Обновен патот Битола-ГП Меџитлија, инвестиција 3,6 милиони евра


Со инвестиција од 3,6 милиони евра обновен е државниот пат од Битола до ГП Меџитлија, во должина од 12,7 километри,  а за  изградба на автопатот Битола Прилеп почната е постапката за пренасочување на сообраќајот на дел од постоечкиот пат.  На официјалното пуштање на патот, во присуство на премиерот Димитар Ковачевски, министрите за транспорт и врски […]

Прекинат сообраќајот на патот Прилеп – Росоман кај мотел „Дреново“ поради сообраќајка


На регионалниот пат Прилеп – Росоман, кај мотел „Дреново“, поради сообраќајна незгода, сообраќајот е во целосен прекин, соопштија попладнево од АМСМ. Сообраќајот е во целосен прекин од 15 часот.

Локалниот пат околу Мавровско езеро утре ќе биде затворен за сообраќај поради трка


Локалниот пат од селото Маврово до селото Леуново утре ќе биде целосно забранет за сообраќај заради одржување на велосипедска трка. Полицијата ќе преземе мерки за обезбедување на настанот ќе го регулира сообраќајот. Од СВР Тетово информираат дека утре од 9 до 16 часот и 30 минути на потегот од село Маврово до село Леуново ќе […]

Со 7,5 милиони евра се рехабилитира автопатот Скопје-Тетово


Владиниот прв вицепремиер Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заменик министерот Беким Реџепи, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионални патишта, Костадин Ацевски, денеска извршија увид на рехабилитација на автопатската делница А2 или од Скопје – Тетово. Според […]

Пуштен за сообраќај влезот во Охрид, се отвора делницата од клучка „Петља“ до Подмоље


Денеска од 11 часот, пред истекот на дадениот рок, за редовен сообраќај ќе биде пуштена во употреба делницата од магистралниот пат Охрид-Кичево, на потегот сообраќајна клучка „Петља“ до Подмоље која, поради градежни работи, од минатиот месец, беше затворена за сообраќај, информира СВР Охрид. – Со тоа престанува да важи задолжителниот времен режим за сообраќај и […]

Од утре изменет сообраќаен режим на делницата Демир Капија – Неготино поради градежни активности


АМСМ известува дека од утре почнуваат градежни активности на државен пат А1, делница Демир Капија – Неготино, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај. На оваа делница од утре ќе има пренасочување на возилата од едниот коловоз на другиот, на кој движењето во должина на два километри ќе се одвива во две […]

Поради протест, блокиран сообраќајот на патот Гостивар-Маврово кај националниот парк Бунец


АМСМ информира дека поради протест ќе има времен прекин на сообраќајот кај националниот парк Бунец. „Во 10 часот, на патниот правец Гостивар-Маврово кај национален парк Бунец, започнат е јавен собир на околу 100 од жители од с. Горна Река. Сообраќајот е блокиран“, соопшти АМСМ.

Сообраќајка кај Стамер, возилата пренасочени по стариот пат Делчево – Тработовиште


Поради сообраќајна несреќа во атарот на село Стамер, сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово во моментот е пренасочен преку стариот пат Тработивиште – Делчево, информираа од кол центарот на СВР Штип, а информацијата ја потврдија од делчевската полиција.   Според информациите на Итната медицинска помош која интервенирала на терен во несреќата учествувале […]

Нема да биде затворен патот од село Виничани до Градско за претстојните празници


Патниот правец од село Виничани до Градско за претстојните празници (14, 15, 16 и 17 Април 2023) нема да биде затворен, но патниот правец е во изградба и брзината на движење е прилагодена на 40 км/ч. Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на […]

Тинејџер со возило излетал од патот Охрид-Св. Наум, повредени тројца


Ноќеска, 20 минути по полноќ, во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум во Охрид, патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.С.(18) од Охрид излетало од коловозот. По несреќата, возачот М.С. и сопатниците К.Т.(22) и Т.В.(34), двајцата од Охрид, биле пренесени во специјалната болница „Св.Еразмо“, каде на М.С. […]

Магла на неколку патни правци


Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 50 метри вечерва има на патниот правец Скопје – Желино – Тетово – Гостивар, до 100 метри на патот Македонски Брод – Кичево и од 50 до 100м. на патниот правец Неготино – Демир Капија, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските […]

Ковачевски: Ивестираме во патната инфраструктура и во развој на економијата


Запазени се сите рокови и завршена е втората делница од експресниот пат Дреново- Фариш на патот Прилеп-Градско, констатираа при денешниот увид на работите премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик- директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Благојче Трпевски. Тунелот Фариш кој беше еден од најтешките делови на оваа траса […]

Објавен повик за реконструкција на 14 улици во седум општини


Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за реконструкција на 14 улици во седум општини, во рамки на Проектот за „Поврзување на локaлни патишта во општините”. -За општина Кавадарци, јавниот повик се однесува за реконструкција на четири улици и тоа  „Максим Горки„, „Слога“, „Велко Влаховиќ“, „Димката Ангелот Габарот“. За општина Градско, јавниот повик се […]

Регионалниот пат Велес – Градскo затворен за сообраќај во наредните девет месеци


Делницата Велес – Градскo на регионалниот пат Р1102, од утре па во наредните девет месеци ќе биде затворена за сообраќај поради градежни работи, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема […]

Почна обновата на делница од регионалниот пат меѓу селата Робово и Муртино во Струмица


Со поставување израмнителен слој асфалт денеска почна реконструкцијата на делница од регионалниот пат меѓу селата Робово и Муртино во должина од 3,5 километри. На почетокот на работите увид оствари министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој истакна дека реконструкцијата на овој патен правец е од големо значење за граѓаните во овој регион, кој е […]

Нормализиран сообраќајот на неколку патни правци


 АМСМ информира дека попладнево е нормализиран сообраќајот на неколку патни правци, кои беа затворени поради протест и блокада. Во 13:40 часот е нормализиран сообраќајот кај новата патарина „Кадрифаково“ на патот Штип – Скопје. Во 14:00 часот собирот кај Плетвар завршил и сообраќајот е нормализиран. Во 14:00 часот на патот Струмица – Радовиш кај село Василево, […]

Почна обновата на 19 километри од патот Прилеп-Градско


  Почна поставувањето нов асфалт на делницата од Фариш до Прилеп на магистралниот пат Прилеп-Градско. Тоа значи дека ќе се обноват 19 километри од оваа делница на патот, а зафатот ќе чини околу четири милиони евра. Според министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми направи […]

Со пари од ТАВ се прави пат во Сарај


Премиерот Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер Артан Груби ја посетија Општина Сарај, по повод реконструкцијата на патот Буковиќ-Раовиќ, еден од 94-те инфраструктурни проекти од ТАВ програмата во износ од 49,7 милиони евра. Патот Буковиќ-Раовиќ е во завршна фаза на реализација, долг е шест километри и ги поврзува двете села. Износот на инвестицијата е 748 илјади […]

Вториот дел од експресниот пат Градско-Прилеп се очекува да биде готов следната година


Интензивно се одвиваат градежните активности за изградба на експресниот пат Градско–Прилеп, кој е еден од најзначајните патни правци во државата каде дневно поминуваат и над 6 илјади возила од сите категории, изјави премиерот Димитар Ковачевски, при увидот во изградбата на втората фаза од експресниот пат, на потегот Фариш-Дреново, соопшти денеска владината прес-служба. Ковачевски информираше дека […]