Бројот на превезени патници со автобус намален за 8,5 проценти, во меѓународниот превоз за 53,3 проценти


Во четвртото тримесечје од 2025 година вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 10.055.000 и е намален за 8,5 проценти во однос на четвртото тримесечје од 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика.  Во меѓународниот превоз бројот на превезени патници е намален за 53,3 проценти, во градскиот за 10,4 проценти, во […]

Со такси лани превезени 15,8 милиони патници


Со такси-превозот, во 2024 година се превезени 15 838 000 патници, од кои 14 670 000 во градскиот, а 1 168 000 патници во меѓуградскиот превоз, покажуватт податоците на Државниот завод за статистика. Со 1698 патнички автомобили се изминати вкупно 51 250 000 километри, од кои 45 149 000 во градскиот превоз, а 6 101 […]

Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година


Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 10 989 илјади во четвртото тримесечје од 2024 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 1.6 %, соопшти Државниот завод за статистика. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 0.3 %, во приградскиот […]

Аеродромот во Тирана годинава превезе 10 милиони патници, скопскиот три


  Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во вчерашниот разговор за емисијата „Само вистина“ на Канал 5 најави дека до крајот на годината ќе имало уште шест нови линии од скопскиот и охридскиот аеродром. Тоа ќе значи зголемување на поврзаноста на Македонија со светот. Бидејќи, како што самиот изјави, имал „натпреварувачки дух“, Николоски ги […]

Помалку превезени патници во патниот превоз во третото тримесечје


Вкупно 9 433 илјади патници биле превезени во патничкиот патен превоз во третото тримесечје од 2024 година, што е за 6.9 % помалку во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика. Според видот на превозот, бројот на превезените патници е намален во градскиот превоз за 7.4 %, во приградскиот за 10.4 %, […]

„Фридрих Еберт“: Од сите земји во ЈИЕ најмногу млади луѓе од Македонија, 42.67 отсто сакаат да ја напуштат државата


Истражување на „Фондацијата Фридрих Еберт“покажа дека од сите земји во Југоисточна Европа, најмногу млади луѓе од Македонија, 42,67 отсто од нив, изразиле желба да ја напуштат земјата поради лошиот социјален, животен и економски стандард и услови. Според резултатите од „Студијата за млади луѓе од Југоисточна Европа 2024“, следното место на таа листа го зазема Босна […]

ЕУ усвои нови мерки за олеснување на патувањата на лицата со посебни потреби


Советот на ЕУ усвои две нови директиви кои имаат за цел да им ги олеснат патувањата на лицата со посебни потреби низ територијата на Европската Унија. Станува збор за директивите за воведување на европска картичка за инвалидитет и на европска паркинг картичка за лицата со посебни потреби.  Според Советот на ЕУ, овие картички ќе обезбедат […]

Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал


Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз во првото тримесечје од 2024 година изнесува 10.766.000 и во однос на истиот период од претходната година е намален за 17,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 22,2 отсто, во приградскиот […]

Во третото тримесечје од 2023 година вкупно превезени над 11 милиони патници


Во третото тримесечје од годинава во патниот, железничкиот и воздухопловниот сообраќај во земјава вкупно се превезени 11.202.904 патници од кои 941.000 патници во патниот патнички превоз, 9.190 000 во градско-приградскиот, 56.000 во железничкиот и 1.015.904 патници во воздухопловниот превоз. Според податоците на Државниот завод за статистика, во патниот патнички превоз вкупно се превезените 941.000 патници […]

Зголемен бројот на патници на двата аеродроми во земјава


  Бројот патници на двата меѓународни аеродроми во земјава за периодот јануари-септември оваа година достигна 2,65 милиони, што е за 30,2 насто повеќе во споредба со истиот период од минатата година, соопшти денеска „Aeroports de Paris“ (АДП). Само минатиот месец бројот патници на ародромите во Скопје и Охрид достигна 308.555, што е за 17,9 проценти […]

