СП во Русија според платите: Бразилците најплатени, Панамците на дното


Како би изгледало Светското првенство доколку наместо фудбалери би се бореле нивните плати? „Дејли мејл“ направи симулација по групи, така што сите репрезентации ги распредели според просечната годишна плата на 23. играчи што дошле на Светското првенство. Платите се изразени во евра. Група А 1. Уругвај 2.800.000 2. Русија 1.600.000 3. Египет 966.000 4. Саудиска […]

Текстилците се жалат за минималната плата, најавуваат отпуштања


Над 5.000 луѓе може да останат без работа поради воведувањето на минималната плата и одлуката на Уставниот суд да го укине нормираниот учинок, а некои компании, од кои дел странски инвеститори, веќе си одат од земјава, предупредуваат текстилците. Тие денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија уште еднаш побараа предвидените 50 отсто од придонесите […]

Филипче: Новата генерација приватни специјализанти ќе добие плата


Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека приватните специјализанти, запишани на јануарскиот конкурс 2018 година, во јуни ќе добијат мајска плата. Новата генерација приватни специјализанти побара ист третман за сите специјализанти, се до донесување на стабилно и вистинско долгорочно решение за сите засегнати. – За нас докторите на приватна специјализација, секој следен ден поминат […]

Владата најавува нова мерка за раст на платите


Премиерот Зоран Заев денеска по седницата на Економско-социјалниот совет најави нова мерка за раст на платите. Како што рече Заев на прес-конференција во Владата, станува збор за директна финансиска поддршка од 30 отсто од растот на бруто платите на работниците во трудоинтензивните дејности. Условите за оваа мерка, напомена премиерот, ги исполнуваат околу 15.000 компании и […]

Анѓушев: Се анализираат придобивките од воведувањето повисок персонален данок


Во моментов во Владата се изработува анализа за да се види кои ќе бидат придобивките од воведувањето повисок персонален данок за лицата кои повеќе заработуваат, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. – Сметам дека треба да се направи математичка анализа и модел да се види кои ќе бидат придобивките од персоналниот данок што, […]

Персоналот на ОН во Женава ќе штрајкува поради малите плати


Персоналот на ОН во Женева за утре најави штрајк поради намалувањето на платите. На вработените во ОН во женева им е намалена годишната плата за 7,5 отсто, а повеже од 90 отсто од вкупно илјада вработени го поддржаа штрајкот. „Прв ден од штрајкот е утре…ве молиме останете дома“, се наведува во електронската порака упатена до […]

Казни за разликите во плата меѓу жените и мажите во Франција


Француските компании ќе мораат во рок од три години да ги укинат разликите во платите меѓу мажите и жените или во спротивно ќе платат казна, се предвидува со планот претставен од премиерот Едуар Филип. Мажите во Франција, во пракса се платени за девет проценти повеќе од жените, иако законот веќе 45 години предвидува еднакви плати […]

Косовските државни лидери имаат пониски плати од директори на aгенции и претпријатија


Косовските државни лидери не се вбројуваат меѓу најплатените функционери во земјата. Повисока плата од премиерот, претседателот на државата и спикерот на парламентот, имаат неколку носители на високи функции на јавни претпријатија. Дел од нив имаат плата до 5.000 евра,додека премиерот во моментов има плата од 1.443 евра, објавија косовски медиуми. Директорот на Косовскиот фонд за […]

Рударите во „Саса“ бараат поголеми плати


Новоформираниот рударски синдикат на „Саса“ од Македонска Каменица, кој функционира во рамките на МЕСО, бара отпочнување на преговори со менаџментот на рудникот и исплата на плата во сооднос со профитот на компанијата. На денешната прес-конференција во Скопје, синдикалците побараа 20 проценти од профитот што го остварува компанијата да им биде распореден на рударите. – Бараме […]

Заев: Платите на лекарите специјалисти ќе пораснат до 70. 000 денари


Платите на лекарите специјалисти до крајот на годината, заедно со дежурствата, да изнесуваат 68.000 до 70.000 денари ќе биде крајната цел на преговорите што ќе ги почне Министерството за здравство со Синдикатот за здравство, доколку се обезбедат ресурси, најави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието. – Конечната цел ќе биде ако […]

