Годишно обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието


Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска напладне ќе има годишно обраќање во Собранието. Обраќањето на шефот на државата е согласно член 85 став 1 од Уставот, во кое ги известува пратениците за прашања од негова надлежност и е единствена точка на дневниот ред на 134. собраниска седница. Обраќањето на Пендаровски во Парламентот е последно во […]

Пендаровски-Бегај: Неопходно е двете држави да продолжат со реформите


Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, на која било изразено задоволство од континуираниот политички дијалог, како и развојот на билатералните односи меѓу двете држави, при што била нагласена обостраната посветеност кон добрососедските односи. Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, двајцата претседатели посочиле дека како сојузници во НАТО, двете држави […]

Пендаровски оценува: Каде што не владее правото – владеат парите


  За борбата против корупцијата неопходно е етичко лидерство во самите институции, мора да се инсистира на навремени истраги и на правосилни пресуди. Апелирам до сите политички чинители конструктивно да се вклучат во овој процес, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на Шестата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската унија во  Македонија (НКЕУ-МК) на […]

Пендаровски вчера испратил порака до кабинетот на Ердоган за екстрадицијата на Палевски


Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот ден испратил порака до кабинетот на турскиот колега Реџап Таип Ердоган, во врска со екстрадицијата на осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски.  Од кабинетот на Пендаровски не соопштуваат повеќе детали за содржината на пораката. Претседателот Пендаровски во интервју за „360 степени“ во понеделникот кажа дека размислува во следните […]

ИКТ индустријата со најголем раст, неопходна е стратешка поддршка од државата


 Претседателот Стево Пендаровски денеска се обратил на приемот на Управниот одбор и на компаниите – членки на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. Пендаровски, истакнувајќи дека и годинава, според официјалните податоци, ИКТ индустријата бележи најголем раст и во однос на бројот на вработени и во однос на остварените приходи, потенцирал дека државата […]

Пендаровски: Со своето дело Св. Климент Охридски остави трајно наследство коешто изобилува со духовност и со мудрост


Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, господин господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православната вероисповед. -Дозволете ми да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Св. Климент Охридски и […]

Ковачевски: Пендаровски влегува во профилот на потенцијалниот претседателски кандидат на СДСМ


СДСМ својот претседателски кандидат за изборите закажани на 24 април 2024 година ќе го бира преку дефинирана процедура, најдемократски. Актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски, ако го анализираме неговото работење во изминатите пет години, апсолутно влегува во профилот. Тој беше поддржан од коалиција која вклучуваше и албански партии, истакна премиерот Димитар Ковачевски, но не откри […]

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година


 Претседателот Стево Пендаровски на церемонија во неговиот Кабинет денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година, кое се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За „Најдобра млада научничка во општествените науки“ носителка на признанието е д-р Милка Ивановска Хаџиевска, која предава на Лунд Универзитетот во Шведска, […]

На самитот на ЕУ во декември нема да има добри вести за нас, смета Пендаровски


  Јасно е каков ќе биде исходот од декемврискиот самит на ЕУ, со оглед дека предусловот го имаме во европската преговарачка рамка, не можеме да го исполниме, тоа е очигледно. Во меѓувреме, за жал, поради тврдиот став на опозицијата, ништо не се промени во таа насока. И јасно дека во декемврискиот самит не може да […]

Пендаровски – Фон дер Лајен: Измените на Уставот се од „стратешка важност“


  Претседателот Стево Пендаровски вечерва ја прими претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која престојува во посета на Република Северна Македонија. На средбата било посочено дека уставните измени се од „стратешка важност“. Од Кабинетот на претседатеолот Пендаровски соопштија дека на средбата беше разговарано за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во […]

Доделени сертификатите на учесниците на третата Школа за политики


 Претседателот Стево Пендаровски денеска во Вила „Билјана“ во Охрид, ги додели сертификатите на учесниците на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование за 2023 година. На свеченоста, претседателот Пендаровски во своето обраќање потсети на идејата за формирање на Претседателскиот центар во 2020 година и ја издвои неговата најважна цел, а таа е да […]

Пендаровски: Да ги надминеме поделбите и да се обединиме


Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба во која вели дека како и пред 130 години, така и сега мора да ги надминеме поделбите и да се обединиме околу заедничката цел – демократска и функционална правна држава со еднакви можности за достоинствен живот и напредок […]

Измените на Кривичниот закон добро им дојдоа на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, вели Пендаровски


Претседателот Стево Пендаровски вечерва во интервју за „Клик плус“ на ТВ21 го искоментира потпишаниот указ за измените на Кривичниот законик и изнесените обвинувања од страна на опозицијата. -Опозицијата ме обвинува дека со потпишувањето на указот за измените на Кривичниот законик сум се додворувал на СДСМ и ДУИ за поддршка за втор мандат и дека измените […]

Пендаровски: Се уште сме далеку од постигнувањето на целосна рамноправност на руралната жена


Руралните жени се столб на локалната економија, придонесувајќи како земјоделки, сезонски работнички и како претприемачки, порача претседателот Стево Пендаровски на денешниот настан во Крушево по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената од руралната средина. Како што информираат од неговиот кабинет, Пендаровски посочил дека во реалноста се уште сме далеку од постигнувањето на целосна рамноправност […]

Пендаровски: Да ги зачуваме придобивките на славната антифашистичка генерација со демократска и функционална правна држава


Претседателот Стево Пендаровски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, во која порачува дека „за да ги зачуваме придобивките на славната антифашистичка генерација, мора да ја градиме Северна Македонија како демократска и функционална правна држава, со еднаквост пред законите и еднакви можности за развој и за напредок за секој нејзин граѓанин“. […]

Пендаровски: Присуството на пет илјади НАТО војници во Косово e гаранција дека кризата нема да се прелее


 Присуството на пет илјади војници на НАТО во Косово е гаранција дека кризата нема да се прелее во регионот. Добро е што Македонија, Црна Гора и Албанија се членки на НАТО, така што може да се спречи директна конфронтација на косовската и српската армија, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за Македонското радио. […]

Со измените на Кривичниот законик Груевски не се враќа во Македонија, тврди Пендаровски


Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Гласот на Америка“, прашан за измените на Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за делото злупотреба на функиција, кажа дека “со последните измени на кривичниот законик, Никола Груевски, нема да се врати во Македонија“.  -Тврдам, досега не се вратил, заради овие измени нема ни да се врати, тоа […]

Пендаровски во Њујорк ја одликуваше ООН со Орден на Република Северна Македонија


Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, вчера попладне во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски му го врачи одликувањето на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш кое се доделува за големата помош и поддршка на ОН при справувањето со последиците […]

Пендаровски: Советот за безбедност да биде проактивно ангажиран за ставање крај на војната во Украина


Најитната задача на Советот за безбедност е да биде проактивно ангажиран за ставање крај на војната во Украина, порача претседателот Стево Пендаровски вчера попладне во Њујорк во обраќањето на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност, на тема „Одржување на целите и принципите на Повелбата на ОН преку ефективен […]

Претседателот Пендаровски ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН


Претседателот Стево Пендаровски, кој ја предводи македонската државна делегација на 78. Генерално собрание на Обединетите нации денеска ќе се обрати пред Советот за безбедност на отворената дебата на тема: „Одржување на целите и принципите на Повелбата на ОН преку ефективен мултилатерализам: одржување на мирот и безбедноста на Украина“. На седницата, како што соопштија од претседателскиот […]