Здравственото осигурување на пензионерите го чини ПИОМ 220 милиони евра годишно: „Треба да има промена“, вели Мемов


Фондот за ПИОМ годишно издвојува околу 13,7 милијарди денари, односно повеќе од 220 милиони евра, за здравственото осигурување на пензионерите, открива директорот на Фондот, Никола Мемов, во интервјуто за Економија и бизнис. „Фондот на ПИОМ секој месец одвојува средства за здравственото осигурување на пензионерите. Оваа обврска, која се реализира согласно законското решение, претставува посебен товар за Фондот. […]

Со линеарните зголемувања пензионерите беа излажани, со методологијата на СДСМ ќе добиеја повеќе пари, вели Филипче


Пензионерите беа излажани од Мицкоски и ВМРО, со методологијата на СДСМ ќе добиеја повеќе пари доколку останеше усогласувањето на пензиите, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција. „Со последните линеарни зголемувања на пензиите во септември 2025 година и во март 2026 година од по 1.000 денари, вкупниот број на пензионери во државата […]

Тркалезна маса: На пензионерите треба да им се даде можност да работат и да ја задржат пензијата


Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) Никола Мемов учествуваше на тркалезната маса – работна сесија – „Недостигот на работна сила: Од предизвик до можност преку активно стареење и искористување на позитивни искуства“ во организација на Комората на Северна Македонија за приватно обезбедување, наведува Фондот на ПИОМ во соопштение .  Целта на настанот, […]

Пензионерите за јануари зедоа 10 денари пониска пензија


Пензионерите за јануари зедоа 10 денари пониска пензија, а дел од нив кои ја забележаа разликата се прашуваат зошто е тоа така.  Десет денари и не е некоја голема сума, но ако се знае дека во Македонија има нешто над 340.000 пензионери, тогаш се собираат над 50.000 евра. Како што појаснуваат од Фондот за пензиско […]

Герасимовски: 15 милиони денари за поквалитетен и активен живот на пензионерите во Центар


Градоначалникот Горан Герасимовски на средба со Здружението на пензионери на Општина Центар информираше за проектите и програмските активности за унапредување на животот на повозрасните граѓани во локалната самоуправа во 2026 година „Во Буџетот за  тековната година  се обезбедени 15.000.000 денари за активности и проекти наменети за нашите жители од трето доба. Целта е да им […]

Подароците на Орбан за пензионерите не ги менуваат анкетите во Унгарија


  БУДИМПЕШТА – Унгарскиот премиер Виктор Орбан можеби доби краток поттик на анкетите минатиот месец од скапиот засладувач за пензии, но се соочува со трка со времето пред изборите во април за да ја сврти стагнирачката економија доволно за да го продолжи 15-годишното држење на власта. Кандидатурата за повторен избор на Орбан ќе биде следена […]

ЈСП до пензионерите: Заверете ги билетите, по 31 јануари ќе ви бидат блокирани


ЈСП Скопје ги информира корисниците на билети за возрасни лица од „старосна група – над 62/64 години“, дека заверката на истите за 2026 година, може да се прави во сите центри за персонализација. Заверката започна од 15.12.2025 година. „Заверката се реализира исклучиво лично од страна на корисникот, со приложување на документ за лична идентификација. Сите […]

Почна заверката на пензионерските билети на ЈСП за 2026 година


Од 15 декември почна процесот на заверка на корисниците за т.н. пензионерски билет за новата 2026 година, извести ЈСП Скопје. ЈСП Скопје издаде соопштение до своите корисници на билети за возрасни лица од старосна група над 62/64 години дека заверката на истите за 2026 година може да се прави во сите центри за персонализација, започнувајќи […]

Нашиот глас допрва ќе се чуе: Пензионерите кои бараат линеарно зголемување на протест пред Уставен суд


  Пензионери кои се за линеарно зголемување на пензиите денеска се собраа пред Уставен Суд во Скопје давајќи поддршка за ваквиот начин на пресметување на нивните примања.   Зоран Трајков, претседател на иницијативниот одбор на групата пензионери кои се залагаат за линеарно покачување на пензиите, им порача да се запрашаат „каде е грижата за пензионерите […]

Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд


Пенизонерите кои се за линеарно зголемување на пензиите денеска од Штип порачаа дека во понеделник на 1 декември пензионерите од државата ќе протестираат пред Уставен Суд во Скопје, со цел како што велат да продолжи линеарното пресметување на пензиите. Тие на денешната прес-конференција повикаа на масовност, со цел заеднички да се изборат за нивните права. […]

