Мерџановски: Со владин авион во Скопје транспортиран пациент повреден на одмор во Турција


 Пациент од Скопје кој се здобил со сериозна повреда на рбетниот мозок за време на одмор во турското летувалиште Кушадаси е транспортиран во земјава со владин авион и е хоспитализиран на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување (ТОАРИЛУЦ), истакна директорот на клиниката, д-р Игор Мерџановски. Тој информира дека пациентот се […]

МЗ: Нема промена на состојбата на повредените во Кочани што се лекуваат во странство


На лекување во странство во моментов се наоѓаат 69 пациенти од повредените во трагедијата во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, информираа денеска од Министерството за здравство (МЗ), додавајќи дека нема промена на нивната состојба во споредба со претходните денови. Непроменета, велат од Министерството, е и состојбата на критичните пациенти, кои според информациите објавени вчера се […]

Пациент од повредените во пожарот во Кочани се враќа од Австрија, странски тимови за рехабилитација пристигнаа во нашите центри


Министерството за здравство информира дека еден пациент од повредените лица од пожарот во Кочани, кој беше хоспитализиран во медицински центар во Австрија, денеска се враќа во државава, по што согласно протоколите, ќе биде задржан под 24-часовен надзор. Во државава се пристигнати и странски тимови за рехабилитација на пациентите. – Со тоа, во странските медицински центри […]

Пациент кој се лекуваше во Грција се врати во државава


Дваесет и двегодишен пациент кој беше повреден во пожарот во дискотеката во Кочани, а кој се лекуваше во Атина, вечерва се врати во државава. Вечерва се очекува во земјава да пристигнат и четворица пациенти од Шпанија. Министерот за здравство Арбен Таравари, кој заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го пречекаа […]

Српскиот Парламент почна седница со едноминутно молчење за загинатите во Кочани


Собранието на Србија денеска ја продолжи првата редовна пролетна седница, а седницата започна со едноминутно молчење за загинатите во пожарот во дискотека во Кочани, јави МИА од Белград. На крајот на седницата треба да биде објавена оставката на премиерот Милош Вучевиќ, но не се знае дали тоа ќе се случи денеска. Седницата почна на 4 […]

ДСЗИ: Информација по извршениот инспекциски надзор за починатиот пациент од Берово


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира дека по допрен глас за починат пациент од Берово после хируршка интервенција на заб, извршен е вонреден инспекциски надзор во сите здравствени установи каде се јавил на преглед во врска со здравствената состојба која завршила со смртен исход – матичен стоматолог, матичен лекар и Итна медицинска помош Берово, […]

Напаѓачот во болницата во САД дошол да го убие лекарот што го оперирал


  Вооружениот напаѓаќ кој усмрти четворица цо болницата „Свети Францис“ во Тулса, САД, го убил лекарот кој му го оперирал `рбетот, кажа шефот на полицијата во Тулса, Вендел Френклин. Мажот кој пушаке во болничкиот кампус се вика Мајкл Луис, а во текот на нападот, убиена е уште една докторка. Луис користел иста полуавтоматска пушка како […]

Пациент на неврохирургија фрлал предмети кон пациент и болничар, па скокнал од втори кат


Синоќа околу 21 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Клиника за неврохирургија било пријавено дека Б.З.(62) од Свети Николе, кој бил пациент во клиниката, со тврди предмети, кои ги нашол во собата, фрлал кон пациентот С.В.(66) од с.Колари, кичевско. Потоа, болничарот Н.Б.(23) влегол во собата со цел да ја смири ситуацијата, […]

Времена забрана за ординацијата во која е третиран починатиот пациент од сепса


Државниот санитарен и здравствен инспекторат изрече времена забрана за вршење на здравствена дејност на ПЗУ специјалистичка ординација по пластична и реконструктивна хирургија „Др. сци. мед. К. Митаноски“ во општина Аеродром. Забраната е изречена по извршен вонреден инспекциски надзор поврзан со починатиот пациент во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“, кој бил третиран во операционата сала на оваа […]