Врнежи од снег на планинските превои, магла на патните правци Скопје-Тетово и Велес-Катланово


Врнежи од снег со слаб интензитет во утринските часови се бележат во Маврово и на планинските премини Буково, Ѓавато и Плетвар, но во моментот не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради магла од 100 – 150 метри има на патните правци Скопје – Тетово и Велес – Катланово. Според информациите на Авто […]

Снег го парализира сообраќајот на планинските превои


Поради врнежи од снег, вечерва е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато, соопшти Автомотосојузот на Македонија. И на патниот правец Маврово – Дебар и планинските премини Стража и Пресека има забрана за движење на камиони поради врнежите од снег.