Индија го нападна Пакистан, веднаш следуваше контранапад (видео)


Индија со ракети погоди три локации во Пакистан, изјави портпарол на пакистанската војска. Според Ројтерс, имало извештаи за интензивно гранатирање и силни експлозии во пограничните области на Кашмир контролиран од Пакистан. Индиската влада соопшти дека нејзините сили ја започнале операцијата Синдор, чија цел биле „терористички упоришта“ во Пакистан и пакистанскиот дел од Кашмир „од каде […]

Бурно на индиско-пакистанската граница: Уништени неколку бункери и позиции со ракети


Пакистанската армија одговори на провокациите од страна на индиската армија во граничната зона каде што двете армии се повеќе се судираат. Во неколку напади со противтенковски ракети и пешадиско оружје, голем број војници од двете страни беа ранети. Тензиите на индиско-пакистанската граница не стивнуваат, додека медиумите во двете земји објавуваат дека војната е неизбежна. Борбената […]

Индија го суспендира договорот за вода со Пакистан и го затвора главниот граничен премин по терористичкиот напад во Кашмир


Индија денеска го суспендираше договорот за споделување на водите од реката Инд со Пакистан, како сигнал дека го обвинува соседот за вчерашниот смртоносен напад во Кашмир, при кој загинаа 26 лица. Индискиот секретар за надворешни работи Викрам Мисри ја соопшти мерката на прес-конференција во Њу Делхи, откако премиерот Нарендра Моди одржа итен состанок на Советот […]

Пакистан се соочува со криза со полиото: Милитантите ја попречуваат вакцинацијата


Вирусот на полио (детска парализа) е откриен во примероци од канализација во најмалку 18 окрузи во Пакистан, соопштија денеска официјални лица, што претставува закана за напорите за искоренување на оваа болест во една од последните жаришта во светот. Дивиот полиовирус тип 1 (WPV1) е пронајден во 18 големи градови, вклучувајќи го Исламабад, изјави портпаролот на […]

Обилни дождови и поплави во Пакистан однесоа најмалку 30 животи


Поплавите предизвикани од силни дождови во Пакистан предизвикаа штета во која оваа седмица загинаа најмалку 30 лица, соопштија денеска властите, дополнувајќи дека вториот по големина град Лахоре беше преплавен со најголемата количина на дожд во последните четири децении. Доаѓањето на сезоната на монсуните предизвика поплави и лизгања на земјиште низ јужна Азија минатата седмица, со […]

Судот во Пакистан ја поништи пресудата дека бракот на поранешниот премиер е незаконски


Судот во Пакистан денеска ја поништи пресудата и седумгодишната затворска казна за поранешниот премиер Имран Кан (71) и неговата сопруга Бушра Биби (49) за наводен нелегален брак во 2018 година. Судот соопшти дека брачната двојка треба да биде ослободена доколку против нив не се води друга постапка. Биби е третата сопруга на Кан и претходно […]

Топлотниот бран ги откажа часовите за половина од пакистанските ученици


 Половина од пакистанските ученици нема да одат на училиште една недела бидејќи нацијата презема кризни мерки за да го намали ефектот од серијата топлотни бранови, соопштија денеска властите. Околу 26 милиони ученици ќе останат без часови од сабота во Пенџаб, најнаселената провинција во Пакистан, која нареди училиштата да се затворат за летниот распуст една недела […]

Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден


Најмалку 20 лица загинаа денеска, а 21 е повредено кога автобусот во кој се наоѓале падна во длабока провалија на крајниот север на Пакистан, изјави портпаролот на локалната влада, Фајзулах Фирак. Несреќата се случила на автономната територија Гилгит-Балтистан. Фирак рече дека повредените се пренесени во болници.

Прогласена вонредна состојба: Поплавите однесоа повеќе од 70 животи (видео)


Силно невреме ги погоди Авганистан и Пакистан и предизвика поплави кои досега однесоа повеќе од 70 животи. Најмалку 39 лица загинаа во Пакистан откако силно невреме го погоди југозападниот дел на земјата. Силни поплави се забележани и во соседен Авганистан, каде животот го загубија 33 лица, а стотици куќи беа оштетени, соопштија авганистанските власти. Најпогодена […]

Асиф Али Зардари по втор пат избран за претседател на Пакистан


Асиф Али Зардари (68) денеска по втор пат беше избран за претседател на Пакистан, што во голема мера е протоколарна функција што ја извршуваше од 2008 до 2013 година. Зардари доби 411 гласови во гласањето на изборниот колегиум, кој го сочинуваат пратеници од двата дома на парламентот и четири покраински собранија, додека кандидатот на опозицијата […]

