Од утре во оптек нови пари


Од вторник ќе бидат воведени полимерни банкноти со апоенска вредност од 10 до 50 денари, кои ќе имаат подолг век на траење за разлика од досегашните хартиени. – Од 15 мај годинава Република Македонија ќе биде на мапата на државите чија централна банка има започнато процес на полимеризација на банкнотите на националната валута. Македонскиот денар […]

Книжните 10-ки и 50-ки заминуваат во историјата


Се повлекуваат книжните 10-ки и 50-ки од промет. Од вторник граѓаните ќе можат да ги користат новите полимерни банкноти со оваа вредност или монетите. Книжните ќе може во рок од една година да се заменат во комерцијалните банки. По овој датум замената ќе се врши исклучиво во Народната банка на Република Македонија. Во Македонија првпат […]

Лиле Делиџакова демантира дека земала пари за самовработување


Најостро ги осудувам написите во кој се споменува дека јас сум земала некакви пари за самовработување. Јас имам конкурирано единствено на конкурсот за избор на член на Комисијата за хартии од вредност, а никако за отворање на фризерски салон. Незнам за кое лице станува збор, но јас не сум таа што медиумите ја посочуваат, вели […]

Во пожар во семејна куќа изгореле 21 илјада евра и 30 илјади швајцарски франци


Вчера во куќа во село Србица – кичевско избувнал пожар во кој изгореа голема сума на пари. При пожарот во семејната куќа на 46-годишниот М.Л. изгореле мебелот и покуќнината во спалната соба, како и 21.500 евра и 30.000 швајцарски франци. Огнот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица – Кичево, а увид извршила екипа […]

Книжните апоени од 10 и од 50 денари да се „расчистат“ до 15 мај


Народната банка на Република Македонија денеска на својата веб-страница, на официјалната страница на социјалната мрежа „Фејсбук“ и на официјалната страница на социјалната мрежа „Твитер“ објави нов информативно-едукативен текст во кој се презентирани одговорите на повеќе важни прашања на граѓаните во врска со влегувањето во оптек на полимерните банкноти во апоенска вредност од 10 и 50 […]

Заев: Благодарение на стопирањето на забеганите криминални проекти има повеќе пари за спортот


Изборот за распределба на средствата, наменети за спорт е целосно транспарентен кон сите федерации и спортисти, порача премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање на денешната седница на Собранието. – Од процес задоволство изразуваат и федерациите и спортистите, до мене досега не стигнале забелешки. Благодарение на тоа што престанаа забеганите криминални проекти има и повеќе […]

Државата најголем спонзор на партиите, колку повеќе пари, толку повеќе контрола на сметките 


Искуствата на европските земји покажуваат дека кога државата дава повеќе пари за партиите мора да ги диктира условите за трошење. Во очекување на новиот модел на партиското финансирање во Македонија, се отвора дилемата какви се искуствата во другите европски земји и какви позитивни и негативни ефекти може да се очекуваат од одлуката државата во поголем […]

Тантуровски: Заговор се обвинувањата за злоупотреба на државни пари во Антикорупциска комисија


Антикорупциската комисија има отворено предмети од највисоко ниво, за министри, за градоначалници, за директори, рече претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Игор Тантуровски во вечерашното гостување во емисијата „Анализа“ на ТВ 24. Предметите, како што дополни, се однесувале и за претходната и за сегашната Влада. – Во најдобар дел Јавното обвинителство не не […]

Банките за девет месеци заработиле 75 милиони евра


Македонските банки заработиле неверојатни 75 милиони евра за девет месеци од минатата година, сума што ретко која од најјаките компании во земјава може да си ја „дозволи“ за неколку години. Податоците на Народната банка за финансиските резултати на домашните банки за третиот квартал во минатата година покажуваат дека добивката е помала за 6 милиони евра […]

Агаси: Сакам да му помогнам на Ѓоковиќ, не ми требаат пари


Андре Агаси, кој од ланскиот Ролан Гарос е дел од тимот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, вели дека работи без никаков финансиски надоместок и нагласува дека единствено што сака е да му помогне. Тој досега неколку пати повтори дека на тимот му се приклучил на сопствен трошок. – Одбивам да земам било што од Новак, […]

