Ковачевски и членовите на Владата на прием кај Пендаровски


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги прими премиерот  Димитар Ковачевски и членовите на Владата. Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски утрово ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Примопредавањето на премиерската функција се одржа во Владата. Новата Влада предводена од Ковачевски беше избрана синоќа во Собранието со 62 гласа „за“, 46 „против“ […]

Пендаровски ја одложи средбата со претставниците на Македонците во Бугарија. Причина – пандемијата


  Во очигледен обид да не се напрегне ситуацијата пред посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков идната недела на Скопје, претседателот Стево Пендаровски ја одложи на неодредено време средбата со претставниците на здруженијата на Македонците од Бугарија. Причината за одложувањето била пандемијата на корона вирусот. Иако, на пример, пандемијата не беше причина за да се […]

Пендаровски и Џафери на божиќен ручек кај г.г. Стефан


Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божиќните празници и својот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан, денеска приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв. На божиќната трпеза присуствуваа претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Собранието Талат Џафери. Божиќниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. […]

Сочувство од Пендаровски за смртта на професионалниот војник на АРСМ во мисијата КФОР


Претседателот на државата и врховен командант на оружените сили Стево Пендаровски изрази сочувство за смртта на 44-годишниот професионален војник во мисијата КФОР во Косово, кој вчера ненадејно почина во Приштина.   – Изразувам длабоко сочувство до семејството по повод ненадејната смрт на припадникот на нашата Армија кој беше дел од мисијата во Косово. Армијата загуби […]

Пендаровски: Големиот празник да ни даде дополнителна енергија да се соочиме со сите неволји и искушенија


Празникот на Христовото Раѓање, Божик, нѐ потсетува дека мирот и радоста, љубовта и заедништвото, разбирањето и дарувањето се наши најголеми вредности. Да продолжиме безрезервно да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните, градејќи хармонија во домот, заедницата и во целото општество, вели претседателот на државата Стево Пендаровски во честитката  по повод големиот христијански празник Христовото […]

Пендаровски на средба со Гир: Македонија е подготвена за дијалог со Бугарија


Политичките случувања во земјава во пресрет на формирањето на новата влада, како и очекувањата и можностите за напредок во однос на европските перспективи, беа темите за кои денеска разговараа претседателот Стево Пендаровски и евроамбасадорот Дејвид Гир. Како што истакна претседателот Пендаровски на средбата во неговиот Кабинет, Северна Македонија останува фокусирана на европската агенда и подготвена […]

Пендаровски: Во 2022 година, со надеж и верба да изградиме просперитетно општество


Претседателот Стево Пендаровски, по повод новогодишните празници, упати честитка до граѓаните на Република Северна Македонија со желба за спокојни празнични денови и многу здравје во Новата 2022 година. -Испраќаме уште една година што ја поминавме со пандемијата која одзеде многу животи. Година во која во две големи несреќи загубивме многу наши сограѓани, загуби какви што […]

Османи против предлогот на Димитров решението со Бугарија да оди на проверка во Собранието


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, излезе денес со спротивен став од тој на претседателот Стево Пендаровски за спорот со Бугарија во ЕУ. Османи е цврсто убеден дека времето не работи за нас, но со ограда дека тоа не значи дека се спротивставува на оценките на шефот на државата. Главната опасност, според него, е […]

Ковачевски го доби мандатот, сега треба да ја состави владата


  На пригодна церемонија во вилата „Водно“ шефот на државата, Стево Пендаровски, денеска му го врачи мандатот за составување влада на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски со што почна 20-дневниот рок за формирање на новиот кабинет. Пендаровски рече дека мандатот го дава на Ковачевски врз основа на членот 84, став 1, алинеја прва од Уставот […]

Мицкоски го обвини Пендаровски дека бил дел од „хибриден режим“


Интервјуто на Димитар Ковачевски за Сител било „стерилно“, а Пендаровски бил дел од „хибридниот режим“ во Македонија. Така лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги оцени претседателот на СДСМ и шефот на државата за време на денешната посета на скопската општина Бутел. Мицкоски не успеал да препознае нека „политичка, лидерска реченица“ кај Ковачевски. „Имав прилика да […]

