција. Претседателот на парламентот Талат Џафери ја закажал веќе 61. седница на Собранието, со почеток во 11 часот. Единствена точка на дневниот ред  е предлогот за пристапување кон уставни измени. Во меѓувреме, […]