Влада: За „Денот на дрвото“ биле потрошени 18 милиони евра (ВИДЕО)


Владата на Република Македонија по денешната седница објави дека во период од 2008 до 2016 година потрошени се речиси 18 милиони евра со успешност на засадени садници од само 21 процент. Дополнителни 31 милион денари во оваа акција биле потрошени за засадување палми со процент на успешност нула. Освен тоа владата на денешната седница реши […]

Од стан во Скопје украдени пиштол, 830 евра и златен накит


Непознат сторител насилно влегол во станот на Т.А.(50) од Скопје и одзел пиштол „ЦЗ“ калибар 7,62мм, 830 евра и разновиден златен накит. МВР информира дека Т.А. пријавил во полиција дека кражбата се случила во периодот од 18 часот на 26 јануари до 10:45 часот на 28 јануари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Пензискиот фонд нема да крахира, туку ќе создава вишоци


Првиот столб на пензискиот фонд до 2030 година нема да крахира како што предвидува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Тој ќе може сам да се одржува и да создава вишоци, покажале резултатите од симулациите направени за да се види како одделни решенија, реформи или состојби би влијаеле врз пензискиот систем, што денеска ги презентираше професорот Мирољуб […]

ЕУ одобри 72,3 милиони евра за поддршка на Македонија


ЕУ додели 72,3 милиони евра помош на Република Македонија за поддршка на демократијата и владеењето и зајакнување на економскиот развој и раст на земјата, соопштија од Делегација на ЕУ во Скопје. Станува збор за две програми финансирани од ЕУ. Европската комисија на 29 ноември годинава усвои Програма за активности за Република Македонија за 2017 година. […]

МФ: Нема промени во оданочувањето на дознаките


Предложените измени на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, не претставуваат никаква промена на даночната политика, односно не претставуваат оданочување на дознаките, соопшти денеска Министерството за финансии. – Со предложените измени се прави понатамошно усогласување со европското законодавство во делот на даночната евиденција. Поточно, со овие измени, се овозможува УЈП да има покомплетна евиденција […]

Граѓани пријавиле дека им им недостасуваат пари и предмети од сефови


Петмина граѓани пријавиле во СВР Скопје дека им недостасуваат пари и предмети кои ги чувале во сефови во објект на „Шпаркасе банка“ во Скопје. – Веднаш по добиената пријава известен е јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, информира денеска МВР.

Ги вади ли претходната власт парите од Македонија?


Високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ почнале да ги вадат парите од Македонија. Оваа дилема ја отвори српскиот опозиционер Вук Јеремиќ, изјавувајќи дека луѓе блиски до поранешниот премиер Никола Груевски прават напори да ги извлечат парите што ги стекнале преку корумпираниот начин на владеење и дека за тоа добиле помош од српските власти. Јеремиќ во изјавата за […]

Изградбата на пругата од Кичево до Лин ќе чини 500 милиони евра


Охридскиот регион ќе добие пристап до железничка мрежа со проектот за изградба на пругата Кичево – граница со Албанија, во должина од 63 километри. Проектната и тендерската документација е подготвена, а во наредниот период од меѓународни кредитори ќе се бараат потребните 500 милиони евра колку што е проценетата вредност. На денешната презентација на проектната документација, […]

ЕУ обезбеди средства за изградба на нова пруга од Кичево до Албанија


Европската Унија обезбеди 7,7 милиони евра за изработка на детална проектна и тендерска документација за изградба на нова железничка линија која ќе почнува од железничката станица во Кичево и се протега низ три општини: Кичево, Дебарца и Струга, во должина од 63 км до границата со Република Албанија. Целта е да се обезбеди придонес за […]

Украдени над милион денари од 19-годишник во Скопје


Деветнаесетгодишниот С.Ѓ. (19), вработен во „Спорт Вижн“, вчера излегол од Трговскиот центар „Сити Мол“ во Скопје и се упатил кон „Комерцијална банка“ да изврши уплата на прометот, при што бил пресретнат од две непознати лица, кои со удар по стомакот и главата му одзеле кеса во која имало 1.049.100 денари. МВР информира дека се преземаат […]