Нов бран отпуштања во светските технолошки компании


Само неколку недели по почетокот на втората половина од годината, технолошката индустрија е потресена од нов бран отпуштања во најголемите светски компании. Според податоците што ги собра „Бриџ Кроникл“ (The Bridge Chronicle), повеќе од 100.000 луѓе веќе останале без работа, а предводи Интел (Intel) со повеќе од 12.000 укинати работни места ширум светот. Следува Мајкрософт […]

„Мајкрософт“ планира нов бран отпуштања


Компанијата „Мајкрософт“ размислува за нов бран отпуштања што би можел да започне уште во мај, според наводите на лица запознаени со внатрешните дискусии. Лидерите на одредени тимови во компанијата разговараат за укинување на средните менаџерски позиции и зголемување на уделот на програмерите во однос на оние кои не се занимаваат со кодирање, дознава Бизнис Инсајдер од […]

Поголем број од вработените во Американскиот институт за мир добија отказ преку електронска пошта


Повеќето од вработените во Американскиот институт за мир, тинк-тенк создаден од Конгресот и управуван од Одделот за ефикасност на владата, предводен од Илон Маск, добиле мејлови за нивните масовни отпуштања од работа, јавија светските агенции. Пораките, испратени на лична електронска пошта, бидејќи повеќето вработени веќе го изгубиле пристапот до канцеларискиот систем, почнале да пристигнуваат завчера […]

Русија и Кина работат на регрутирање на отпуштените федерални работници во САД како шпиони


  Додека претседателот Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск работат на ремонт на американската федерална влада, тие бркаат илјадници работници со инсајдерски знаења и врски на кои сега им треба работа. За Русија, Кина и другите противници, пресвртот во Вашингтон претставува невидена можност за регрутирање доушници, велат експертите за национална безбедност и разузнавање. Секој поранешен […]

„Тесла“ ќе отпушти повеќе од 10 отсто од вработените


Американскиот производител на електрични возила (ЕВ) Тесла ќе отпушти повеќе од 10 отсто од својата глобална работна сила, се вели во интерниот допис на компанијата. „Додека ја подготвуваме компанијата за нашата следна фаза на раст, исклучително е важно да го разгледаме секој аспект на компанијата за да ги намалиме трошоците и да ја зголемиме продуктивноста“, […]

На Германија ѝ се заканува бран отпуштања


Германските компании не само што ја губат волјата да отворат нови работни места, туку најверојатно ќе почнат и да отпуштаат работници, изјави Клаус Волрабе од економскиот институт Ифо. Барометарот за вработување на Ифо падна во јануари на 95,5 поени, нешто пониско од декември. Индексот на 100 поени укажува на статус кво, над плановите за вработување, […]

„Мета“ би можела да отпушти речиси 20 отсто од својата работна сила во Ирска


Компанијата „Мета платформи“ на „Фејсбук“ очекува да отпушти околу 490 работници во своето меѓународно седиште во Даблин, што е еднакво на речиси една петтина од нејзината работна сила во Ирска. Со ова „Мета“ ја започна последната рунда планирани отпуштања ширум светот, како дел од најавеното затворање на приближно 10.000 работни места. Во моментов вработува 2.500 […]

Стотици вработени во Гугл во Лондон прекинаа со работа поради отпуштања


Стотици вработени во Гугл денеска ја прекинаа работата во канцелариите на компанијата во Лондон, по спорот околу отпуштања. Во јануари, матичната компанија на Гугл, Алфабет, соопшти дека отпушта 12.000 вработени ширум светот, што е еквивалентно на шест отсто од глобалната работна сила. Овој потег доаѓа во време на бран отпуштања во американските компании, особено во […]

Шефот на „Амазон“ најави нови 9.000 отпуштања во порака до вработените


„Амазон“ ќе подели уште 9.000 отпуштања, напиша денеска извршниот директор на компанијата Енди Џеси во порака до вработените. Кога денешната порака ќе се додаде на претходната рунда отпуштања, која започна во ноември и траеше до крајот на јануари, кога вкупно 18.000 луѓе останаа без работа во гигантот за е-трговија се доаѓа до фрапантна бројка од […]

Турција забрани отпуштање од работа во 10 градови по земјотресите


  Турција денеска воспостави привремена шема за поддршка на заработката и забрани отпуштања на работници во 10 градови, за да ги заштите работниците и претпријатијата од финансиски последици на разорните земјотреси кои го погодија југот на земјата што се случија порано овој месец. Работодавачите чии работни места тешко или умерено трпат штети од земјотресите ќе […]

