Бродосопственици предупредуваат дека патарини во Ормуз би ја загрозиле глобалната трговија


 Осум од најголемите светски бродски здруженија ги повикаа Обединетите нации да се спротивстават на можното воведување патарини во Ормуската Теснина, предупредувајќи дека таков потег би можен да ја загрози меѓународната трговија и да предизвика раст на цените на енергијата. Во писмото упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и генералниот секретар на Меѓународната поморска […]

М-таговите стануваат подостапни за граѓаните, наплата на патарините преку банкарска или телефонска сметка


М-таговите за наплата на патарините отсега ќе бидат достапни и преку двата најголеми мобилни оператори во земјата – „А1 Македонија“ и „Македонски телеком“. Ќе може да се купат на 24 рати за месечен износ од 49 денари, а наплатата на патарините ќе се врши преку банкарската сметка на корисникот или преку сметката за мобилни услуги. […]

Од денеска M-TAG уредот за електронско плаќање патарини и во продажните места на Телеком


Од денес, M-TAG уредот за електронско плаќање патарини е достапен во продавниците на Македонски Телеком, соопшти компанијата. Со овој уред, поминувањето низ наплатните рампи е брзо, без чекање, а патувањето е пократко, со помалку гужви и без потреба од готовина. Уредот е достапен за сите и може да се набави во Т продавниците. Цената на […]

Од патарини лани биле наплатени над 67 милиони евра, М-ТАГ ќе биде достапен и во малопродажба


 Од наплата на патарини од почетокот на минатата година заклучно со 23-ти декември остварен е промет од 4.158.914.362 денари (67.624.624 евра). – Според досегашниот остварен промет, 2025-та ќе биде рекордна ако се има предвид фактот што, заклучно со 23.12.2025, остварениот вкупен промет е веќе зголемен во однос на претходно рекордната наплата од 2024 година и […]

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот


Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата се очекува да се зголеми со надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг – преку широка мрежа на малопродажни објекти низ целата […]

Левица предлага намалување на патарините за 50 отсто


Пратеничката група на Левица предлага измени и дополнувања на Законот за јавните патишта со кои ќе се овозможи намалување на цените на патарините за 50 отсто и законска регулација на висината на патарината и нивната наплата, изјави пратеникот Амар Меџиновиќ. -Со години македонските граѓани плаќаат високи цени за патарини, додека патиштата остануваат во катастрофална состојба. […]

Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра


На патарините во државава лани е регистрирана  фреквенција на 62.662.988  возила, а наплатата изнесува 99,2 проценти.  Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) денеска соопшти дека 2024 година ја заокружи со остварен приход од над 66.5 милиони евра по основ на наплата на патарини. Во споредба со 2023 година тоа се 270 милиони денари или над […]

Се намалуваат цените на пет патарини на автопатот Солун – Атина


За околу три евра поевтино ќе биде патувањето со автомобил меѓу Солун и Атина со намалувањето на цените на пет патарини во централна Грција, што вчера го соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Намалувањето на цените за 17 отсто за лесните возила и пет проценти за тешките, што ќе трае […]

Од понеделник сезонски поскапуваат патарините во Хрватска


Од понеделник, 1 јули, поскапуваат патарините во Хрватска, објавија Хрватските автопати. Станува збор за сезонско поскапување кое не се применува во последните четири години. Како што соопштија, во периодот од 1 јули до 30 септември повторно ќе се воведат сезонските цени на патарините за возилата И.А., И. и II. групи возила, додека за тешките возила […]

Србија од 2024 година ќе наплаќа патарини на магистралните патишта за камиони над 7,5 тони


 Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, најави дека идната година, 2024, во Србија ќе почнат да се наплатуваат патарини на државните патишта од прва Б класа (магистрални патишта) за камиони со тежина над 7,5 тони, јави дописникот на МИА од Белград. -Ќе вршиме наплата на фреквентни патишта само за тешки товарни возила […]

