Нивото на Охридското Езеро 11 см над просекот за август


Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на кота 693,57 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. Тоа е за 11 сантиметри над просечното ниво за август, утврдено на котата 693,46 метри надморска височина, односно 47 сантиметри над дозволениот минимум од 693,10 метри. Температурата на водата, измерена утринава во 7:30 […]

Девет лица пијани возеле чамци и глисери на Охридско Езеро


Вчера полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во содејство со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад и инспектори од Капетанија на пристаништа Охрид, реализираа координирани акциски контроли кон пловните објекти во водите на Охридското Езеро. Од МВР информираат дека мерките биле преземени согласно одредбите од Законот за внатрешна […]

Прекугранична велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа


Велосипедска тура околу Охридското Езеро ќе се одржи денеска по повод Денот на Европа, а воедно ќе се промовира одржлива мобилност, еколошка свест, здрав начин на живот и граѓанско учество, соопшпти Делегацијата на ЕУ во земјава. Оваа прекугранична велосипедска тура е заедничка активност на делегациите на Европската Унија во Северна Македонија и во Албанија и […]

Чамците и скутерите летово со ограничено пловење на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро


Чамците и скутерите ова лето ќе имаат ограничен режим на пловење на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, согласно одлуката што ја донесе Владата на предлог на Министерството за транспорт, со цел зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата. Со одлуката се предвидува ограничување на пловидбата на скутери во периодот од 1 јули до […]

Се наполни Охридското Езеро – нивото 16 сантиметри над февруарскиот просек


Нивото на водата на Охридското Езеро денеска се наоѓа на 693,55 метри надморска височина. Тоа е за 16 сантиметри над просекот за февруари утврден на котата од 693,39 метри надморска височина. За релативно високиот водостој во езерото придонесоа продолжените интензивни и обилни врнежи од дожд и снег изминатиот период,  што ја подобрија севкупната хидролошка ситуација […]

Нивото на водата во Охридското Езеро 15 сантимери над месечниот просек


Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,5 метри надморска височина. Тоа е за 15 сантиметри над просекот за јануари утврден на 693,35 метри надморска височина или 40 сантиметри над дозволениот минимум ( 693,1). Водостојот на Охридското Езеро денеска е забележително повисок од вообичаеното за овој период од годината, покажуваат најновите […]

Објавен ценовникот на дозволите за спортски риболов на Охридското Езеро


Новоформираното Здружение на рекреативни риболовци „Охридски Рибари“ заедно со концесионeрот на рекреативната риболовна зона „Охридско Езеро“ од идната седмица ќе почне со издавање дозволи за рекреативен риболов на езерото за 2026 година. Како што се посочува во соопштението од Здружението, секој што сака рекреативно да лови риба од Охридското Езеро нема да мора да плаќа […]

УХМР предупредува: Не шетајте преблиску до Охридското Езеро, има високи бранови


Во текот на денешниот ден, како и за време на претсотјнаа ноќ се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата кои пообилни се најавува да бидат во западните делови од земјата. Исто така, за време на денешниот ден се очекува прилично топло време за овој период од годината со јужно струење и прилично […]

Нивото на водата во Охридското Езеро десет сантиметри над просекот за ноември


Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693.39 метри надморска височина или десет сантиметри над просекот за месец ноември. Нормализирањето на водостојот секако е последица на обилните врнежи што го зафатија регионот изминатите денови. За споредба, пред само десет дена нивото на водата во езерото беше десет сантиметри под месечниот просек. […]

Нивото на водата во Охридското Езеро осум сантиметри под просекот за ноември


Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693.21 метри надморска височина или осум сантиметри под месечниот просек. Според последните мерења на водостојот спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи нивото на водата во езерото е 11 сантиметри над дозволениот минимум утврден на котата 693,1 метри надморска височина. Температурата на водата денеска изнесува […]

