Во Австрија спасени се 36 планинари без опрема и со мали деца. Сами ќе си ги платат трошоците


Австриската планинска спасувачка служба успешно спроведе сложена спасувачка операција во која учествуваа хеликоптери за спасување на 36 неопремени планинари од три семејства, меѓу кои и мали деца во колички, соопшти денеска полицијата во Тирол. Како дел од спонтано планинско планинарење, групата се најде во тешкотии на надморска височина од повеќе од 2.300 метри. Тргнаа од […]

Еден планинар колабирал, петмина се загубиле во магла: ЦУК со две спасувачки акции викендов на Шара


Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека добил информација од фирмата „Ескимо Фрирајд“ дека во сабота бил спасен еден планинар, кој сериозно колабрирал на високите места кај Титов Врв на Шар Планина, а денеска спасиле и извлекле во истиот планински предел загубени, во густа магла, петмина планинари, коишто се искачиле при сончево време, но […]

Во зимски услови 120 планинари се искачија на Царев Врв


Вкупно 120 планинари од Крива Паланка, Куманово, Pробиштип и Скопје, вчера го искачија вториот по височина врв на Осоговските Планини, Царев Врв, во зимски услови, во рамки на заедничката акција организирана од планинарско- спортски клуб „Калин Камен”, Крива Паланка и планинарско друштво „Хајкинг”, Скопје. – На оваа акција имаше повеќе од 120 планинари. Покрај нашите […]

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско


Полициски службеници од СВР Тетово синоќа над тетовското село Пршовце, во добра здравствена состојба, ги пронашле 12-те планинари кои се изгубиле во тетовско.  -Синоќа во 22:10 часот над село Пршовце, тетовско, по преземени мерки и организирана потрага, полициски службеници од СВР Тетово во добра здравствена состојба ги пронајдоа 12-те планинари од селата Боговиње, Лисец, Раковец, […]

Скопје домаќин на Генералното Собрание на меѓународната унија на професионлани водичи во планина


Република Северна Македонија за прв пат ќе биде домаќин на Генерално Собрание на меѓународната унија на професионални водичи во планина – UIMLA (Union of International Mountain Leaders Associations, www.uimla.org) кое ќе се одржи од 29 октомври до 4 ноември во Скопје. Како што информираат од Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина, во рамки на […]

Двајца планинари загинаа на Триглав


Словенечката полиција соопшти дека на подрачјето на планината Триглав на Јулиските Алпи пронашла тела на двајца мажи кои се државјани на Србија. Нивните тела се пронајдени при претрес на теренот со полициски хеликоптери, по исчезнувањето на планинарите во саботата, пишува словенечки Дело. Како што јави словенечката агенција СТА, станува збор за 33-годишен и 42-годишен маж […]

На Титов врв се искачија 600 учесници


Околу 600 луѓе денеска се искачија на највисоката точка на Шар Планина, Титов врв во рамки на традиционалното 41-то искачување што го организираше планинарскиот клуб Љуботен.  Сите тие ја поминаа „Вакуфска патека“ долга 14 километри со висинска разлика од 1047 метри.   -Сите планинари кои се искачија на Титов врв и безбедно се вратија на […]

Планинари од целата држава и од Грција му одадоа почит на Димитар Илиевски Мурато


Над 500 планинари, меѓу нив и околу 70 жени планинарки се искачија на Пелистер, ставија цвеќе на Димев Врв, и оддадоа почит на Димитар Илиевски Мурато, првиот Македонец кој пред 34 години го освои највисокиот врв на планетата, Монт Еверест. Традиционалниот марш кој во овој период од годината се одржува во чест и слава на […]

Планинари од Македонија и од Бугарија ги искачија врвовите Пелистер и Илинден


Маршот како што информираше претседателот на клубот се реализирал во соработка со нивни членови од соседна Бугарија. -Маршутата беше долга 22,5 километри која ја започнавме од Инфо Центар на 1350 метри надморска висина, потоа се движевме низ месностите Палиснопје, Кунина Стена, Вирој се до Врвовите Илинден на 2541 метри надморска висина и врвот Пелистер на […]

Тројца македонски планинари го искачија врвот Брајтхорн Зермат на швајцарските Алпи


Двајца планинари од Кавадарци и еден од Неготино, денеска го искачија врвот Брајтхорн Зермат на швајцарските Алпи, што се наоѓа на надморска височина од 4.164 метри.     Станува збор за кавадарчаните Гоце Попов и Весна Чемерска, членови на планинарското друштво „Орле” и неготинецот Пере Самандов.       – Немаше никакви проблеми. Планинаревме пет […]

