Посетителите забележаа грешка на гробницата на папата Франциск, Ватикан нема намера да ја поправа


Покојниот папа побарал едноставен надгробен споменик, без украси или титули. Тој сакаше само Франциск, неговото име, да биде врежано во белиот мермер, објави „Унион Рајо“. Контроверзноста настанала поради типографска грешка, каде на прв поглед е јасно дека буквите се нерамномерно распоредени.   Ова е особено забележливо кај буквите „R“, „A“ и „N“, што го прави натписот […]

По овие изјави ќе го паметиме папата Франциско


  Папата Франциско беше хоспитализиран на 14 февруари во римската болница „Џемели“ поради двојна пневмонија. За време на неговата хоспитализација, папата доживеа неколку епизоди на респираторна инсуфициенција, вклучително и бронхоспазам, за кои беше потребна неинвазивна механичка вентилација. Папата минатиот месец беше пуштен од болница, а вчера се појави пред верниците на Велигден во Ватикан. Ви […]

Ватикан: Состојбата на папата Франциско е малку подобрена, но и понатаму е критична


Здравствената состојба на папата Франциск (88), кој беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија, покажува „благо подобрување“, иако и понатаму е „критична“, се вели во соопштението на Ватикан. „Клиничката состојба на Светиот Отец, иако сè уште е критична, е малку подобрена. Денеска нема ниту една епизода на астматична респираторна криза; некои лабораториски тестови се подобрени“, се објаснува […]

Папата Франциск ги осуди нападите врз Евреите


Папата Франциск денеска го осуди „ужасниот пораст на нападите врз Евреите ширум светот“, наведувајќи дека овие напади претставуваат „напад врз Бог“. -Патот по кој тргна Црквата со вас, старите луѓе на Пактот, ја отфрла секоја форма на антијудаизам и антисемитизам, недвосмислено осудувајќи ги манифестациите на омраза кон Евреите и јудаизмот, како грев против Бога, напиша […]

Папата ги повика студентите да го направат светот поправеднo и поинклузивнo место


 Папата Франциско денеска на вториот ден од посетата на Португалија, ги повика студентите да го направат светот поправедно и поинклузивно место и да ја искористат својата привилегија во борбата против глобалното затоплување и економската нееднаквост. Тој ги повика студентите да преземат ризик и да го отфрлат искушението само да одржуваат статус кво, односно, како што […]

Џафери кај папата Франциск: Нашите земји се поврзани преку важните личности од заедничкото минато


На аудиенцијата кај папата Франциск, му ја честитав 10-годишнината од Понтификатот и му посакав долг живот, добро здравје и успешно извршување на светата должност, напиша претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери на неговиот фејсбук профил. – Нашите две земји имаат нераскинливи историски врски преку важните личности од заедничкото минато – нашата Скопјанка […]

Папата Франциск ја прекина неделната аудиенција за да одговори на телефонски повик


Папата Франциск денеска ја прекина својата неделна аудиенција на плоштадот Свети Петар за да оствари телефонски повик, принудувајќи ги насобраните верници да го чекаат повеќе од една минута. Еден помошник на понтифот му подаде мобилен телефон и му покажа на човекот кој требаше да чита од говорницата да чека. Прес-службата на Ватикан, која вообичаено не […]

Папата Франциск денеска ја водеше мисата за Цветници откако вчера излезе од болница


 Папата Франциск денеска присуствуваше на мисата за празникот Цветници на плоштадот Св. Петар, само еден ден откако беше отпуштен од болница по успешното закрепнување од инфективен бронхитис, јави Хина. Папата се возеше во задниот дел на неговиот папамобил со отворен покрив и со него мина низ толпата, пред да се симне и да ја отвори […]

Папата Франциск нема да присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора


Папата Франциск нема да присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора во понеделник, соопшти Ватикан. Од Рим рекоа дека Римокатоличката црква ќе испрати висок функционер кој работи како претставник на Ватикан за надворешни работи, пренесе „Индепендент“. „Пресветениот Пол Галагер, секретар за односи со странски држави и меѓународни организации, ќе биде претставник на папата Франциско на […]

Папата демантира дека се повлекува од Светата столица од здравствени причини


Ватикан – Папата Франциск ги отфрли информациите дека планира да поднесе оставка во блиска иднина, велејќи дека е на пат да ја посети Канада овој месец и се надева дека ќе може да замине во Москва и Киев што е можно поскоро после тоа. Во ексклузивното интервју во неговата резиденција во Ватикан, папата исто така […]

