Од септември платите во АД ЕСМ повисоки за 15 отсто


На одбележувањето на Денот на рударите во РЕК Битола, генералниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов и претседателот на синдикалната организација Јове Смилевски потпишаа Спогодба за измена на Колективниот договор, со која платите на вработените им се зголемуваат за 15 отсто, почнувајќи од септемвриската плата. По повод одбележувањето на Денот на рударите во РЕК Битола, […]

Законот за платите на функционерите уште е во изработка, бил исклучително комплексен


  Законот за плати со кој ќе се регулираат и платите на функционерите и избраните лица е во изработка, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски. „Од Одлуката на Уставен суд со која се зголемија платите на функционерите поминаа четири и пол месеци и законот е во фаза на изработка. Владата пристапи кон изработка на закон за […]

Покачувањето на платите на 900 вработени во УЈП месечно ќе чини 16,5 милиони денари


Околу 900 вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) за неколку дена ќе добијат јулска плата повисока за 30 проценти откако е потпишан колективен договор меѓу синдикатот на Управата и нејзиното раководство со посредство на помирувач.  Двете страни – синдикалниот лидер во УЈП, Васе Недановски, и директорката Сања Лукаревска, денеска на прес-конференција, на која  соопштија […]

Растот на платите во јавниот сектор нема да биде на товар на стопанството, вели Битиќи


Стоиме на ставот дека Данокот за солидарност треба да се донесе, исто како што минатата година слични решенија се случија и во други земји во Европа и сметам дека после четири години поддршка од страна на државата и граѓаните, сега овие компании околу 150 на број, можат да си дозволат еднократно да платат данок кој […]

Цените на најпродаваните производи во Србија растеа двојно побрзо од платите и пензиите


Цените на поголемиот дел од производите кои најчесто се пласираат во три големи малопродажни синџири во Србија пораснаа неспоредливо побрзо од приходите на населението, наведува неделникот НИН во објавеното истражување. Платите и пензиите за две години се зголемени за 28-28 отсто, а кошницата со сто најпродавани производи во еден трговски синџир поскапела за 48,2 отсто, […]

Нова средба за платите во јавниот сектор, синдикатите оптимисти дека ќе се најде решение


Синдикалните претставници кои пристигнаа во Министерството за финансии на средба со владиниот тим, не знаат дали денеска ќе се постигне некакво решение околу зголемувањето на платите и методологијата. Како што изјавија пред состанокот, тие повторно ќе ги пренесат ставот и барањата во делот и на моделот и на покачувањето на платите. Не знаат колку ќе […]

Ковачевски за дијалогот со синдикатите: Работите се движат во насока на постигнување договор за платите


Работите се движат во насока на постигнување договор. Верувам дека целта може да биде постигната и да добиеме едно долгорочно решение со кое од септември па во текот на наредните години ќе се обезбеди зголемување на платите, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Смета дека има капацитет и Владата, и синдикатот, да изнајдат такво решение од заемен […]

На повидок решение за платите во јавниот сектор? Има доближување, вели Трендафилов


  Има посериозни доближувања кон нашите идеи, замисли и барања и она што Министерството за финансии и Владата можат да го понудат во поглед на нашите барања, изјави денеска претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, по средбата на работната група на Економско социјалниот совет во Министерството за финансии во врска со методологијата […]

Македонија ќе биде прва држава што ќе ги индексира платите во јавниот сектор со просечната бруто плата, вели Бесими


Министерот за финансии Фатмир Бесими смета дека барањата на синдикатите се легитимни зашто тие се борат за одржување на животниот стандард пред инфлацијата. На секоја средба со нив, рече вечерва, има атмосфера и волја да се дојде до решение, но тоа, напомена, мора да биде здраво, системско и одржливо. Според Бесими, Северна Македонија ќе биде […]

Секој вработен во јавниот сектор би можел да добие по 1.500 денари ако се пренасочи зголемувањето на платите на функционерите


Доколку функционерите се откажат од нивните зголемени плати за 78 проценти, секој вработен во јавниот сектор би добил по 1.500 во нето на неговата сметка, ако тие пари се трансферираат во плати на вработените во јавниот сектор, пресметаа од Сојузот на синдикати на Македонија. Според претседателот Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов, функционерите треба […]

Платите во јавниот сектор утре ќе ги договора работна група од ЕСС, синдикатот бара покачување од 14,2 отсто


