Земјотрес со јачина од 4,7 степени во близина на грчкиот град Каламата на Пелопонез


Умерен земјотрес со јачина од 4,7 степени беше регистриран претпладнево во близина на грчкиот град Каламата на Пелопонез, а засега не се пријавени никакви проблеми, јави дописничката на МИА од Атина. Десетина минути подоцна следеше уште еден, помал земјотрес со јачина од 2,5 степени со ист епицентар. Претседателот на Организацијата за планирање и заштита од […]

На Пелопонез измерени речиси 46 степени Целзиусови


Највисоката температура во Грција денеска достигна 45,8 степени Целзиусови измерени во Скала во општина Месиниа на Пелопонез, а околу 85 отсто од вкупното население на земјата искуси максимални температури над 39 степени Целзиусови, според податоците на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина. Во текот на денешниот ден температурата […]

Голем пожар на Пелопонез, загинаа две лица


 Две лица го загубија животот во големиот пожар во северниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез во близина на градот Ксилокастро, а противпожарните сили цела ноќ се бореа со огнените јазици, додека утрово ситуацијата е подобрена, јави дописничката на МИА од Атина. Доцна синоќа им се загубила трагата на двајца мажи на возраст од 35 и […]

Државјанин на Северна Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба во дом на Пелопонез


Државјанин на Северна Македонија, кој издржувал затворска казна, но по добиената неколкудневна дозвола за излез пред три месеци, не се вратил во затвор, уапсен е во централниот дел на Пелопонез по извршена кражба во дом заедно со уште едно лице, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за 45-годишен маж со „богато“ криминално досие […]

Одредена мерка притвор за уапсените за несреќата со мигрантите кај Пелопонез


Мерка притвор им е одредена на деветтемина уапсени Египќани за несреќата со мигрантите минатата седмица во морскиот дел во близина на Пелопонез, под сомнение дека се криумчари, јави дописничката на МИА од Атина.  Уапсените вчера беа изведени пред истражен судија и обвинител во грчкиот град Каламата, а според грчката новинска агенција АНА-МПА по маратонското сослушување […]

Почнаа сеизмичките истражувања за наоѓалишта на природен гас во Грција


 Бродот за сеизмички истражувања за наоѓалиштата на природен гас југозападно од Пелопонез и Крит, тргна. Ги поставува каблите со подводните слушалки, од кои добива информации за брановите за да може да ги одреди геолошките структури, откри министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, јави дописничката на […]

Пожар на Пелопонез, превентивно евакуирани четири села


Подобрена е ситуацијата со пожарот што вчера избувна во западниот дел на Пелопонез, а синоќа, превентивно беа евакуирани жителите на четири села, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката противпожарна служба, во пожарот интервенираат 195 пожарникари со седум пешадиски тимови и 48 возила, два авиона и два хеликоптера, а помагаат волонтери пожарникари и цистерни […]

Силен земјотрес на Пелопонез


Земјотрес со интензитет од 5,5 степени по Рихтеровата скала го погоди утринава во западниот дел на Пелопонез. Епицентарот на земјотресот бил на 37 километри југозападно од Пилос, на длабочина од 30 километри. Нема податоци за повредени или материјална штета.