Патарините во Македонија и во Србија електронски може да се плаќаат со еден уред


Поминувањето на патарините во Македонија и во Србија од сега ќе биде многу поедноставно и побрзо откако денеска на наплатната рампа „Прешево“, беше промовиран заедничкиот интегриран електронски систем за наплата како еден од проектите во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. За сега ваквиот начин на електронско плаќање со еден уред може да се користи во […]

(Во живо) Ковачевски и Брнабиќ го промовираат интегрираниот електронски систем за наплата на патарините


Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ го промовираат заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините. Станува збор за брзо и ефикасно плаќање на патарините во Северна Македонија и Србија со помош на посебен ТАГ уред за бесконтактно електронско плаќање на патарина, кој успешно функционира и овозможува […]

Ковачевски и Брнабиќ ќе го промовираат интегрираниот електронски систем за наплата на патарините


Заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините ќе биде промовиран денеска на наплатната рампа Прешево – мобилно продажно место. Системот ќе го промовираат премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, а ќе бидат присутни и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и Горан Весиќ, министерот за градежништво, […]

Пред 36 години отворена првата патарина – лани транзитирале 52 милиони возила


Низ патарините на коридорите 8 и 10 лани транзитирале 52 милиони возила при што е остварен вкупен приход од 53.242.070 евра што претставува зголемување за 15 проценти. Граѓаните се уште го преферираат плаќањето во готово со нешто над 55 проценти, но во подем е и електронската наплата која учествува со околу 30 проценти во вкупната […]

Одлука за подобрување на протокот на лица и стоки преу македонско-српската граница


Владата ја разгледа и усвои Информацијата за Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија, за мерките за подобрување на движењето на лица и стоки преку заедничката државна граница и го прифати усогласениот текст на овој Меморандум. Целта на Меморандумот, според предлагачот, Канцеларијата на претседателот на Владата, е заеднички […]

Од патарини лани наплатени 53,2 милиони евра, за 6,6 милиони повеќе од 2021 г.


На наплатните станици во државава лани е остварен промет во износ од 3.274.387.335 денари (53.242.070 евра), информираат за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Ланските приходи се за 6,6 милиони евра повеќе во однос на тие во 2021 година кога изнесуваа 46,4 милиони евра. На новите патарини, пуштени на 18 јули лани, Преод […]

Не се направени анализи во која насока треба да одат цените на патарините, вели Бочварски


  Во овој момент немаме направено дополнителни анализи за тоа во која насока треба да одат цените на патарините. Во регионот во некои држави цените на патарините растат, кај нас остануваат исти, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на новинарско прашање дали ќе има поскапување на патарините. Според него, во овој момент е […]

Поскапуваат патарините во Србија – од 1 јануари сметките повисоки за девет отсто


Патарините во Србија од 1 јануари ќе се зголеми за девет отсто, објавија „Путеви Србије“. – Девет отсто поскапување на патарините ќе има од 1 јануари, тоа беше одлучено, а Владата на Србија ја одобри таа одлука минатата недела. Ако сега патарината од Белград до Ниш беше 1.000 динари, по поскапувањето ќе биде 1.090 динари, […]

Со ист ТАГ уред низ Македонија, Србија и Албанија: Од септември електронска патарина на Отворен Балкан


Правните служби на три компании за наплата на патарина во Србија, Северна Македонија и Албанија работат на подготовка на договор за експлоатација на електронската наплата на патарина на Отворен Балкан, а потпишувањето се очекува на почетокот на септември, изјави за Танјуг, Зоран Дробњак, директор на Патишта на Србија. Според него, комплетниот развој на системот за […]

Бочварски: Се разработуваат можности за намалување на цените на патарините


Како Влада разработуваме модалитети и можности за тоа колку може и дали е можно да се намалат цените на патарините. И од тој аспект ние разработуваме модалитети кои ќе бидат одржливи, изјави вечерва министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тој посочи дека ќе се работи на патарините кон Тетово и Гостивар за да се […]