Се бараат изведувачи за ремедијација на малата депонија во „Охис“


Владата, во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС), организираше „Форум за јакнење на капацитетите на добавувачи“ во рамки на Националниот еколошки фонд за чистење на контаминираните локации на поранешната фабрика ОХИС во Скопје. Форумот привлече 28 домашни и меѓународни компании, даватели на еколошки услуги, технички експерти и релевантни институции и беше […]

Претреси во кругот на ОХИС поради случајот со петте тони марихуана запленети во Србија


Попладнево се вршат претреси во фирмата „Алфафарм“, лоцирана во кругот на поранешната хемиска индустрија ОХИС, во рамки на истрагата поврзана со заплената на околу пет тони марихуана во Србија, јавува Телма. Под лупа на истражните органи се и повеќе објекти на други фирми кои имаат лиценца за одгледување канабис за медицински цели. „Алфафарм“ е формирана […]

Дополнителни 12 милиони евра за чистење на малата депонија на ОХИС


Денеска беше потпишано продолжување на договорот за партнерство меѓу Владата на Република Северна Македонија и Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) за ремедијација на малата депонија контаминирана со линдан лоцирана во поранешната фабрика ОХИС во Скопје. Продолжувањето на договорот обезбедува дополнителни 12 милиони евра финансиски средства, обезбедени од Владата преку Генералниот секретаријат на […]

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина


Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) вечерва информира дека нема никакво истекување на линдан од поранешниот индустриски комплекс ОХИС, уверувајќи дека процесот на негово чистење се одвива континуирано и безбедно. -МЖСПП континуирано работи на решавање на еден од најголемите еколошки предизвици во земјата, чистењето на линданот во поранешниот индустриски комплекс ОХИС, се наведува […]

Обезбедени дополнителни 24.435.000 денари за чистење на депонијата во ОХИС


На вчерашаната 27ма Седница, Владата донесе Одлука, Министерството за животна средина и просторно планирање да ги префрли средствата  наменети за чистење на контаминираната локација во ОХИС на сметката на Мулти-партнерскиот  фонд за животна средина, во висина од 24.453.000 денари.   Со ова, нашата држава ги исполнува обврските за обезбедување на средства на годишно ниво, согласно одлуката на Владата од 2013, […]

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3, почнува извозот од „ЛОТ“ 4


Со денешниот извоз на последните три контејнери со околу 63 тони почва загадена со линдан од малата депонија во поранешната фабрика ОХИС во Скопје се финализира „ЛОТ“ 3 (Дел 3). Како што информираат од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), крајната дестинација на трите контејнери е во фирмата Indaver HIM Gmbh во Германија. Воедно, денеска […]

Пожар во поранешната фабрика „ОХИС“


Центарот за управување со кризи извести дека од Е-112 во ЦУК е добиена пријава за пожар во поранешената фабрика „ОХИС“. Како што соопштуваат од ЦУК, во фабриката е опожарен оџак и дрвна маса во еден од објектите на истата. Известени се БППЗ на град Скопје. Како што извести директорот на Центарот за управување со кризи, […]

Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС испратени на уништување во Франција


Чистењето на малата (делта) HCH депонија во ОХИС продолжува со ремедијација на Лот 3, со кој ќе се отстранат 525 тони на HCH отпад и 210 тони на земја контаминирана со HCH, информираа денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во рамки на досегашните активности спроведени за ремедијација на третиот лот, ископани и […]

Надвор од кругот на ОХИС нема надминување на концентрациите на линдан


Согласно добиените мерења од акредитирана лабораторија, надвор од кругот на ОХИС во воздухот од испарувањата нема надминување на концентрациите на линдан што се дадени во планот за управување и негово отстранување од депонијата, изјави директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски. -Во кругот на ОХИС има на една точка надминување на концентрациите. Таа точка […]

Завршува чистењето на линданот од Охис со УНИДО, продолжува со УНОПС


Mинистерството за животна средина и просторно планирање и Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи денеска го одржаа завршниот настан од проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на активности за чистење на локациите контаминирани со изомери на линданот во ОХИС“. Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, министерот Насер Нуредини, […]

