Петар Атанасов не можел да се бори со ветерници, ќе си оди и од раководството на СДСМ


„Причината за мојата оставка не е тоа што не станав министер, туку неостварувањето на реформите во образованието“, вели Петар Атанасов за „Независен весник“. Тој нагласува дека голем дел од програмата која ја подготвувал со неговиот тим за партијата и за Владата не е реализиран. Атанасов открива дека пред два месеца разговарал со премиерот Зоран Заев, […]

Засега не се знае на кои факултети ќе им се стави клуч


За да се постигне квалитет во високото образование, ќе се затвораат факултети. Ваквите реформи допрва ќе следуваат, бидејќи според претседателот на Владата, Зоран Заев, во државава има повеќе факултети од средни училишта. Тој во изјава за јавноста пред десетина дена најави дека ќе биде ставен клуч за некои факултети, затоа што при вработување не се […]

Учениците од денеска се враќаат на настава


Близу 270.000 средношколци и основци денеска се враќаат на настава, по три недели зимски одмор. Почетокот на второто полугодие Владата го одложи за два дена поради континуирано зголемените концентрации на загадувачки честички во воздухот во повеќе градови во државава. Со одлуката сите учениците беа ослободени од настава, а вработените во образовните установи одеа на работа, […]

Ќе има ли работни саботи за учениците, за продолжениот зимски распуст?


Заменик-министерот за образование Петар Атанасов вели дека по препораките на Министерството за животна средина донесена е мерка децата да се ослободат од настава, односно да се продолжи распустот за два дена, а вработените во образовните установи ќе одат на работа. „Второто полугодие ќе продолжи во среда на 23 јануари. Доколку има и натаму висока загаденост, […]

Дури 26 средношколци од Скопје заминале надвор од државата од почетокот на учебната година


Иселувањето на млади не запира. Бројот на иселените брзо расте додека се чекаат приоритетните политики за младите како енергијата на општеството. Најновите податоци покажуваат дека од почетокот на учебната 2018/2019 година од средните училишта под надлежност на Град Скопје се отпишале 348 ученици, од кои дури 26 се иселиле во странство. Статистиката на Град Скопје […]

Салата готова, учениците вежбаат во училници и ходници


Учениците од скопското основно училиште „Кирил и Методиј“ во Општина Центар  часови по предметот физичко имаат во училница, во училишниот хол и надвор во дворот, кога временските услови се погодни. Новата спортска сала во училишниот двор е речиси готова, ама не се употребува. Родителите  забележуваат што целиот двор е ограничен за движење и ограден со […]

Сè помалку студенти, сè повеќе факултети


Започна постапката за формирање Агенција за квалитетот во високото образование. Одлука за тоа помина на вчерашната седница на Владата, на предлог на Министерството за образование и наука. Агенцијата, според најавите, ќе биде составена од три органи: Одбор за акредитација на високото образование, Одбор за евалуација на високото образование и директор на агенцијата. Оваа институција ќе […]

Два месеца нема настава на Филмската академија во Охрид


Студентите од Филмската академија во Охрид – ИФФА, ќе започнат правна постапка и ќе покренат заедничка, како и поединечни тужби против ресорното Министерството за образование и наука. Револтирани се дека веќе два месеца не е почната наставата за бруцошите, а дипломците од првата генерација кои веќе ги одбраниле своите магистерски тези не можат да добијат диплома, иако ги […]

Петар Атанасов ќе биде предложен за заменик министер


Пратеникот Петар Атанасов од СДСМ на 23 овој месец поднел оставка на функцијата, која треба да биде констатирана на седницата закажана за 29 август. На истата седница, како што информираат од Собранието, се очекува Атанасов да биде избран за заменик-министер за образование и наука. На местото на Атанасов, како што јавува МИА, во собраниските клупи […]

Зошто познатите лица на СДСМ бегаат од парламентот


Една од првите обврски што треба да ги заврши новиот состав на Државната изборна комисија, откако ќе биде избран, е верификацијата на мандатот на новиот пратеник на СДСМ. Тој би дошол на местото на Петар Атанасов, за кога, пак, е резервирано заменик-министерското место во ресорот „образование и наука“, кое не беше пополнето минатиот петок само […]