Каменос бара 101 оставка за блокада на ратификацијата на договорот од Преспа


Атина – Претседателот на Независни Грци и до неодамна коалициски партнер во владата, Панос Каменос, преку неговиот Твитер профил, утрово побара масовни оставки на пратениците за да се спречи ратификацијата на договорот од Преспа. -До 14 часот можеме да го блокираме гласањето на договорот од Преспа со оставка на 101 пратеник. Прв ја потпишувам мојата оставка, […]

Каменос: Грчкиот народ ќе го има последниот збор


Атина – Споменувањето македонска нација е спротивно на кој било договор и го прави бесен грчкиот народ, кој ќе го има и последниот збор без разлика на референдумот и уставните измени, рекол Панос Каменос во неговото обраќање на неформалниот Самит на министрите за одбрана на ЕУ во Виена. Според соопштението од грчкото Министерство за одбрана, […]

Каменос: Нема да дозволам договорот да помине во Парламентот со 151 пратеник


Оваа влада има рок на траење до септември 2019, рече грчкиот министер за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, повторувајќи ја неговата позиција дека нема да дозволи Договорот да помине во грчкиот Парламент со 151 глас. Тој уште еднаш истакна дека за решението со Македонија потребно е зголемено парламентарно мнозинство од 180 пратеници, […]

Каменос: Никогаш нема да гласам за име што го содржи терминот Македонија


Решение нема да се најде, вели министерот за одбрана на Грција и коалициски партнер во грчката влада Панос Каменос во интервју за радиото „Алфа989“. Лидерот на Независни Грци уште еднаш ја повтори позицијата дека неговата партија нема да гласа за сложено име со терминот Македонија, без разлика дали, како што рече, ќе се вика „Илинден, […]

Каменос: Ќе ја спречиме употреба на терминот Македонија во името на Скопје


Ние на кој било начин ќе ја спречиме употреба на терминот Македонија во името на Скопје, ова е јасно, вели лидерот на Независни Грци, партијата коалиционен партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос. Во интервју за утринска емисија на грчката телевизија „Антена“, тој не само што ги повтори неговите позиции […]

Каменос: Македонија е една и грчка


Не прифаќаме ниту Северна, ниту Јужна, ниту Источна, ниту Западна Македонија, затоа што Македонија е една и грчка, вели лидерот на Независни Грци и коалиционен партнер во грчката Влада, Панос Каменос и уште еднаш го повтори неговиот цврст став од кој, како што вели, не отстапува. Паралелно, рече дека предуслов за решение е промена на […]

Каменос: Ќе направам се за да не се даде името Македонија


Коалицискиот партнер во грчката влада, министер за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, не се согласува со тоа како владата го води прашањето со името и ќе направи сѐ за да не се даде терминот Македонија. На расправата во грчкиот парламент за случајот со фармацевтската компанија „Новартис“, Каменос го спомена и прашањето со […]

Ципрас и Каменос со различни ставови за вчерашниот протест во Атина


Мнозинството грчки граѓани, кои протестот го следеа преку телевизиските екрани, сметаат дека важните прашања од надворешната политика не треба да се соочуваат со фанатизам и нетолеранција, велат од кабинетот на грчкиот премиер во однос на вчерашниот собир во Атина. Протестот собра илјадници граѓани, но не и милиони, како што „замислувале организаторите и Самарас и Мицотакис“ […]

Каменос: Скопје нема причина да инсистира на име кое велат дека го користат во последните 70 години


Лидерот на Независни Грци, коалицискиот партнер во грчката Влада и актуелен министер за одбрана, по заедничкиот состанок на парламентарната група и на извршниот комитет на партијата рече дека не верува дека до Самитот на НАТО ќе се исполнат сите предуслови за решение на проблемот, одговарајќи на новинарско прашање што ќе прави на следниот состанок на […]

Турската флота не му дозволи на Каменос да посети спорен остров во Егејот


Турската воена морнарица денеска го спречи грчкиот министер за одбрана Панос Каменос во неговиот обид да посети турски острови во Егејско Море. Националистот Каменост се обидувал да стигне до островчињата Кардак или Имија на грчки, за кои спорат двете држави. Турските патролни бродови упатиле предупредување до бродот на кој бил грчкиот министер да не се […]

Каменос бара референдум за името


За референдум во Грција, позициите за името, барањето терминот Македонија да не биде вклучен во сложеното име, пишува меѓу другото, лидерот на Независни Грци Панос Каменос, во неговата колумна за неделнот издание на весникот „Димократиа“. – Грчкиот народ ќе треба да одлучи за ова, без преседан во историјата на човештвото, отстапување на истријата и културата […]

Портпаролот на грчката влада верува дека во 2018 година ќе се затвори прашањето за името


Димитрис Ѕанакопулос, портпаролот на грчката влада, во интервју за државната телевизија ЕРТ изрази надеж дека 2018 година би можела да биде година кога би се затворило прашањето за името. Тој рече дека годинава постои прозорец за можност за решение и ја повика опозициската Нова демократија да се сети на внатрепартиските несогласувања во 1992, токму поради […]

Бакојани на Твитер: Каменос два пати прифати име со географска одреденица


Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос за време на владеењето на Костас Караманлис, кој беше премиер на Грција од 2004 до 2009 година, два пати прифати сложено име со географска одредница за спорот за името, објави на својот налог на Твитер, поранешната грчка министерка за надворешни работи Дора Бакојани. Каменос, како што пренесе вчера МИА, […]

Името „Македонија“ останува неприфатливо за Каменос


Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, коментирајќи ги последните случувања во разговорите меѓу Скопје и Атина, изјави дека неговата партија Независни Грци, која е помал коалициски партнер во Владата на Грција, нема да прифати зборот „Македонија“ да биде содржан во името на северниот сосед, објави електронското издание на „Катимерини“. Каменос вчера при посетата на воениот […]