Првиот контејнер со контамирана земја од ОХИС замина за Германија


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини направи обиколка на локацијата во „ОХИС“ каде што е спакувана контаминираната земја со HCH од малата депонија. По комплетирањето на сите потребни дозволи за извоз, компанијата „Polyeco“ денеска го почна транспортот на 126 тони земја контаминирана со HCH, спакувана во седум контејнери. Крајна дестинација на контаминираната […]

Се истражува загаденоста на Пеленица, според прелиминарните резултати линданот е присутен во почвата


  Со години се зборува дека освен во малата и големата депонија во ОХИС, каде е закопана огромна количина на линдан, истиот е присутен и на локацијата Пеленица, во населба Драчево. Од таа причина Министерството за животна средина и просторно планирање одлучи да одвои околу три милиони денари со цел да се направи истражување за […]

Се шири миризба од ОХИС, од Инспекторатот велат дека доаѓа од големата депонија со линдан


Поради зголемување на температурите можно е во одредени временски интервали да се јавува непријатен мирис, кој потекнува од големата депонија и оваа состојба е години наназад. Големата депонија локациски се наоѓа веднаш до малата, која се чисти. ДИЖС континуирано врши инспекциски надзори – 15 дена нема активности во шаторот-мала депонија, велат од надлежниот Инспекторат за […]

Во следниот период уште 20 контејнери со опасниот линдан заминуваат од ОХИС


  Вчера за Франција замина првиот товар со опасниот линдан од малата депонија во поранешната фабрика ОХИС, а денеска министерот за животна средина Насер Нуредини најави дека уште 20 контејнери во следниот период ќе бидат однесени од државата. „Со посебно задоволство ја објавивме веста дека првите седум контејнери со чист HCH, секој од нив тежок […]

МЖСПП: Првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминуваат од државава


Започна транспортот на опасниот историски отпад од малата депонија од пораншниот индустриски гигант ОХИС, информираа попладнево од Министерството за животна средина и просторно планирање. – Имено по добиеното одобрение од солунското пристаниште за прием на првата испорака на отпадот, на 23.06.2022г започна утоварот на бурињата со чист HCH во контејнери кои беа соодветно запечатени и […]

Чистењето на линданот од ОХИС оди побрзо од очекуваното


Чистењето на малата депонија со линдан во кругот на ОКТА во Скопје, оди побрзо од очекуваното, потврди денеска министерот за животна средина Насер Нуредини.  Досега е исчистен едниот базен во кој се наоѓале 450 тони линдан и околу 150 тони контаминирана почва, која е пониско концентрирана. Отпадот е безбедно складиран и се планира да се […]

Следната недела почнува чистењето на линданот од ОХИС


Следната недела започнува чистењето на линданот од малата депонија во кругот на фабриката ОХИС, а загадената земја со специјални контејнери ќе биде пренесена во Франција и во Холандија, каде треба да се деконтаминира. – Денеска сме сведоци на завршување на подготовките за започнување на процесот на чистење на линданот, едно повеќедецениска, жешка еколошка точка, во […]

Премиерот Ковачевски на увид во процесот на чистење на линданот од малата депонија во „ОХИС“


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и шефот на Делегацијата на Европската Унија Дејвид Гир денеска во кругот на фабриката „ОХИС“ ќе направат увид во активностите за отпочнување на процесот на чистење на линданот од малата депонија. На настанот ќе присуствуваат и шефот на канцеларијата […]

Анѓушев: Не сум оптимист дека ОХИС може повторно да проработи


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев не е оптимист дека загубарот ОХИС може повторно да проработи и да се спроведе успешна стечајна постапка како во ФЕНИ индустри. -Како институции и држава треба да сме горди што успеавме да го спасиме ФЕНИ, но меѓу него и ОХИС има и сличности и разлики. Слично е што припаѓаат […]