Во ненадејните снежни врнежи во Пакистан загинаа 35 лица


Најмалку 35 луѓе загинаа, а десетици се повредени откако замрзнат дожд и неочекуван снег ги погодија оддалечените области на Пакистан во текот на викендот. Меѓу загинатите има и 22 деца, од кои повеќето беа згмечени од лизгање на земјиштето што ги затрупа нивните домови, соопштија властите за управување со катастрофи. Екстремните временски услови ги погодија […]

Пакистан го исклучи интернетот додека траат изборите


Пакистан привремено го исклучи интернетот бидејќи милиони граѓани одат на парламентарни избори. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи рече дека мерката е оправдана, наведувајќи ги неодамнешните терористички инциденти во земјата. Повиците и интернетот се исклучени Изборите доаѓаат речиси две години откако на претходниот премиер, Имран Кан, играч на крикет, кој стана политичар, му беше изгласана […]

Зошто Иран и Пакистан се напаѓаат меѓусебно со ракети и зошто токму сега?


  Пакистан и Иран извршија напади едни на други на териториите во невидена ескалација на непријателствата меѓу соседите, во време кога тензиите нагло се зголемија низ Блискиот Исток и пошироко. Двете земји делат нестабилна граница, која се протега околу 900 километри, со пакистанската провинција Балочистан од едната страна и иранската провинција Систан и Белучестан од […]

Уапсени сопственикот и операторот на жичницата која вчера се заглави во Пакистан


Во Пакистан денеска се уапсени сопственикот и операторот на жичницата која вчера се заглави поради силниот ветер, соопшти локалната полиција. Двајцата мажи биле приведени откако сите деца биле спасени, но не се наведени детали за обвиненијата против нив. Пакистанската армија вчера спаси шест деца и двајца возрасни, кои останаа заробени во жичницата, заглавена на висина […]

Пакистан почна да гради нуклеарна централа во соработка со Кина


 Пакистанскиот премиер Шехабаз Шариф денеска ја започна изградбата на кинескиот проект за нуклеарна енергија од 1.200 мегавати, кој ќе биде изграден по цена од 3,5 милијарди долари, како дел од напорите на Владата да создаде што е можно повеќе чиста енергија, јавија американските медиуми. Церемонијата за одбележување на почетокот на проектот дојде помалку од еден […]

Осум деца загинаа во одрон по монсунските дождови во Пакистан


На северот на Пакистан осум деца загинаа во лизгање на земјиштето додека играа крикет по монсунските дождови, соопштија денеска локалните власти. Тие рекоа дека инцидентот се случил синоќа во областа Шангла и дека децата се на возраст меѓу 12 и 15 години, пренесе Ројтерс. Околу 15 деца поставија терен за крикет во близина на карпата, […]

Над 40.000 лица евакуирани во Пакистан и Индија пред налетот на силниот циклон Бипарџој


Повеќе од 40.000 лица се евакуирани во Индија и Пакистан пред пристигнувањето на моќниот циклон Бипарџој, што е придружен со ветрови со брзина од над 150 километри на час, соопштија денеска властите. Циклонот Бипарџој, што на бенгалски значи катастрофа, денеска напредуваше во Арапското Море и се очекува в четврток да удри на тлото меѓу јужен […]

Во метеж при рамазанско делење храна и пари во Пакистан загинати 11 жени и деца


Најмалку 11 жени и деца се убиени денеска во пакистанскиот град Карачи, во метеж што се случи во Рамазанскиот центар за делење храна и пари, соопштија денеска полицајци и спасувачи. Сопствениците на компании често делат пари и храна за време на исламскиот празник Рамазан, особено на сиромашните, а опустошениот од поплавите Пакистан се соочува со […]

Во Дубаи во егзил почина поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф


  Поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф денеска почина по долго боледување во болница во Дубаи, во самонаметнат егзил што траеше со години. Пакистанската војска и државната мисија во Обединетите Арапски Емирати ја објавија смртта на 79-годишниот поранешен пакистански воен командант, кој беше соборен од власта во 2008 година. -Можам да потврдам дека тој почина утринава, […]

Бројот на загинати во бомбашкиот напад во пакистанската џамија достигна 89


Бројот на загинати во бомбашкиот напад во џамија, чија цел беше полицијата во пакистанскиот град Пешавар, се зголеми на 89, соопштија денеска официјални лица. – Најмалку 89 луѓе ги загубија животите, изјави за ДПА Ајаз Кан, портпарол на локалната полиција. Околу 221 лице се ранети во самоубиствениот бомбашки напад што се случи вчера во преполната […]