Преговорите за зголемување на платите во јавниот сектор треба да продолжат утре во формат на работна група, откако на вчерашната седница на Економско-социјалниот совет не беше постигнат договор за методологијата за пораст на платите, но како што информираа синдикалните претставници има поместување од страна на Владата и Министерството за финансии во поглед на нивните предлози […]

И натаму без договор за платите во јавниот сектор


Синдикатите и Владата не постигнаа договор околу зголемувањето на платите во јавниот сектор и по денешната седница на Економско – социјалниот совет (ЕСС). Од Владата соопштија дека било договорено да продолжат преговорите во помала работна група составена од членовите на ЕСС која ќе работи зачестено, додека од синдикатите велат дека нивниот предлог е основа за […]

Економско-социјалниот совет на нова средба за платите во јавниот сектор


Економско-социјалниот совет денеска на седница треба да ги продолжи разговорите за зголемување на платите во јавниот сектор, откако минатата недела беше договорено Владата да направи нови симулации за пресметка на платите согласно предлозите на синдикатите. На последната седница беше презентирана Методологијата за раст на платите во јавниот сектор со која се предлага нов транзициски период […]

Битиќи не очекува генерален штрајк во УЈП: Сите вработени во јавниот сектор заслужуваат достоинствени плати


 Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не очекува Управата за јавни приходи (УЈП) да стапи во генерален штрајк. Според него, не би требало основните процеси во државата да бидат доведени во прашање. Сите вработени во јавниот сектор и администрацијата заслужуваат достоинствени плати, но местото за изнаоѓање решение, нагласи, е на маса, преку дијалог. Владата, подвлече […]

За готвачи плата до 3.000, за келнери до 1.500 евра: Јадранот плаче по работници, но и овие европски земји


Потрагата по сезонска работна сила е повеќе од значајна во Црна Гора и Хрватска, а целиот Медитеран оваа година, како што се проценува, може да биде во неволја, како поради односот помеѓу понудата и побарувачката, така и поради високите плати кои се проблем за работодавците . Според проценките на туристичкиот сектор, само во Хрватска ќе […]

Зголемувањето на платите во јавниот сектор ќе се решава системски, и за вработените и за функционерите, вели Бесими


Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска изјави дека сите разговори за платите се водат во насока на утврдување методологија која ќе биде подеднаква за сите во јавниот сектор. Тоа, во иднина, рече Бесими, ќе биде решение не само за вработените, туку и за функционерите. За зголемувањето на платите на функционерите, пак, напомена Бесими, секоја институција […]

Дел од наставниците на протест – бараат да не се спојуваат предметите и да им се зголемат платите


Независниот синдикат за образование и НСОН денеска во Скопје одржаа протест, како што нагласија, во интерес на правата на просветните работници и побараа да не се спојуваат наставните предмети и да се почитуваат колективните договори. Протестот започна напладне од Жена парк, а учесниците пешачеа до зградата на Министерството за образование и наука, каде одржаа говори. […]

„Пари“: Животниот стандард во последните десет години низ факти и бројки


За една деценија, просечната плата во државава се зголемила за 68,7 проценти, а потрошувачката кошничка за речиси 52 проценти, покажува анализата на Пари, која под лупа стави бројни податоци што го отсликуваат животниот стандард на населението. Во апсолутен износ, никогаш како сега не биле потребни толку пари за да се закрпи дупката меѓу просечната нето-плата и […]

ССМ: Изјавата на Бесими дека зголемувањето на платите на работниците сега ќе влијае врз инфлацијата е неразумна


Сојузот на синдикати на Македонија денеска излезе со соопштение во кое реагира на изјавата на министерот за финансии, Фатмир Бесими, вработените да почекаат на зголемување на платите до 2024 година. ССМ оцени дека изјавата на Бесими оти ако се зголемат платите на работниците сега ќе има импликации на инфлацијата, е неразумна. -Оценката на министерот дека […]

„Мајкрософт“ ги замрзна платите


Една од најголемите технолошки компании во светот, „Мајкрософт“ (Microsoft) донесе одлука да ги замрзне платите на сите вработени со полно работно време како дел од мерките за штедење. Во писмото на извршниот директор Сатја Надела на „Мајкрософт“ до вработените наведува дека замрзнувањето на платите е неопходно за да се генерираат доволно пари за инвестирање во […]