До крајот на септември ќе почне да се користи еден ТАГ помеѓу Србија, Северна Македонија и Албанија


  Министерот за транспорт и врски на Северна Македонија, Благој Бочварски, во рамки на Самитот на лидерите на Отворен Балкан оствари средба со српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Томислав Момировиќ, на која се разговараше за заеднички инфраструктурни проекти и за Отворен Балкан (ОБ) електронска наплата на патарина на автопатиштата на земјите членки на […]

Од денеска во функција наплатните рампи на автопатот Миладиновци-Штип


Од денеска треба да бидат ставени во функција наплатните рампи Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци- Штип. На наплатните рамки, како што најави Јавното претпријатие за државни патишта, целосно ќе функционира електронскиот систем за наплата на патарина. Оттаму во четвртокот информираа дека првите две ленти од десно ќе бидат за возилата кои користат М-таг електронски […]

Како ќе изгледа наплатата на патарините низ Србија, Северна Македонија и Албанија со еден ТАГ уред


На последниот самит „Отворен Балкан“ во Охрид беше договорено да се воспостави единствен систем за електронска наплата (ENP) во три земји – Србија, Северна Македонија и Албанија. Возачите наскоро патарината ќе ја плаќаат електронски, со уникатен ТАГ уред, што треба да биде уште едно олеснување кое е иницирано во рамки на оваа иницијатива, јави дописникот […]

Од патарини лани наплатени рекордни 46,4 милиони евра, од април во функција Преод и Кадрифаково


Над 46,4 милиони евра е годишниот приход од наплата на патарини на Јавното претпријатие за државни патишта во минатата година, што е за 2,8 милиони евра повеќе во однос на 2019, а за 12,1 милион евра повеќе во однос на 2020 година. Над 25 проценти од вкупните средства лани се остварени преку електронската наплата на […]

Ограбена патарината кај „Глумово“, ќе помогнат ли камерите?


Две вооружени лица ја ограбиле патарината кај Глумово на излезот од Скопје на автопатот кон Тетово. Според полицијата, разбојништвото се случило утрово околу 4.15 часот. Напаѓачите со фантомки на главите му се заканиле на вработениот дека ќе го убијат доколку не им ги предаде сите пари од дневниот промет. Го зеле пленот и побегнале. Засега […]

Донесена одлука за висината и начинот на наплата на патарина


Владата на Република Северна Македонија на седница ја разгледа и усвои Информацијата согласно која е донесена Одлука за висината и начинот на наплата на надоместот за употреба на пат – патарина. Одлуката се донесува заради воведување наплата на патарина на новите автопатни правци Демир Капија – Гевгелија, Миладиновци – Свети Николе и Свети Николе – […]

Електронска наплата на патарина од мај


Електронската наплата на патарините на Коридорот 10 ќе почне од мај. Иако беше најавено дека модернизацијата, со која требаше да се надминат долгите редици за плаќање, ќе стартува уште минатото лето, проектот се заглави во реконструкцијата на рампите. Градежните работи на патарините кај Велес, Сопот и Отовица и Романовце веќе се завршени, а во завршна […]

Смарт-картичките за патарина ќе бидат бесплатни


Смарт-картичките за плаќање на наплатните рампи нема да се плаќаат, ќе можат да се надополнуваат преку интернет апликации, а ќе ги има на секој граничен премин, наплатна рампа или бензинска станица. Еден месец пред почетокот на електронската наплата на надоместокот за патарина, од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека системот е подготвен да функционира […]

Косово со официјална жалба до Албанија за воведувањето патарина на „Патот на нацијата“


Косово денеска официјално и врачи жалба на Албанија поради воведувањето патарина на автопатот што ги поврзува двете земји. Косовскиот министер за инфраструктура Пал Лекај му ја врачи жалбата на албанскиот амбасадор во Приштина Кемал Минџози. Сто и десет километри долгиот автопат Тирана – Кукс – граничен премин Морина (на границата со Косово), наречен „Патот на […]

Рама: Нема преговори за петте евра за патарина


Албанскиот премиер Еди Рама, ден по насилните протести поради воведување патарина на „Патот на нацијата“, изјави дека полицијата ја зачувала присебноста наспроти групата вандали кои ќе ја добијат заслужената казна. На прес-конеренција Рама, исто така, најави интензивна комуникација за објаснувања во врска со патарината бидејќи дезинформациите и манипулацијата на јавното мислење триумфирале над објаснувањата што […]

Косовските камионџии протестираа против патарина во Албанија


Косовски камонџии со 150 празни камиони пристигнаа на преминот Морина, на албанско-косовската граница кај Кукс, во знак на незадоволство поради одлуката на албанските власти од 15 април да почнат со наплата на патарина на автопатот Тирана-Кукс. На камионџиите кои носеа транспаренти упатени до албанските власти како “Ние не ги укинуваме границите, ние ги подигаме”, се […]

Патувањето во Грција од денеска поскапо за 110 денари со автомобил


Патувањето во Грција од денеска е поскапо за 1,8 евра или 110 денари. Ова е сумата што треба да се издвои за автомобил по влез на грчка територија кај граничниот премин „Евзони“. Причина е новата патарина што почна да функционира од денеска непосредно по влегување кај јужниот сосед. Износот што се наплаќа за автобуси и […]