Продажба на деценијата – мистериозен богаташ даде 40 милиони евра за стан во Париз


Најскапиот апартман на парискиот пазар на недвижности продаден е за 39 милиони евра  на неидентификуван индустријалец кој ја напушта Британија поради Брегзит. Недвижноста од 1.000 метри квадратни со 16 соби продадена е за седум милиони евра повеќе од претходната најскапа во Париз. Станот од соништата е на три ката во градба од 18 век во […]

По 14 години отсуство од ревии: Наоми Кембел се разголи за „Валентино“


Франција- Некогаш најплатениот модел во светот, Наоми Кембел (48) , прв пат, по 14 години, носеше креации на италијанската луксузна модна куќа „Валентино“. Британската манекенка изненади на пистата на Модната недела на висока мода во Париз, во проѕирен црн фустан, во кој се наѕираше нејзиното топ-тело. Наоми лани најави дека планира да се пензионира. Кембел […]

(Фото) Редица пред „Луј Витон“: Париз е седиште на високата мода


Франција– Протести на „Жолтите елеци“ заради незадоволството од политиката на Макрон, од една страна, рекордна посетеност на музејот „Лувр“ со 10 милиони туристи, од друга страна, и редици пред најкопираниот бренд на светот „Луј Витон“ од трета страна. Во таква атмосфера градот на светлината и кажа оревоар на 2018 и бонжур на 2019 година. Париз, […]

Димитров и Спасовски во посета на Париз


Министрите за надворешни и за внатрешни работи, Никола Димитров и Оливер Спасовски, од денеска престојуваат во дводневна работна посета на Париз, на покана од францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан. За време на посетата, информираат од МНР, министрите ќе учествуваат на состанокот на високо ниво на француско-германската иницијатива за борба против недозволена трговија со лесно […]

Париз му порача на Трамп да не меша во нивните работи


Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан денеска му порача на американскиот претседател Доналд Трамп да не се меша во внатрешната политика на Франција, откако тој на Твитер ги поврза масовните протести со Парискиот договор за климата. – На Доналд Трамп му порачав, му кажа и претседателот Емануел Макрон, дека ние не учествуваме во […]

Франција: 135 повредени, 1.385 повредени


Француската полиција на вчерашните протести уапсила 1.385 лица во целата земја, а 985 од нив се задржани на распит, соопшти министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер. Во цела Франција протестирале вкупно 125.000 лица, од кои 10.000 во Париз. Кастанер соопшти дека 118 демонстранти биле повредени, но и 17 припадници на полицијата. – Беше запрена ескалација […]

Париз во облаци од солзавец, уапсени повеќе од 600 лица


Најмалку 55 лица, меѓу кои и тројца полицајци, се повредени денеска во Париз за време на протестите на „жолтите елеци“ против зголемувањето на цените и даноците на горивата, соопшти локалната полиција. Во Париз се уапсени повеќе од 600 лица, од кои повеќето се ставени во притвор, затоа што носеле чекани, топки за петанк, цигли и […]

(Фото) Глобална комеморација во Париз: Стилот на првите дами и славните гости


Франција– Неколку пати се пресоблекуваа шефовите на држави и влади од сите пет континенти на светот, првите дами, славните гости и нивните сопруги, на централната церемонија по повод стогодишнината од крајот на Првата светска војна во Париз. Имаа дневен аутфит за Триумфалната капија,  и Елисејскиот дворец и вечерен за свечената вечера во музејот „Орсеј“. Јавноста […]

Kачанов го среди Ѓоковиќ


Рускиот тенисер Карен Kачанов е сензационален победник на турнирот од Мастерс 1000 серијата што се играше во Париз. Русинот во денешното финале беше поуспешен од Новак Ѓоковиќ со 2-0, по сетови 7:5 и 6:4. Во меч кој траеше нешто помалку од 100 минути, видлив беше заморот кај фаворитот Ѓоковиќ кој вчера одигра исцрпувачко тричасовно полуфинале […]

Федерер: Имам за што да жалам


Франција– Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер одигра одличен меч против Србинот Новак Ѓоковиќ, но нијанси го делеа од победата и пласманот во финалето на Мастерсот во Париз. – Играв добро и секако имам за што да жалам. Кога ќе изгубите на ваков начин, вака тесно, нормално е да сте разочаран. Во секој случај одиграв добар турнир. Вредеше […]

