Основните јавни обвинителства во државава ќе добијат 18 нови јавни обвинители кои денеска дадоа свечена изјава


Свечена изјава дека во вршењето на функцијата јавен обвинител ќе го почитуваат Уставот и законите и дека непристрасно и одговорно ќе ги заштитуваат слободите и правата на граѓанинот и интересите на другите правни субјекти, денеска пред Советот за јавни обвинители дадоа 18 обвинители. Свечена заклетва за основен јавен обвинител на Штип даде и обвинителката Татјана […]

ЈО поведе постапка против арачиновец за насилство кон градоначалникот на општината


Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 69-годишен арачиновец кој се сомничи за „насилство“ врз градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими. – Осомничениот, 69-годишен арачиновец, на 23 мај без дозвола влегол во канцеларијата на градоначалникот, насилно барајќи да му се додели земјиште во надлежност на Општина Арачиново. Откако не го нашол во канцеларијата, го пресретнал […]

Се предлага притвор за двајцата осомничени за грабнување на внукот на Бошкоски


Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија на кривично дело „грабнување“. -Тие на 3 март заедно учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. Осомничените, на возраст од 30 и 25 години, претходно по предлог на Обвинителството, а […]

Одбиено барањето на одбраната на сопственикот на „ДоказМ“ за изземање на скопското ОЈО


Вишото јавно обвинителство го одби барањето на одбраната за изземање на сите обвинители од скопското Јавно обвинителство поради можноста да се јават како оштетени во постапката што се води против обвинетиот Марјан Стаменковски, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост „ДоказМ“, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела. Барањето е одбиено, а […]

Оформен предмет по допрен глас за смрт на пациенти во прилепската болница


  Основното јавно обвинителство во Прилеп по допрен глас оформи предмет по информациите за смрт на две лица во ЈЗУ Општа болница Прилеп – жена на возраст од 48 години и непознато машко лице кај кои биле извршени оперативни зафати по што добиле интерхоспитална бактерија од која починале. Според сознанијата, веднаш по овие случаи сите […]

ОЈО утре ќе информира за случајот за Жан Митрев


 Основното јавно обвинителство утре на средба со новинарите ќе информира за текот на постапувањето по предметот за сопственикот на клиниката „Жан Митрев“, доктор Жан Митрев, во врска со сомневањата за измама на пациенти, што беше отворен по документарецот што го објави ИРЛ, според кој, во клиниката бил злоупотребен метод за лекување хемофилтрација во текот на […]

Обвинителите на непосредни избори бираат нов шеф на ОЈО ГОКК


 Почна гласањето на кое 163-те јавни обвинители од земјава првпат на непосредни избори бираат нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) меѓу четворицата кандидати – Деса Пауновска и Ислам Абази, кои доаѓаат од Вишото обвинителство – Гостивар, Ермон Незири од скопското Обвинителство и суспендираната шефица на ОЈО […]

ОЈО Скопје постапува по кривичната пријава за претресот во Управата за финансиска полиција


   ОЈО Скопје постапува по кривичната пријава за злоупотреба на службена должност при претресот извршен на 18 јули годинава во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО – ГОКК. Како што информираат од ОЈО Скопје на денешниот брифинг со новинари, веќе се прибрани материјални докази и сослушан е подносителот на кривичната пријава, а во […]

Пресуди за дивите копачи и продавачи на културното наследство во предметот „Ниџе“


Предметот со културното наследство познат како „Ниџе“, за кој Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кон крајот на септември минатата година отвори истрага против осум лица, денеска во Основниот кривичен суд заврши со пресуда. Како што информира Јавното обвинителство, откако шестмина обвинети во фаза на оценка на обвинителен акт признаа вина […]

Осуммина осомничени за учество во толпа пред Собранието


Основното јавно обвинителство Скопје, во врска со настаните пред Собранието на 5 јули, поведе постапка против осум полнолетни лица, за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ од член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – Осомничените за време на јавен […]

ОЈО: Тројца лекари од Струга обвинети за тешки дела против здравјето на луѓето


По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против три лица за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 3 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, првообвинетиот како лекар – специјалист гинеколог акушер,  […]