Охридското езеро порибено со околу милион единки на охридска пастрмка


  Денеска Охридското Езеро беше порибено со околу милион единки на охридска пастрмка. На овој наста присуствуваше и министерот за земјододелство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој рече дека порибувањето на Охридското Езеро е согласно договорот на Министерството со Хидробиолошкиот завод – Охрид и Институтот за сточарство и рибарство согласно Програмата од 2024 година. „Обврската е […]

Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари


 Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,15 метри надморска височина или 24 сантиметри под просекот. Денешниот водостој на езерото е само шест сантиметри над дозволениот минумум. Неповолните временски услови со малку врнежи дополнително придонесуваат за нискиот водостој. На почетокот на декември минатата […]

Еколози и експерти на ОН: На Охрид како алтернатива за морето, му треба поголем Колекторски систем


 Охридското Езеро се соочува со зголемен ризик од загадување, прекумерен риболов и урбан развој, предупредуваат еколозите и експертите на Обединетите нации. Како што објавуваат светските агенции, а пренесуваат медиумите што пишуваат на теми  од областа на екологијата и заштита на животната средина, езерото што е едно од најстарите во Европа со старост од 3,5 милиони […]

Сезоната на Охридското Езеро без позначајни нарушувања на безбедноста на капачите и несреќи


Во текот на летната туристичка сезона, полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, (Езерска полиција), оствари стабилна и поволна безбедност во водите на Охридското езеро. Немаше регистрирани позначајни нарушување на безбедноста на капачите вдолж охридското и струшкото крајбрежје, не се пријавени пловидбени несреќи и немаше случаи на давеник во езерските води. Полициските службеници од Езерската […]

Од „Фронт 21/42“ ја поздравуваат одлуката за повлекување на Предлог законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато


Одлуката на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање да бидат повлечени од процедура Предлог-законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и Предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата наиде на поддршка на еколошките здруженија. Од организацијата „Фронт 21/42“ што отворени се спротивставуваше на донесувањето на […]

Англичанец паднал од карпа во Охридското Езеро, пренесен е во болница


Денеска, во 12.35 часот во СВР Охрид е пријавено дека, од карпа, во водите на Охридското Езеро, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, паднало едно лице, кое се здобило со повреди.   На посоченото место веднаш биле упатени полициски службеници од Полициската станица Охрид, како и од Полициската станица за граничен надзор „Охридско […]

Холандски државјанин удрил во камен во Охридското Езеро – итно пренесен во болница


Преку Единствен повикувачки број за итни повици 112 во околу 12 часот е добиена дојава за повредено лице кое удрило во камен во Охридското Езеро. Се работи за хлоландски државјанин кој со кајче се пренесува до пристаништето на хотелот „Александрија“ во Охрид. За итниот случај, од ЦУК веднаш е известена Итна медицинска помош, кои чекаат […]

Во Охридското Езеро се крие најстариот езерски град во Европа


Мирните води на албанскиот дел од Охридското Езеро го кријат најстариот езерски град во Европа. Археолошките истражувања биле во рамките на регионалниот проект EXPLO, а еден од најважните резултати на проектот е што населбите на крајбрежјето на езерото во регионот се многу постари отколку што очекувале. Првите активности во рамките на проектот биле со партнери […]

Екологисти од Македонија и од Албанија против најавената трка со моторни чамци на Охридското Езеро


Повеќе од 50 здруженија на граѓани, еколошки асоцијации и институции од земјава и од соседна Албанија покренуваат иницијатива за да се спречи одржувањето на настанот „F1H2O“, закажан за одржување во јуни годинава во делот на Охридското Езеро кај Поградец, во соседна Албанија. Настанот „F1H2O“ е дел од светското првенство во трка со високо-туражни моторни чамци, […]

Зголемен водостојот на Охридското Езеро


 За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). И покрај тоа, водостојот на Охридското Езеро е за три сантиметри понизок од просекот за ноември. Пониско од просечното и тоа […]