Францускиот парламент ја суспендираше реформата на пензискиот систем


Парламентот на Франција денеска ја суспендираше непопуларната реформа на пензискиот систем од 2023 година, проект на вториот мандат на претседателот Емануел Макрон. Одлуката е донесена со 255 гласови „за“ и 146 „против“, со поддршка од социјалистите, Зелените и ултрадесничарската партија Национален собир. „Воздржани“ беа пратениците од коалициската партија на Макрон – Ренесанса, додека „против“ беа […]

Како до постабилен пензиски систем: Поголем економски раст и нови работни места, но и можност да се инвестираат средствата


 Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов учествуваше на меѓународната конференција „Одржлив пензиски систем – две децении прогрес“, во организација на Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови на Северна Македонија. Во своето обраќање истакна дека реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но, како што рече, се уште […]

Европска пензиска служба: Еден од пет Европејци е во опасност од сиромаштија во староста


Еден од пет Европејци веќе е во опасност да биде сиромашен во староста, а земјите од Европската унија треба да спроведат итна реформа на сегашниот пензиски систем, предупреди директорката на Европската служба за осигурување и пензија со седиште во Франкфурт, Петра Хилкем. -Тоа е неверојатно висок процент, а за жените ризикот е за 30 проценти […]

Синдикатот бара анализа за пензискиот систем


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во реакција на информациите за зголемување на границата за пензионирање, предлага да се преземат мерки за намалување на обемот на неформалната економија и на нерегистрираните плати и да се спречи емиграцијата на високо едуцирани млади луѓе. ССМ наведува дека е потребна повисока продуктивност за повисоки плати и потенцира дека […]

Потребни се итни реформи за одржлив пензиски систем


Пензискиот систем треба да претрпи сериозни реформи со комбинација на постепен пораст на придонесите и постепено зголемување на старосната граница за финансиски да се консолидира во следните пет до 10 години, да се преполови дефицитот во Фондот на ПИОМ и да се намалат трансферите од централниот буџет. Во спротивно неодржливоста на пензискиот систем постојано ќе […]

Пензискиот фонд нема да крахира, туку ќе создава вишоци


Првиот столб на пензискиот фонд до 2030 година нема да крахира како што предвидува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Тој ќе може сам да се одржува и да создава вишоци, покажале резултатите од симулациите направени за да се види како одделни решенија, реформи или состојби би влијаеле врз пензискиот систем, што денеска ги презентираше професорот Мирољуб […]