Претседателот Пендаровски неделава треба да го довери мандатот за формирање нова Влада


Откако во четвртокот Собранието ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, започна да тече рокот од десет дена во кој претседателот Стево Пендаровски треба да го довери мандатот за формирање нова Влада. Шефот на државата во телевизиско интервју истиот ден изјави дека очекува мандатот на мандатарот да му го додели во вторник или среда. –  […]

Пендаровски брифиран за подготвеноста на Армијата: Успешно положен тестот од првата годишнина како членка на НАТО


Пред претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Домот на Армијата во Скопје беше презентирана состојбата со борбената подготвеност на Армијата на Република Северна Македонија во тековната година, кое е редовна обврска на началникот на Генералштабот кон врховниот командант. На брифингот, од страна на началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и директорот на […]

Пендаровски очекува во вторник или во среда да го даде мандатот за формирање нова влада


Претседателот на државата Стево Пендаровски очекува предавањето на мандатот на новиот мандатар да се случи следниот вторник или среда. Тој вечерва изјави дека до него е стигнат дописот од Собранието за оставката на Заев, но рече дека му е потребен уште еден допис од партијата која има мнозинство за да може да го даде мандатот. […]

Пендаровски за Бугарија: Брзањето не е секогаш сојузник


  Претседателот Стево Пендаровски смета дека во  решавањето на спорот со Бугарија  не треба да се брза, затоа што, како што вели, кога сте соочени со предизвик од таков калибар, брзањето не е секогаш најдобриот сојузник. Наместо тоа, нагласува Пендаровски, треба да се работи на клучните реформи дома од кои зависи квалитетот на животот на […]

(Видео) Обраќање на претседателот Стево Пендаровски


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати пред пратениците во Собранието. Пендаровски, како што е најавено на веб-страницата на законодавниот дом, ќе го одржи своето обраќање пред пратениците во рамки на 56. собраниска седница. Обраќањето на шефот на државата, според агендата, објавена на собранискиот-сајт е најавено за 12 часот.  

Пендаровски ја посети Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“


Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и се запозна со состојбите и со работата на оваа институција која го собира, обработува, штити и чува македонското културно наследство. Претседателот Пендаровски направи обиколка на сите читалници во библиотеката и се запозна со состојбите во кои се наоѓаат, го посети новоизградениот дел […]

Пендаровски контра Петков: Шест месеци се премногу за решавање на спорот со Бугарија


За претседателот Стево Пендаровски е прифатлив предлогот на новоизбраниот бугарски премиер, Кирил Петков, историјата да не биде единствениот фокус на разговори, но смета дека најавениот период од шест месеци за надминување на спорот, е долг бидејќи, како што кажа, спорот можело да се реши побрзо. „Мене ми е прифатлив пристапот на новиот бугарски премиер кој […]

Претседателот Пендаровски пристигна во официјална посета на Косово


Косово – Шефот на државата Стево Пендаровски утрово пристигна во Приштина во официјална посета на Косово, каде беше пречекан со највисоки државни и воени почести од неговата косовска колешка Вјоса Османи-Садриу. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Приштина, по официјалниот пречек, Пендаровски и Османи-Садриу одржаа тет-а-тет средба, по што се одржа пленарен состанок на […]

Претседателот Пендаровски утре во официјална посета на Република Косово


Шефот на државата Стево Пендаровски, утре ќе престојува во официјална посета на Република Косово. Тој во Приштина ќе има средби со неговата колешка претседателката на Косово Вјоса Османи-Садриу, со претседателот на Парламентот Глаук Коњуфца и со премиерот Албин Курти. Како што соопштија од неговиот кабинет, претседателот Пендаровски со државни и воени почести ќе биде пречекан […]

Пендаровски прими трета доза вакцина против Ковид-19


Претседателот Стево Пендаровски денеска, заедно со вработените во Кабинетот ја примија третата доза вакцина против коронавирусот. -Да бидеме одговорни, да го заштитиме своето здравје и здравјето на другите, пишува Пендаровски на својот фејсбук-профил. Тој додава дека масовната вакцинација е најсигурен и најбезбеден начин за справување со КОВИД-19.