Јавниот сектор да ги внесе податоците во регистарот, инаку не ќе може да исплаќа плата


Институциите од јавниот сектор имаат рок од три месеци да ги внесат податоците за своите вработени во инфоматичкиот систем за управување за човечки ресурси бидејќи во спротивно може да се доведат во ситуација да не можат да им исплатат плата на вработените чии податоци не се внесени. Тоа значи дека доколку институцијата ги нема внесено […]

Платите на вработените во „Фолксваген“ ќе се зголемат за 4,3 отсто


Платите на околу 120.000 вработени во германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ ќе бидат зголемени за 4,3 отсто од мај оваа година, соопшти синдикатот ИГ Метал по постигнатиот договор со раководството. Покрај тоа, предвидена е и субвенција од 100 евра во април, а од август 2019, вработените ќе имаат годишна исплата која изнесува 27,5 отсто од […]

Доцни декемвриската плата за вработените во училиштата во општина Тетово


Поради административни процедури доцни декемвриската плата за вработените во петте средни и 11 основни училишта во надлежност на општина Тетово. Поради проблеми со општинскиот буџет за 2018 година што се уште не ги поминал процедурите во Министерството за финасии без плата за декември е и општинската администрација, информираа од Секторот за јавни дејности во општина […]

Функционерските плати во Косово двојно повисоки од Македонија


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој двојно си ја зголеми платата пред новогодишните празници, донел одлука за зголемување на платата за 25 отсто и на шефот на државата Хашим Тачи. Тачи од овој месец ќе зема месечна плата од 3.635 евра, наместо од 2.906 евра, колку што имаше досега. Со покачувањето, платите на највисоките функционери во […]

Откажан штрајкот на машиновозачите, ќе ја чекаат ноемвриска плата


Вработените во МЖ Транспорт на денешниот состанок се договорија да не ја спроведат претходно донесената одлука утре да го прекинат железничкиот сообраќај поради најавата дека во текот на неделава ќе им биде исплатена во целост ноемвриската плата, изјави за МИА Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал во МЖ Транспорт ад Скопје. Раководството на МЖ Транспорт […]

Харадинај и Рама се премиери со највисоки плати во регионот


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај има највисока плата споредено со личните доходи на неговите колеги во регионот. – Косово е единствена земја во Западен Балкан која и понатаму е изолирана. Независно од тоа, Рамуш Харадинај е премиер со највисока месечна плата, споредено со колегите од регионот, констатира порталот Албеу во написот под наслов „Срам: Рама и […]

Наставници од Гостивар ја прекинаа наставата, бараат плати


Наставниците во ОУ „Единство“ утрово не држат настава, поради неисплатената плата за ноември. Синидикалната организација на просветните работници ќе чека на исходот на состанокот во локалната самоуправа, по што, како што велат, може да се очекувааат порадикални чекори, пренесе МИА. Платите за минатиот месец не ги добиле околу илјада вработени во сите основни и средни […]

УЈП: Највисоката годишна бруто плата лани во приватното здравство


Највисоката годишна бруто плата во Македонија лани е исплатена во приватното здравство и изнесува 167.786.446 денари (2,7 милиони евра), а 25,6 (416.000 евра) милиони денари е највисокиот исплатен бунус од работен однос на годишно ниво, покажуваат податоците што ги објави денеска Управата за јавни приходи врз основа на поднесените годишни даночни пријави од граѓаните во […]

Македонија меѓу 10-те земји со најниски плати во Европа


Македонија е меѓу десете земји со најниски плати во Европа, покажува истражувањето на Украинскиот аналитички центар. На прво место на листата е Украина, каде платите се работниците се движат околу 190 евра и се најниски во Европа. Меѓу десетте земји со најмали примања се и Србија, Белорусија и Албанија. Украинските стручњаци составиле листа на најсиромашни […]

СОНК бара преговори со МОН за образовните реформи и за платите


Самостојниот синдикат за образование, наука и култура-СОНК бара веднаш да се усогласат платите во основното и средното образование, согласно процентот на зголемување на минималната плата на национално ниво. – Така ќе се задржи распонот на коефициентите, поточно на плати по работни места, како што е предвидено во колективните договори во овие дејности. Со самото тоа […]