(Видео) Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете на шеталиште во Охрид


Параглајдерист кој вршел комерцијални летови со туристи слетал опасно ниско над зоната каде што секојдневно се движат пешаци на шеталиштето во Охрид. Според видеото објавено од локалниот портал Ohrid1 и пренесено од повеќе медиуми, во последен момент бил избегнат судир со мајка и дете, а леталото потоа удрило во столб од улично осветлување.

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето


Пограничната полиција од Корча му помогна на македонски параглајдерист кого го зафатило вчерашното големо невреме и го однело на албанска територија. Полицијата веднаш по дојавата реагирала брзо и професионално, го локализирала и спасила. Според соопштението на Дирекција за миграција и граница од Корча, настанот се случил вчера. -По добиената информација од капетанијата во Свети Наум, […]

Тинејџерка од Велика Британија удрена од параглајдерист во Турција. Има скршеници на ‘рбетот и вилицата


Британската тинејџерка Лили Никол (15) од Дурам, се здобила со сериозни повреди откако била удрена од параглајдерист додека била на одмор со своето семејство во популарното летувалиште Олудениз во Турција. Инцидентот се случил за време на последниот ден од нивниот одмор, додека Лили била на вечера во ресторан со нејзината мајка Линдзи Логан и постарата […]

Хеликоптер пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево


Денеска, во 18.11 часот на 112 е дсбиена пријава за тешко повреден германски државјанин, парагјадерист, со отворена скршеница на едната нога и веројатна повреда на р’бетот, кој моментално се наоѓа на полетиштето за параглајдери пред Мечкин Камин во Крушево. Поради сериозноста на повредите од екипата на итната медицинска помош и градоначалникот на Крушево е побаран […]

Полски параглајдерист повреден кај Трескавец – удрил во карпа


Во понеделникот, во 19,05 часот во Полициска станица Прилеп е пријавено дека во близина на манастирот „Траскавец“ во прилепско, при удар во карпа се повредил параглајдерист Р.Г.Т.(44) од Р.Полска. Во Итна медицинска помош Прилеп му биле констатирани тешки телесни повреди, по што е пренесен во болницата „Систина“- Скопје за понатамошно лекување.

Неговото витештво го има на „Дискавери“, во Крушево му немаше спас


Велика Британија жали по Инес Пауел (54), параглајдеристот, кој заедно со Украинецот Игор Волов (56) загина во петокот во Крушево. Престижниот ББС објави текст под наслов „Британски херој загина во несреќа во воздух во Македонија“. Во неа се вели дека Пауел имал децениско искуство во летањето, ги подучувал помладите, а во 2008 година му спасил […]