ОЈО почна постапка за една дивоградба во Чаир


Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, Основното јавно обвинителство Скопје почна истражна постапка против едно лице за кривично дело – бесправно градење. „Објектот почнал да се гради во 2024 година, без одобрение и на државно земјиште на улицата „Кемал Сејфула“ во Чаир. Осомничениот, како управител на правно лице, се јавува како инвеститор на градбата […]

Арсовска денеска со докази за дивоградби во Чаир, ќе оди во ОЈО


Откако ОЈО ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да дојде, а кај нив денеска има на располагање дежурен јавен обвинител, веднаш без одлагање, доколку сака да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани и да ги провери сите околности, таа најави дека ќе оди во 15 часот. – Денес (сабота 31.05.2025) во 15 […]

ОЈО ја вика Арсовска веднаш на сослушување за наводите за криминал во Чаир и заканите по живот


Основното јавно обвинителство Скопје постапува по доставено известување од СВР Скопје и издаде повеќе наредби по кои веќе се преземаат дејствија, информираат од Обвинителството во врска со тоа дали досега јавен обвинител обезбедил докази од општина Чаир поврзани со наводите на скопската градоначалничка Данела Арсовска.  – Доколку градоначалничката како службено лице има сознанија за кривично […]

ОЈО со прес-конференција за предметот „Онкологија“ (видео)


Прес конференција  за предметот „Онкологија“ на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и предметната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска.    

Истрага за две грабнувања во Тетово, едната жртва било дете


Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители грабнале две лица, од кои едно дете. Како што соопштуваат од Основното јавно обвинителство, на 5 мај утрото, двајцата осомничени со умисла извршиле грабнување на лице, на сила влечејќи го за рацете и рамењата, […]

Поднесено обвинение против 59-годишник за полов напад врз малолетник


Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе обвинение против 59-годишник кој се товари за полов напад врз малолетник. Како што информира Јавното обвинителство, обвинетиот на 24 август 2024 година во парк во населбата Чаир извршил други полови дејствија врз дете кое во тој момент имало наполнети 15 години. Започнал да го допира детето, […]

ОЈО ги повика сите кои имаат докази и лични сведоштва за трагедијата во Кочани да ги споделат со истрагата


Родителите на настраданите во пожарот во кочанската дискотека, денеска во 12:05 на „Марш за ангелите“ во Скопје. Маршот почна пред Обвинителството, продолжи на градскиот плоштад, ќе заврши пред Собранието. Јавното обвинителство покани на средба претставници на семејствата кои би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка. -Одговарајќи на сите поставени прашања […]

Обвинителството ги повика семејствата на настраданите во пожарот во Кочани на средба со обвинителите кои работат на случајот


 Јавното обвинителство упати покана до семејствата на настраданите во пожарот во Кочани доколку сакаат подетално да се запознаат со сите аспекти од истражната постапка, во текот на утрешниот ден да остварат средба со јавниот обвинител и со обвинителите кои постапуваат по предметите.  Како што е наведено во соопштението од Обвинителството, семејствата на настраданите треба да […]

Двајца браќа обвинети за убиство и за обид за убиство на подмолен начин


 По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против двајца браќа обвинети за убиство и за обид за убиство на подмолен начин. -Во текот на истрагата се обезбедени докази кои потврдуваат дека на 01.11.2024 година во Арачиново двајцата браќа на возраст од 23 и 31 година со умисла […]

ОЈО Куманово оформи предмет за загадувањето на Крива Река


Основното јавно обвинителство Куманово денеска информираше дека веќе е оформен предмет за Крива Река и наводите на општината дека е загадена по хаваријата во рудникот Тораница. Сепак, од обвинителството информираат дека кај нив пријава сè уште не е пристигната од општината. – Досега кривична пријава од општината Крива Паланка не е пристигната, меѓутоа обвинителството веќе […]

Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани


Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани, информираат од Јавното обвинителство на РСМ. Деталите за истрагата, осомничените и предложените мерки за обезбедување, како што е најавено, ќе бидат соопштени денеска напладне на прес-конференција пред […]

Дозволите на американските компании за извоз на месо во Кина масовно истекоа. Кинезите не издаваат нови


Дозволите на американските компании за извоз на месо во Кина масовно истекоа. Кинезите не издаваат нови. Дозволите за увоз за повеќе од 1.000 американски компании за месо одобрени од Кина според трговскиот договор „Фаза 1“ од 2020 година истекоа во неделата, покажа кинеската царинска веб-страница, заканувајќи го американскиот извоз на најголемиот купувач во светот поради […]

Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор


Обвинителството вечерва соопшти дека се поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица во врска со трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани.  Од нив, за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, а за останатите тројца кои се хоспитализирани и во потешка здравствена состојба, постапката ќе продолжи дополнително.  – Обвинителството […]

Обвинителството бара притвор за пет лица опфатени со вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут


 За пет лица опфатени во вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут се бара притвор, а за едно од нив мерката би се применила по неговото пронаоѓање. За останатите осомничени се предложени мерки за обезбедување присуство.  – Имајќи ги предвид околностите и тежината на стореното дело, јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на […]

Советот на јавни обвинители избра 31 нов јавен обвинител, пет обвинителства без кандидати


Советот на јавни обвинители (СЈОРМ) денеска избра 31 нов јавен обвинител за 10 основни јавни обвинителства низ Република Северна Македонија. Кандидатот пријавен за обвинителствата во Гостивар и Кичево, не го добил потребниот број на гласови, а во пет обвинителства воопшто немало пријавени. Во Основно јавно обвинителство Скопје се избрани кандидатите Сашо Палчевски, Бурханедин Нухију, Ирина […]

Обвинителството бара мерки на претпазливост за возачот кој удри пешак во Скопје


Мерки на претпазливост кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето, обврска на осомничениот да се јавува на одредено службено лице во судот, како и привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница предлага јавен обвинител за 47-годишникот, кој вчера по полноќ со […]

Одредени мерки за претпазливост за 10 лица во акцијата спроведена во КПУ Затвор Скопје


 Судија на претходна постапка од Кривичниот суд постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција определи мерки за претпазливост за 10 лица поврзани со акцијата спроведена во КПУ Затвор Скопје, соопшти Основниот кривичен суд  Скопје.  Судијата донел решенија со кои по произнесување на Јавниот обвинител и осомничените во присуство на […]

Поднесено обвинение за 31 физичко и пет правни лица во „Адитив“


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против 31 физичко и пет правни лица во предметот „Адитив“. Со обвинителниот акт обвинителството му предложи на судот одземање на движни предмети (телефони, електронски и мемориски уреди) што биле употребени при извршување на кривичните дела, додека со посебен предлог се бара конфискација на […]

Претепале полициски началник во дискотека во Кавадарци, определен притвор за две лица


Основното јавно обвинителство Кавадарци повело постапка против две лица за кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Јавно обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека двајцата соизвршители осомничени за ова кривично дело, на 15 февруари во раните […]

Членови на семејството на Фросина Кулакова во ОЈО биле информирани за текот на постапката и прибраните докази


Членови на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајна несреќа на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ биле запознати со постапката и со прибраните докази против обвинетиот 20-годишен возач, а во текот на утрешниот ден нивниот бранител ќе изврши дополнителен увид во доказите.  – Членови на семејството на жртвата во својство на оштетени и […]