Хачанов ги чека Федерер или Ѓоковиќ


Рускиот тенисер Карен Хачанов ќе игра во финалето на турнирот од Мастерс серијата 1000 што се одржува во Париз. Хачанов попладнево по само 70 минути во првото полуфинале го совлада Доминик Тим од Австрија со 2-0, по сетови 6:4 и 6:1. Противник на Русинот во финалето ќе биде подобриот од мечот Новак Ѓоковиќ – Роџер […]

Надал се откажа од Париз, Ѓоковиќ повторно на врвот на АТП


Франција– Рафаел Надал се откажа од претстојниот АТП турнир во Париз, што значи дека Новак Ѓоковиќ одново ќе го преземе врвот на АТП листата по одличната сезона која ја одигра откако се врати по повредите. Шпанецот и понатаму мака мачи со повредите на коленото и пред дуелот против Фернандо Вердаско мораше да се откаже од […]

Ѓоковиќ обезбеди осминафинале на Мастерсот во Париз


Франција– Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во осминафиналето на последниот Мастерс турнир оваа година, откако синоќа го совлада Португалецот Жоао Соуса. Ѓоковиќ кој е втор носител, доколку избори подобар пласман од Рафаел Надал на крајот од Мастерсот, повторно ќе стане број 1 на АТП ранг листата. Резултати од доесга завршените мечеви во вториот круг: Медведев […]

Вавринка одби вајлд карта за Мастерсот во Париз


Франција-Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка одлучи по редовен пат да се обиде да обезбеди место на Мастерсот во Париз. Тој претходно побара специјална покана од организаторот, за подоцна да ја одбие истата со образложение дека ќе игра квалификации. Вавринка во моментов е рангиран на 68. место на АТП листата. Швајцарецот поради повреда подолго време беше надвор […]

Манекенки на „Ив Сен-Лоран“ одеа по вода на ревијата во Париз


Франција– Манекенки како да одат по вода во позадината на Ајфеловата кула, носејќи секси облека за дефилето на модната куќа „Ив Сен Лоран“ во рамките на Париската модна недела. Белгискиот моден дизајнер Антони Вакарело побара да биде издигнат подиум во фонтаната на Трокадеро, кој беше опкружена од вештачки палми, осветлени со бела неонска светлина. Во […]

„Вог“: Холандскиот уметник Пит Париз ја трансформира високата мода


Холандија – Што направи високата мода за да се отвори, да заблеска и да се истакне за есен? Тоа е начинот на кој дизајнерите ја следеа линијата што ги поврзува наследството и занаетчиството со иднината управувана од технологијата. Марија Грација Чиури беше во улога на „миксолог“ во Диор, нудејќи нови начини на облекување за коктел […]

(Фото) Висока мода во Париз: Славни дами како манекенки


Франција– Париз е центарот на модата оваа недела. Со ревии на висока мода се претставуваат луксузните модни куќи. Брендот „Миу Миу“  го крена адреналинот со својата ресорт ревија која ја носеа славни актерки и трендсетерки. Освен колоритните комбинации наменети за современата жена во текот на целиот ден и вечер, тимот на модната куќа одлучи, во […]

Шилегов во Париз прима и дели совети за паркирање


Градоначалникот Петре Шилегов е во работна посета на Виена и денеска се сретнал со неговиот колега д-р Михаел Хојпл. На средбата, градоначалниците дискутирале за развојните визии на новото градско раководство, како и за идеите и праксата што Виена може да му ги пренесе на Скопје на ова поле. Од Град Скопје информираат дека на средбата […]

Шилегов во Париз „краде“ искуства за модернизација на Скопје


Градоначалникот Петре Шилегов е во неколкудневна посета на Париз, каде меѓудругото, има средби со француски компании од кои се надева дека ќе добие помош за модернизација на Скопје. „Насочени сме кон обновување на соработката со збратимените градови и градовите од пријателските европски земји. Зајакнувањето на меѓународните односи има големо влијание врз иднината на градот и […]

Макрон: Ја губиме битката против климатските промени


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Париз истакна дека светот ја губи битката во борбата против климатските промени. – Не реагираме доволно брзо. Сите мораме да дејствуваме, рече Макрон во обраќањето на Самитот за климатски промени „Една планета“ во Париз, Макрон побара да се даде нова енергија во напорите за справување со климатските промени, кои […]