Во Грција пронајдени телата на тројца планинари кои се воделе како исчезнати


Грција– Грчката противпожарна служба соопшти дека се пронајдени телата на тројца планинари кои се воделе како исчезнати. Тројцата планинари на возраст меѓу 50 и 55 години во саботата наутро тргнале да се искачат на планината Хелмос, висока 2.355 метри, на Пелопонез, во југозападна Грција, објави АП. Тие го паркирале својот автомобил кај ски-центарот Калаврита, во […]

Спасени двајца повредени планинари на Шар Планина


Дирекцијата за заштита и спасување вечерва објави дека успеале да спасат двајца планинари, откако околу 15 часот било пријавено дека се повредени некаде над с.Вешала, Кобилица на Шар Планина во близина на границата со Косово. -Успешно пронајдени и спасени се планинарите од страна на Екипата за брз одговор за спасување од планина. Еден од планинарите […]

Сто и двајца планинари се искачија на врвот Љуботен


Сто и двајца планинари со ноќно планинарење се искачија на врвот Љуботен и таму го дочекаа изгревањето на сонцето во 5:30 часот, во организација на планинарскиот клуб „Јелак“. Искачувањето до врвот до 2.499 метри надморска височина го започнале околу 2 часот. – Сите планинари што тргнаа успешно се искачија и вратија во планинарскиот дом Љуботен. […]

Над 500 планинари се искачија на врвот Клепа во чест на Калина и Александар


Над 500 планинари од Македонија и од планинарскиот клуб „Железничар 2006“ од Врање денеска се искачија на врвот Клепа на надморска височина од 1150 метри, во спомен на планинарите Калина Велевска и Александар Миновски кои на денешен ден пред една година загинаа на Кајмакчалан. Искачувањето го организираа општините Градско и Росоман и еколошките друштва „Грин […]

И нашето Обвинителство истражува како загинаа планинарите


Основното јавно обвинителство Скопје постапува за расветлување на настанот на планинскиот врв Кајмакчалан, во кој животот го загубија двајца македонски планинари. Надлежен јавен обвинител издал наредба до Секторот за внатрешни работи Скопје-Единица за насилен криминал за да се извршат проверки во Федерацијата на планинарските спортови на Македонија по однос на тоа кој, кога и како […]

Пропусти во спасувачката акција: Александар бил жив, Калина не покажувала знаци на живот


За случајот на македнските планинари кои ги изгубија животите на Кајмакчалан се уште постојат неодговорени прашања. Како што пренесува „Нова Македонија“  лошо организираната спасувачка акција довела до фатални последици, односно во 22 часот на 10 февруари Специјалната единица за справување со катастрофи од Солун ги пронашле Калина и Александар, кој се уште покажувал знаци на живот. […]

Сто метри им пресудија на Калина и Александар


Пензионерската тура на Кајмакчалан испадна рамна на хималајски услови, сведочат планинарите што успеаја да го преживеат саботниот кошмар на планината Ниџе, во кој животот го загубија Калина Велевска (27) и Александар Миновски (31), двајцата од Скопје. Спој на пропусти, лоша проценка, планинарска дрскост и несреќни околности влијаеле на трагичниот епилог што ја растажи земјата. Планинарите […]

Фамилиите на загинатите планинари со писмо до Планинарскиот сојуз на Македонија


Навистина е згрозувачки повикот на квази планинарското друштво „Трансверзалец„ од чие дилетанство, кое се граничи со умисла, загинаа нашите две деца Калина и Алаксандар. Цели три дена од нив не чувме јавно извинување или барем некаков израз на сочувство за прерано трагично изгубените животи. Наместо тоа, друштвото што ја организирало оваа тура под водство на […]

Телата на Александар и Калина денес пристигнаа во Македонија


Телата на загинатите планинари Калина Велевска и Александар Миновски денеска со автомобил пристигнале во Македонија. Како што дознава Фокус, погребот ќе биде во четврток. Двајца млади алпинисти од Скопје загинаа во несреќа на планината Ниџе на границата со Грција. Викенд-турата кон врвот Кајмакчалан висок 2.511 метри надморска височина заврши кобно за Калина Велевска (26) и Александар […]

„Си рековме: По смртта пепелта да ни биде расфрлена на врв“


Првичниот шок и неверување по дознавањето на веста за смртта на двајцата млади планинари на планината Ниџе, ги замени тага и очај. Семејствата, другарите, пријателите, познаниците, но и луѓе што никогаш не ги сретнале во животот, се простуваат со Калина Велевска (27) и со Александар Миновски (31), кои во саботата вечерта се искачија, но никогаш […]