Владата донесе одлука што ќе овозможи да се уреди паркирањето во Клиничкиот центар „Мајка Тереза”


Владата донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза”. Со оваа одлука, како што информира владината прес-служба, се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје. – Се затвораат административните прашања што со децении го попречуваа уредувањето на паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“. Министерството […]

Во Битола поскапува паркирањето, градинките, ѓубретарината, гробните места…


  БИТОЛА – Три месеци по локалните избори во Битола поскапуваат комуналните давачки за повеќе услуги. Корекции ќе имаат сметките за ѓубретарина, гробно место, паркирање, градинка и старски дом. Ова е денешната жешка тема на која се дискутира во Советот на Општина Битола. Градоначалникот Тони Коњановски вели дека едно семејство со станбен простор од 50 […]

Не паркирајте под високи или суви стебла, апелираат од „Паркови и зеленило“ ќе има невреме


Поради најавите од УХМР за засилен ветер во попладневните часови, проследен со врнежи од дожд, од ЈП Паркови и зеленило апелираат до граѓаните да не ги паркираат возилата под високи или суви стебла, со цел да се избегнат несакани последици.  Од УХРМ со предупредување за обилен дожд. – Денес времето ќе биде претежно облачно со врнежи […]

Во кругот на Клиничкиот центар ќе се градат две монтажни катни гаражи


Министерот за здравство Арбен Таравари вечерва изјави дека Владата донела одлука со јавно-приватно партнерство во кругот на Клиничкиот центар во Скопје да се изградат две монтажни катни гаражи за да се надмине проблемот со паркирањето. За ова, вели тој, е изработена физибилити студија и ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање.   -Монтажни катни гаражи […]

РСБСП: Неправилното паркирање – причина за голем број сообраќајки


Неправилното паркирање е причина за голем број сообраќајни незгоди во кои страдаат деца, пешаци и велосипедисти. Возачот, односно сопственикот на возилото, не смее да запре или паркира возило на обележан пешачки премин, како и на премин на велосипедска патека преку коловозот и на оддалеченост помала од 10 метри од тие премини, на крстосница и на […]

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот


По повод големиот христијански празник на Христовото воскресение „Велигден“ Јавното претпријатие „Билјанини извори“ донесе одлука на 16 април бесплатно да биде паркирањето возила на јавниот градски простор во Охрид. Од Националната установа „Завод и Музеј – Охрид“ пак известуваат дека за 18 април – Светскиот ден на културното наследство, бесплатни да се посетите на кутурно-историските […]

Не паркирајте под високи дрва, се очекува засилен ветер и дожд


По најавите од Управата за хидрометеоролошки работи за појава на засилен јужен ветер над 60км/час и можна појава на краткотраен дожд во попладневните часови денес и утре, од ЈП „Паркови и зеленило“ упатуваат апел до граѓаните да не ги паркираат своите возила под високте дрвја, со цел да се избегнат несакани последици. Исто така, доколку […]

Поскапува паркирањето во Дебар Маало


Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар” ја промени во зонската поделба на најфревентните јавните паркиралишта. Во иднина паркинзите во дебар маало, од зона 1 ќе преминат во зона 01, па така час паркирање ќе се плаќа 50 денари, наместо 40 како досега. Во повисока зона влегуваат и паркиралиштата „Буњаковец“ и „Капиштец“, кои […]

И на „Максим Горки“ ќе се наплаќа 100 денари за час


Не е исклучена можноста наскоро и на улицата „Максим Горки“ паркирањето да се наплаќа по 100 денари за првиот час, а секој нареден 50 денари. На оваа улица во строгиот центар на градот, функционира зонско паркирање на „Градски паркинг“. Таа е една од локациите, како што смета градоначалникот Петре Шилегов, каде фрекфенцијата од сообраќај, поточно […]

Шилегов: Паркирањето не е социјална категорија


  Не само скопјани, туку и градоначалникот Петре Шилегов не е задоволен од начинот како се решава паркирањето во Скопје. Катни гаражи стопанисувани од неколку субјекти, приватни паркиралишта кои наплаќаат незаконски, две јавни претпријатија, две пајак служби, паркиралишта со зонско паркирање кои се наоѓаат на општинска улица а со кои стопанисува градското претпријатие за паркирање, […]

Шилегов во Париз прима и дели совети за паркирање


Градоначалникот Петре Шилегов е во работна посета на Виена и денеска се сретнал со неговиот колега д-р Михаел Хојпл. На средбата, градоначалниците дискутирале за развојните визии на новото градско раководство, како и за идеите и праксата што Виена може да му ги пренесе на Скопје на ова поле. Од Град Скопје информираат дека на средбата […]

Град Скопје ќе гради паркинзи за граѓаните од внатрешноста


Градот Скопје не предвидува забрана за влез на возила во Скопје кои доаѓаат од внатрешноста на државата. Тоа никогаш ниту било предвидено ниту предвидуваме да забраниме влез на возила во Скопје од другите градови, вели градоначалникот Петре Шилегов. Тој денеска на прес-конференција на новинарско прашање ги отфрли ваквите пишувања на некои портали како дезинформации и […]