Можно е папата Франциско да ја посети Украина


Папата Франциско денеска изјави дека ја разгледува можноста набрзо да ја посети Украина. – Не е лесно да се донесе одлука што може да му нанесе повеќе штета отколку корист на остатокот од светот. Морам да го најдам вистинскиот момент да го направам тоа, истакна папата Франциско. Тој додаде дека следната недела ќе има средба […]

Промовирана монографијата за доаѓањето на папата Франциск во Скопје- настан од историско значење


Католичката црква во соработка со Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи денеска ги промовираше монографијата за посетата на папата Франциск во Скопје насловена „Историска посета на светиот отец – прво македонско добредојде за папата Франциск“ и зборникот на трудови „Католичката црква во Македонија низ историјата“. – Понекогаш ни се заканува опасност да […]

Папата во пораката за Велигден ги повика светските лидери да ја слушнат молбата на народот за мир


Италија– Папата Франциск денеска ги повика светските лидери „да го слушнат плачот на народот за мир“ на овој „воен Велигден“. – Видовме премногу крв, премногу насилство, рече папата за време на традиционалната порака Urbi Et Orbi, молејќи се за „мир за измачената Украина“. – Многу од нашите браќа и сестри мораа да се затворат за да се одбранат од бомбите, рече […]

Папата Франциск на велигденското бдеење ја осуди суровоста на војната во Украина


Ватикан– Папата Франциск на велигденската миса на која присуствуваше, но не ја предводеше, веројатно поради болки во нозете кои ги намалија неговите активности, ја осуди „бруталноста на војната во Украина“. На мисата присуствуваше Иван Федоров, градоначалникот на Мелитопол, кој беше уапсен од руските сили минатиот месец, а подоцна ослободен во размена на затвореници. Италијанскиот кардинал […]

Папата размислува да го посети Киев


Ватикан– Папата Франциск откри дека размислува да го посети украинскиот главен град Киев. По пристигнувањето на Малта, новинарите го прашале дали ќе ја разгледа поканата на украинските политички и верски власти, на што тој одговорил потврдно. Претходно, папата Франциск во неколку наврати ја осуди руската инвазија на Украина, нарекувајќи ја срамна. Иако Русите најави повлекување […]

Папа Франциск: Насилството врз жените е речиси сатанско


Папата Франциск го осуди насилството врз жените истакнувајќи оти мажите кои вршат такво насилство се занимаваат со нешто што е „речиси сатанско“. За време на разговорите со три жени и еден маж за италијанската мрежа ТГ5 папата истакна дека е „многу голем“ бројот на жени кои биле тепани и злоставувани во нивните домови. – Тоа […]

Папата му порача на Трамп: Ѕидот со Мексико е грешка


Ватикан – Папата Франциск изјави дека е подготвен на американскиот претседател Доналд Трамп лично во лице да му каже дека е погрешно териториите да се бранат со изградба на ѕидови долж границите. Во интервју за мексиканската телевизија „Телевиса“ емитувано синоќа, папата исто така ги отфрли критиките на ултраконзервативните католици кои го нарекуваат еретик. – Не знам […]

Во двојка е поубаво: Кој дојде на свечената миса на папата Франциск?


Историската посета на папата Франциск ја стави Северна Македонија на светската мапа, а беше предизвик  да се дојде на плоштадот Македонија во Скопје и од првиот ред да се слушнат пораките на Светиот Отец. Кој од државниот врв, од дипломатскиот кор  и од сите јавни сфери на живеење дојде да му покаже почит на папата […]

Промоција на поштенска марка „ Прва посета на Папа на Република Северна Македонија “


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде промовирана поштенска марка „ Прва посета на Папа на Република Северна Македонија “. Промоцијата се одржува во соработка со АД „Македонска пошта“. Поглаварот на Католичката црква, папата Франциск денеска го продолжува дводневниот престој во Бугарија со посета на бегалскиот прифатен центар „Враждебна“ на периферијата на Софија. […]

Папата Франциско: Добив писмо од Мадуро, сѐ уште не сум го прочитал


Евентуалното посредување на Ватикан во Венецуела бара одобрување од две страни, изјави синоќа поглаварот на Римокатоличката црква Франциско и додаде дека примил писмо од претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. -Почетните услови се такви што двете страни треба да бараат посредување, рече папата во авион при враќање од повеќедневната посета на Обединетите Арапски Емирати. Според него, […]