За два месеци во Амбасадата во Виена издадени 200 пасоши


Од 20-ти октомври од кога стапи во функција базната станица во Амбасадата на Северна Македонија во Виена, нашата дијаспора во Австрија се стекнува со нови патни исправи по скратена постапка, која не трае повеќе од еден месец. Како што информира МНР, досега 330 наши државјани се сликаа, а 200 од нив веќе ги добиле новите […]

Патни исправи со скратена постапка и за дијаспората во Чикаго


Во Генералниот конзулат на Северна Македонија во Чикаго, САД, непречено тече мобилното издавање на патните исправи за нашите граѓани. Од тамошниот генерален конзулат посочуваат дека досега од околу 160 лица се земени податоци за нови биометриски патни исправи, а 60 од нив веќе ги добиле, соопшти МНР. Ова, како што велат, претставува позитивно изненадување за […]

Се врачуваат првите 100 мобилно издадени пасоши преку Амбасадата во Лондон


Во процес на врачување се првите сто биометриски пасоши на Република Северна Македонија, издадени преку Амбасадата во Лондон. Воспоставувањето на базна станица во амбасадата го поедностави и скрати процесот на три недели, информира Министерството за надворешни работи. -Овој е историски момент за конзуларната пракса во оваа амбасада. Нашите граѓани кои живеат и работат во Англија, […]

Јапонија и Сингапур со најмоќни пасоши во светот


Швајцарија– Јапонија и Сингапур, според најновите истражувања на „Henley & Partners“, имаат најмоќни пасоши, а нашата држава е на 46-то место. Овие две азиски земји се на врвот на листата поради безвизно патување во 189 земји во светот. Кога станува збор за земјите од нашиот регион, Словенија е на 10-то место, Хрватска на 20., Србија […]

Дисциплинска постапка против албанската амбасадорка во Атина поради исчезнатите пасоши


Албанското Министерство за Европа и надворешни работи соопшти дека почнало дисциплинска постапка против амбасадорката на Албанија во Атина, Адријана Хобдари, поради скандалот за исчезнувањето на 100 албански пасоши во Грција. Во меѓувреме, од функцијата е разрешен албанскиот конзул во Јанина, Первин Ѓикурија, откако според досегашната истрага, постојат основи за сомнеж дека тој е одговорен за […]

ВМРО-ДПМНЕ: МВР набавило 240 илјади бланко обрасци за пасоши пред гласањето за амандманите


Околу 240.000 бланко обрасци за пасоши чекаат на царина на само неколку дена пред гласањето на уставните промени во Собранието, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на информации од медиумите. -Зоран Заев и Оливер Спасовски или го кршат Уставот и законите набавувајќи бланко обрасци за патни исправи со променето име Северна Македонија или прават криминална зделка […]

Апсења за бугарските пасоши и во Србија – во Македонија мирно


Скандалот во Бугарија околу издавањето бугарски пасоши на лица од Молдавија, Украина, Македонија и Албанија, при што беа уапсени државни службеници, се прелеа и во Србија. Четири лица завчера се уапсени на југот од Србија под сомнение за примање мито и поткуп, поттикнување и фалсификување документи за добивање на бугарски пасоши. Во Македонија засега е […]

Агим Нухиу: Во лето пасоши ќе се издаваат во сабота и недела и во две смени


Mинистерството за внатрешни работи ќе организира издавање на пасоши во сабота и во недела, најави заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу. Според него, МВР дополнително ќе ги зголеми капацитетите, кадровски и во техничка опрема, со цел да се надминат вообичаените гужви. – Ангажиравме вработени во две смени користејќи ги максимално капацитетите на техничката опрема […]