(Видео) Пристигнаа евакуираните македонски граѓани од Израел


Македонските државјани кои беа евакуирани од Израел пристигнаа денеска со бесплатен авионски превоз на Меѓународниот аеродром во Скопје. Авионскиот превоз со чартер лет, на релација Тел Авив – Скопје, беше организиран согласно одлуката донесена од страна на Владата, заради евакуација на сите државјани на Република Северна Македонија кои сакаа да го напуштат Израел и кои […]

„Кореја ер“, освен багажот, ќе ги мери и патниците


 Јужнокорејската национална авиокомпанија „Кореја ер“ почна да ја мери и тежината на патниците, заедно со багажот при качувањето на авионот. Во соопштението на компанијата се наведува дека тоа сѐ тоа е согласно решението на Министерството за инфраструктура и транспорт на Јужна Кореја, коешто со оваа одлука цели кон поголема безбедност во воздушниот сообраќај. Станува збор […]

ТАВ Македонија со 41 отсто повеќе патници во првата половина од годинава


Преку Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле Охрид во првата половина од годинава се превезени 1.338.406 патници што претставува годишен пораст од 41 отсто, соопшти денеска концесионерот на аеродромите ТАВ Македонија.  Споредено со 2019 година, која што се смета за референтна година во авијацијата, бидејќи беше најсилната година од аспект на патнички сообраќај […]

За десет години Албанија ја напуштиле 500 илјади граѓани, бранот продолжува


Најмалку 500 илјади Албанци ја напуштиле земјата во период од една деценија, односно од 2010 до 2020 година.   Ова се официјалните податоци објавени од албанскиот институт за статистика, ИНСТАТ и ЕУРОСТАТ, додека бројот на оние кои ја напуштиле земјата повеќе од сигурно е многу поголем.   Германија е една од земјите која е најпосакувана […]

Судот на ЕУ: Треба да се ограничи собирањето на податоци за патниците во авиосообраќајот


Собирањето податоци за патниците во авиосообраќајот во Европска Унија поради борбата против криминалот мора да биде ограничено само на неопходно, одлучи Судот на правдата на Европската унија (ЦЈЕУ), повикувајќи се на основните права. Директивата за евиденција на податоци за патници (ПНР), усвоена во 2016 година, им дозволува на полицискиот и судскиот персонал да пристапи и […]

Нови услови за влез во Грција


  Грција ги ажурираше протоколите за влез во земјата. Според новите правила, влезот во Грција за потполно вакцинирани луѓе е овозможен без поседување негативен тест пред патувањето. Ова може да биде навремена одлука пред претстојните празници и одморите. Управата за воздухопловство на Грција ја објави ажурираната директива која дозволува исклучок од тестирање. Исто така, потврдите […]

Нови правила за влез и во Шведска


  Поради ширењето на корона вирусот особено на сојот микрон, се повеќе земји ги менуваат правилата за влез. Меѓу нив и Шведска. Имено, од 28 декември, сите патници кои се постари од 12 години, а влегуваат во Шведска мора да приложат негативен ОЦР тест, без оглед дали се вакцинирани или не, или имаат потврда за […]

Над милион патници преку аеродромите во Скопје и Охрид за половина година


Преку Меѓународниот аеродром Скопје и охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, во првите шест месеци од годинава, се превезле 1.041.583 патници, што претставува годишен пораст од 21 процент, во споредба со првата половина од минатата година, објави денеска ТАВ Македонија, концесионерот на аеродормите во Скопје и Охрид. Во истиот период, од јануари до јуни годинава бројот […]

(ВИДЕО) Пожар во автобусот со број 2 на „Партизанска“


Пожар избувна во автобусот со број 2 што вози по улицата „Партизанска“. Повредени нема. Патниците во паника се симнаа кај трговскиот центар „Антико“ во Карпош 4. Тие сведочат дека неколку станици мирисало на оган и ненадејно избувнал чад од автобусот. Веднаш пристигнаа полициска и противпожарна екипа. Погледнете:

Намален бројот на превезени патници во патниот превоз


Бројот на превезени патници во патниот  превоз во првите три месеци од годинава бележи намалување од 1,2 проценти, објави Државниот завод за статистика.  Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 4,5 отсто, во приградскиот превоз за 1,6 отсто, во меѓународниот превоз за 6,4 отсто, додека во меѓуградскиот превоз […]