САД ќе развијат напредна верзија на своето тактичко нуклеарно оружје
САД ќе развијат напредна верзија на своето тактичко нуклеарно оружје Б61 за потенцијална употреба против „потешко достапни“ воени цели, објави Пентагон, јави ДПА. Американскиот Конгрес допрва треба да даде одобрение за проектот, се вели во соопштението на Министерството за одбрана. Бомбата, означена како Б61-13, ќе биде произведена од Националната администрација за нуклеарна безбедност на Министерството […]