Снаа се возела во ЈСП со пензионерската карта на свекрвата


Внуци се возат со пензионерски билети на бабите и дедовците, свекрви им ги позајмуваат на снаите или, пак, маж на жена. Иако се персонализирани и имаат фотографија на нив, злоупотребата на електронските билети на Јавното сообраќајно претпријатие е во пораст. Градските контролори понекогаш дневно одземаат дури и до пет билети за возрасни или за студенти. […]