Трансферот на предметите – спасувачка гума за СЈО


Сите предмети на СЈО, според вчерашните последни неофицијални информации, ќе преминат во посед на Државното јавно обвинителство предводено од Љубомир Јовески, откако тоа го побара специјалната обвинителка Катица Јанева, која се наоаѓа во притвор како осомничена во случајот „Рекет“. Тимот на СЈО вчера чекаше обвинителот Јовески официјално да го означи стартот на трансферот на комплетната […]

Обвинителството му врати на Пендаровски: Подобро да ги повикаше пратениците да го гласаат новиот закон


Основното јавно обвинителство денеска реагираше по критиките од претседателот Стево Пендаровски за бавната истрага околу случајот „Рекет“ и барањата за одговорност кај сите инволвирани, вклучително и претставници на актуелната власт. „Укажуваме дека не е време за напади на институциите и нема да дозволиме дискредитирање на обвинители и мешање во кривични постапки од страна на политичарите. […]

Дескоска: „Рекет“ само го зaбрза интегрирањето на СЈО и Јавното обвинителство


Личната одговорност не треба да ја врзуваме со одговорноста на целата институција. Случајот „Рекет“ само го збрза реализирањето на идејата да се интегрираат СЈО и Јавното обвинителство, вели министерката за правда Рената Дескоска. Во интервју за Телма таа истакнува дека оваа идеја била ставена на маса од страна на Министерството во преговорите со опозицијата за […]

Побаран притвор за три лица по обвиненијата против Стевче Јакимовски


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје, достави Предлог за определување на мерка – Притвор против три лица, македонски државјани. За лицата постои основано сомневање дека сториле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, додека едно […]

Се проверува дали имало прислушање и во Обвинителството за организиран криминал и корупција


Во тек е вештачење на хард дисковите на Обвинителството за организиран криминал и корупција, затоа што при непосредната контрола не постоеја технички можности да се утврди дали и таму било снимано. Сé уште не знаеме дали и во ова Обвинителство било прислушувано, рече на денешната прес-конференција јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев одговарајќи […]

ОЈО Скопје нема Истражен центар, нема истражители, а недостасуваат и 16 обвинители


Основното јавно обвинителство Скопје како најголемо обвинителтво кое покрива 90 отсто од криминалот во државата, нема Истражен центар, нема истражители, а недостасуваат и 16 јавни обвинители, рече јавниот обвинител Сашо Рајчев на денешната прес-конференција, на која ги презентираше информациите за автобуската несреќа што се случи пред еден месец кај скопското село Ласкарци. -Со оглед на тоа дека […]

Отфрлени кривични пријави на СМК, ОЈО нема да ги гони Заев и Димитров за договорот


Обвинителството ги отфрли кривичните пријави на Светскиот македонски конгрес против премиерот Зоран Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров. Кривичните пријави се однесуваа на потпишувањето на договорот од Преспа. Основното јавно обвинителство – Скопје, како што соопштија оттаму, ја отфрли на кривичната пријава против две лица поднесена од СМК, лани на 14 септември, за повеќе […]

Крај на фарсата: Никој не е виновен за бегството на Груевски


Основното јавно обвинителство утврди дека ниту едно службено лице не помагало, ниту учествувало во организацијата и реализацијата на бегството на Никола Груевски. Досега прибавените докази упатувале на заклучок дека имало определени пропусти во постапувањето на надлежните институции, но тие не претставувале кривично-правно дејствие и не биле во надлежност на Јавното обвинителство. Обвинителството соопшти дека ги […]

Вакцините со погрешна декларација не биле уништени


Министерството за внатрешни работи го известила надлежниот јавен обвинител дека во просториите на фирмата „Македонија лек“ биле пронајдени МРП вакцините со погрешни декларации и оти тие се уште не се уништени. „Надлежниот јавен обвинител веднаш издаде наредба за обезбедување на вакцините за потребите на евентуална идна постапка. Вакцините ќе бидат попишани и обезбедени, а ќе останат […]