Европејците ќе работат подолго: Возраста за пензионирање се зголемува во две третини од членките на ЕУ


Возраста за пензионирање во Европската Унија ќе се зголеми од 64,7 на 66,9 години за мажи и од 64 на 66,6 години за жени до крајот на 2060-тите години, а околу две третини од европските земји се очекува да ја зголемат пензиската возраст за мажи, додека три четвртини ќе ја зголемат за жени, јави „Евроњуз“. […]

Не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање, вели Мицкоски


Не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање, потврди вечерва премиерот Христијан Мицкоски, додавајќи дека има можност во некои сектори за доброволно продолжување на работниот стаж, како во високото образование на пример. Мицкоски рече дека се прават анализи за реформи во неколку сектори. – Анализираме неколку модели, во неколку делови од општеството – […]

Германија ќе ги охрабрува луѓето да работат по пензионирањето, примањата до 2.000 евра ќе бидат без данок


Германската влада се согласи со нацрт-закон за охрабрување на луѓето да работат по пензионирањето, дозволувајќи им на оние кои ќе одлучат да го сторат тоа да заработуваат до 2.000 евра месечно без данок, бидејќи најголемата економија во Европа се обидува да се бори против недостигот на работна сила. Промената треба да стапи на сила на […]

Во Македонија старосниот век е понизок, добро да се размисли за зголемување на старосната граница за пензионирање


Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е прашање на кое мора да му се посвети посебно внимание, а притоа да се земат предвид демографските показатели, животниот век и квалитетот на живот. Животниот век во земјава е понизок од светскиот просек и следствено на тоа се скратува периодот на користење на пензијата, велат од пензиските друштва.  […]

Возраста за одење во пензија, засега, останува иста, но како да се пополни дупката во ПИОМ


Предлогот на Фискалниот совет да се зголеми старосната граница за пензионирање на 67 години предизвика реакции во јавноста. Од Сојузот на синдикати на Македонија го оценија ваквиот предлог како сериозно загрижувачки и наместо тоа побараа сериозни политики за зголемување на вработувањето на младите и мерки за пристојна работа со почитување на правата од работен однос […]

Предлогот на Фискалниот совет е несериозен, потребно е предвремено пензионирање, вели претседателот на ССМ


Сојузот на синдикатите на Македонија е сериозно загрижен од предлогот на Фискалниот совет за зголемување на пензискиот стаж за остварување на правото на старосна пензија на 67 години. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во изјава за МИА вели дека пензиските реформи во сериозни држави се прават врз основа на сеопфатни анализи за целокупната општествено –економска […]

Фискалниот совет предлага одење во пензија на 67 години и зголемување на придонесот за пензиско


  Фискалниот совет во Мислењето во врска со Фискалната стратегија за периодот 2025 -2029 година, предлага зголемување на старосната граница за пензионирање од сегашните 64 години на 67 години и тоа почнувајќи од 2026 година, како една од мерките која ќе придонесе стабилизирање на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Исто така, се предлага и […]

Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање


Чешката влада денеска ги одобри реформите на пензискиот систем, со кои се зголеми старосната граница за пензионирање и се намалува висината на пензиите за идните пензионери. Реформите се усвоени со цел да се заштедат милијарди долари буџетски средства, а старосната граница се поместува за седум месеци, односно од 65 години на 65 години и седум […]

Франција го усвои контроверзниот закон за пензионирање без гласање во парламентот


Франција го усвои законот за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години без гласање во парламентот. Премиерката Елизабет Борн го објави ова од говорницата на парламентот, откако францускиот претседател Емануел Макрон одлучи да дозволи одлуката да помине без гласање во Долниот дом. Елизабет Борн мораше буквално да се надвикува со пратениците […]

Царовска: Ќе се намалува старосната граница за пензионирање на рударите


Министерството за труд и социјална политика, преку Владата, ќе предложи законски измени и дополнувања со кои ќе се намалува старосната граница за пензионирање на рударите. Ова денеска во Македонска Каменица го најави минситерката за труд и социјална политика Мила Царовска на средба со рударите, менаџментот на рудникот САСА, дел од Синдикатите и градоначалничката Соња Стаменкова. – […]

Данев: Зголемената старосна граница за пензионирање ќе ја зголеми невработеноста кај младите


Зголемувањето на старосната граница за пензионирање и стапката на придонесите за ПИО, која беше најавена од страна на Зоран Заев е удар врз економијата, работодавачите и работниците. СДСМ ветуваше помали даноци и давачки од опозиција, за сега од позиција на власта го прави спротивното. Зголемувањето на старосната граница за пензионирање ќе го забави економскиот раст, […]

Тевдовски: Да се искористат сите можности пред да се зголеми прагот за пензионирање


Министерот за финансии Драган Тевдовски смета дека не треба да се посегне кон зголемување на прагот за пензионирање се додека не се искористат сите други можности. – Како човек кој доаѓа од социјалдемократска Влада сметам дека треба да се почитува тоа што кај нас има огромен број на луѓе кои имаат тешки работни места и […]