Уставниот суд поведе постапка за линеарното зголемување на пензиите


 Уставниот суд поведе постапка за член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидско осигурување, кој се однесува на линеарното зголемување на пензиите, со кое редовното месечно усогласување врз основа на порастот на платите и трошоците за живот се заменува со еднаква распределба на средствата за сите пензионери, без разлика […]

Здружение на пензионери во Центар: Се надеваме дека одличната соработка со Герасимовски ќе продолжи


Здружението на пензионери на Општина Центар изрази надеж дека добрата соработка со актуелниот градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, ќе продолжи и во иднина. Тие информираат дека на вчерашната средба размениле повеќе идеи и предлози за подобрување на условите за пензионерите во општината. На својот официјален Фејсбук-профил, здружението напиша: „Денес градоначалникот на Општина Центар беше во […]

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Фондот на ПИО, Сојузот на здруженија на пензионери, Промедика Офталмологија и Систина Офталмологија


Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИО) Никола Мемов, претседателката на Сојузот на пензионерите Станка Трајкова и претставници од „Промедика Офталмологија“ и „Систина Офталмологија“, потпишаа Меморандум за соработка, со цел воспоставување партнерство кое ќе обезбеди поволности за корисниците на пензија. Со Меморандумот се уредува начинот на кој пензионерите ќе можат да ги користат […]

Следната недела почнува исплатата на пензиите покачени за 1.000 денари


Септемвриската пензија пензионерите ќе ја добијат со покачен износ за 1.000 денари. Исплатата ќе почне следната недела. „Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, она линеарно зголемување, а потоа ќе има и напролет, со што ќе се заокружи оној инвестициски циклус и зголемување на пензиите за пензионерите линеарно со вкупен износ за пензионер од […]

Пензионерите овде заработуваат повеќе од вработените


Пензионерите во Франција над 65 години добиваат просечно 1.626 евра месечно, што е околу два проценти повеќе од нивните колеги во работоспособна возраст, благодарение на дарежливиот пензиски систем. За споредба, пензионерите во САД заработуваат околу 16 проценти помалку од оние кои работат, при што речиси една петтина „се борат“ со трошоците за живот, додека само […]

По 2.000 денари еднократно ќе добијат 525 пензионери од Општина Бутел


Градоначалникот на Oпштина Бутел денеска го потпиша решението за исплата на еднократна финансиска помош и поддршка на пензионерите. 525 пензионери од оваа скопска општина ќе добијат финансиска помош во висина од 2000 денари. – Финансиската поддршка значи повеќе сигурност и достоинство за нашите највозрасни сограѓани! Средства што за многумина значат покривање на секојдневните трошоци.  Комисијата продолжува со […]

Тренчевска: Власта спроведува историска измама на пензионерите


Власта спроведува историска измама на пензионерите. Со последната одлука за зголемување од само за 1.000 денари, пензионерите се оштетени не еднаш, туку двапати – во септември 2025, и уште еднаш во март 2026. Зошто?, се посочува во соопштението од СДСМ од прес-конференцијата на пратеничката Јована Тренчевска. Како што наведе Тренчевска, со ваково линеарно зголемување од […]

Општина Аеродром ги вклучува пензионерите во одржување на маалата


Пензионерите кои седат дома и најчесто шетаат во блзина на своите живеалита, имаат можност да се вклучат во одржување на зеленилото, во одржување на хигиената и во чистење на јавните површини, а Општина Аеродром тоа ќе го награди.  Оваа пракса, позната од порано, но прекината повеќе години, продолжува во Аеродром, откако беше изгласана на минатата […]

По 2.500 денари утре ќе легнат на сметките на 1.388 пензионери од Кисела Вода


Започнува исплатата за пензионерите – 1388 пензионери утре на своите сметки ќе добијат финансиска помош од 2500 денари! Нашите највозрасни сограѓани се столбот на државата и нашето општество. Со почит кон нивниот труд и животен придонес, продолжуваме да градиме заедница во која секој е вреднуван и поддржан, сподели денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце […]

Проектираните приходи на пензискиот фонд не се оствариле – ќе се префрлат од Буџет


 Заради неостварување на проектирани приходи во пензиски фонд има потреба од дополнително пренасочување на средства кон ПИОМ, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска. – Станува збор за неостварување на проектираните приходи во рамки на пензискиот фонд и потреба од дополнително пренасочување на средства кон нив, од страна на буџетот. Во однос на усогласувањето […]