„Форд“ отпушта 3.800 вработени, на удар и погоните во Европа


Американскиот гигант „Форд“ планира да отпушти 3.800 вработени во секторот администрација и производство во следните три години, соопшти денеска компанијата. Во соопштението се наведува дека околу 2.300 работници ќе бидат отпуштени од погоните во Келн и Ахен, 1.300 во Велика Британија и 200 во остатокот од Европа, пренесува Срна. Од компанијата нагласуваат дека имаат намера […]

„Мета“ подготвува нов бран отпуштања


Американската компанија „Meta platforms“, сопственик на Фејсбук, го одложи финализирањето на буџетот за неколку тимови како подготовка за нова рунда отпуштања, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Двајца вработени во Мета за весникот велат дека во последните недели не е јасно колкав ќе биде буџетот и идниот број на вработени. „Мета“ на почетокот на овој месец објави […]

„Зум“ отпушта 1.300 работници


Компанијата за комуникациски технологиии „Зум“ (Zoom), со седиште во Сан Хозе, Калифорнија, во вторникот ги објави плановите за отпуштање на околу 1.300 работници, или 15 отсто од вработените, според блог пост на веб-страницата на компанијата.  Извршниот директор Ерик Јуан напиша во блог пост дека додека светот продолжува да се прилагодува на животот по Ковид пандемијата, […]

Анализа: Сѐ повеќе компании во САД планираат отпуштања поради опасноста од рецесија


  Сѐ поголем број американски компании предвидуваат кратења на работни места и за првпат по пандемијата очекуваат помалку развојни инвестиции, покажуваат податоците од најновото истражување на Американската национална асоцијација за бизнис-економија (NABE). Зголемувањето на каматите дава резултати и се забележува одредено забавување на економијата. Но, сопствениците на бизниси сè уште се загрижени дека Федералните резерви […]

Дали отпуштањата во технолошките компании се предупредување за пошироката економија?


Последниве месеци испорачаа многу најави за кратења на работни места во некои од најголемите и најбогатите американски компании. Само минатата недела, „Амазон“ соопшти дека ќе отпушти 18.000 работници, или 6 отсто од нејзиниот канцелариски персонал, додека фирмата за бизнис софтвер „Сеалсфорс“ (Salesforce) соопшти дека ќе ја намали својата работна сила за 10 отсто, или приближно […]

Амазон планира да отпушти повеќе од 18.000 работници


  Американскиот гигант за онлајн трговија Амазон планира да отпушти повеќе од 18.000 работници, потврди извршниот директор Енди Џеси. Откако веста за отпуштањата протече во јавноста, Џеси ги потврди шпекулациите во објава на веб-страницата на Амазон, велејќи дека разговорите со погодените работници ќе започнат на 18 јануари и дека ќе им бидат понудени отпремнини, како […]

Отпуштањата во американските технолошки гиганти ги остави странците без работа, но и без виза


  Американските интернет гиганти отпуштаат илјадници луѓе. Многу од нив ја губат и американската виза. Ова првенствено влијае на ИТ професионалците од Азија. По две и пол години дојде крајот за Сујатаја Кришнасвами во Твитер. Таа се пожали на отказот на Линкдин. Таа додаде дека ја сака својата работа и колегите и дека е горда […]

Чистка во „Мета“: Закерберг ќе подели 11 илјади откази во „Фејсбук“ и „Ватсап“


Американската компанија „Мета“ на американскиот милијардер Марк Закерберг објави дека ќе отпушти 13 отсто од работната сила, односно 11.000 вработени. Се вели дека тоа е едно од најголемите отпуштања меѓу технолошките компании и прво во 18-годишната историја на технолошкиот гигант. Во последниве недели, технолошките компании, социјалните мрежи, инвестициските банки и другите големи глобални играчи почнаа […]

Твитер отпушти половина од вработените


  Твитер отпушти 50 отсто од своите вработени, објави компанијата, наведувајќи дека тоа нема да влијае на квалитетот на модерирањето на содржината на социјалната мрежа. Директорот за безбедност и интегритет на Твитер, Џоел Рот, рече дека 15 отсто од вработените во неговиот оддел, кој е одговорен за спречување на ширење дезинформации и штетна содржина, биле […]

„Фајзер“ оствари рекордни приходи, но сепак најави отпуштања


Се очекува „Фајзер“ да објави рекорден приход од над 80 милијарди долари за 2021 година, благодарение на големата продажба на вакцината против Ковид-19 што ја разви со BioNTech и нејзиниот орален лек за коронавирус, Paxlovid. Двата производи се продаваат директно на владите. Тоа е речиси двојно повеќе од вкупниот приход на „Фајзер“ во 2020 година, кој […]