Во лизгање на земјиште на Папуа Нова Гвинеја загинаа околу 100 луѓе


Околу 100 луѓе загинаа во лизгање на земјиште во зафрлено село на северот на Папуа Нова Гвинеја, објави денеска австралиската телевизија Еј-Би-Си. Во тек е акција за извлекување на телата на загинатите од одронот што го погоди околу 3 часот наутро по локално време селото Каокалам во провинцијата Енга, соопшти телевизијата. 

Австралискиот пилот и патниците се ослободени по краткото киднапирање во Папуа Нова Гвинеја


Австралиски пилот на хеликоптер и двајца локални работници беа ослободени неповредени во понеделникот во Папуа Нова Гвинеја, неколку часа откако беа киднапирани во оддалечените ридови, соопшти полицијата. Ослободувањето следело по преговорите со безбедносните сили, велат од полицијата. Пилотот на хеликоптерот и патниците слетале во оддалечена телекомуникациска постројка во близина на планината Сиса во провинцијата Хела […]

Австралиски пилот на хеликоптер и двајца работници киднапирани во оддалечените ридови на Папуа Нова Гвинеја


 Австралиски пилот и двајца локални работници се киднапирани во оддалечените ридови на Папуа Нова Гвинеја, соопшти полицијата. „Пилотот на хеликоптерот и патниците слетале во оддалечен телекомуникациски објект во близина на планината Сиса во провинцијата Хела, по што биле киднапирани од вооружена група“, изјави висок претставник на папуанската полиција Дејвид Менинг. Посочи дека сè упатува на […]

Полицијата штрајкуваше, па во големи нереди во Папуа Нова Гвинеја загинаа осуммина


Најмалку осум лица загинаа по големите немири во главниот град на Папуа Нова Гвинеја, Порт Морезби, јавува Би-би-си. Продавници и автомобили беа запалени, а супермаркетите ограбени откако полицајците штрајкуваа, незадоволни од платите и условите за работа. Недостатокот на полиција ги охрабри луѓето од предградието на градот да грабнат продавници и да предизвикаат немири, сите во […]

Најмалку четворица загинати и стотици уништени домови во земјотресот во Папуа Нова Гвинеја


Најмалку четири лица загинаа, а стотици домови се уништени во северниот дел на Папуа Нова Гвинеја по вчерашниот земјотрес со јачина од 7,2 степени, изјави официјален претставник. „Тимовите на националната спасувачка служба се испратени во близина на епицентарот крај езерото Шамбри во оддалечена и мочурлива област во провинцијата Источен Сепик. Четири лица загинаа, а 300 […]

Земјотрес од 7,1 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја


Земјотрес со интензитет од 7,1 степении според Рихтерова скала денеска е регистриран на 135 километри источно од градот Рабаул во источниот дел на островот Нова Британија во Папуа Нова Гвинеја. Потресот се случил во 3 часот и 39 минути по локално време (18:39 часот по средноевропско време), соопшти Американскиот геофизички институт. Земјотресот се случил на […]