Комунални редари ќе ги „удираат по рака“ несовесните што расфрлаат ѓубре


Со новиот закон за локална самоуправа комунални редари ќе внимаваат далчи граѓаните го фрлаат губрето и отпадот на соодветно место и на соодветен начин. Оваа можност ја има и сега, предвидени се во Законот за комунални дејности, тврди министерот за локална самоуправа Златко Перински, но со новиот закон тоа ќе биде облигаторна обврска на градоначалниците. […]

Во Кочани почнува проект за селектирање на отпадот од пакување


Со потпишувањето на договорот за соработка меѓу компанијата „Еко Проект Ко“ и комуналното јавно претпријатие „Водовод“, во Кочани почнува реализација на заедничкиот проект „Со граѓаните за граѓаните“ за селектирање и собирање на отпадот од пакување, односно на отпадна амбалажа од пластика и хартија.  На почетокот од проектот ќе има тримесечен пилот период во кој на […]

Со пари од ЕБОР ќе се решава отпадот во Полошкиот и Пелагонискиот регион


Министерор за животна средина и просторно планирање  Изет Меџити денеска потпиша договор за грант од 3 милиони евра со директорот на Канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Матео Коланџели,наменети за процесот на собирање отпад во земјата.   Меџити рече дека со овој грант се очекува да се олесни процесот на собирање отпад и да придонесе за […]

Две години од новиот модел за депонирање ѓубре во Загреб. „Надвор од центарот е хаотично“


Поминаа две години од воведувањето на новиот модел за собирање отпад во Загреб. И додека градоначалникот Томислав Томашевиќ се фали со своите достигнувања, граѓаните се незадоволни од преполните контејнери, а од Зелена акција велат дека има напредок, но дека состојбата надвор од центарот се уште е хаотична. Градоначалникот Томашевиќ вели дека во последните две години […]

Тркалезна маса на тема „Отпад и пакување од отпад“ во Скопје


 Во Скопје денеска ќе се одржи втората и финална тркалезна маса на тема отпад и пакување од отпад, ситуација на справување со истиот – рециклирање или конкретна преработка, наспроти количините кои сè уште се предмет на одлагање – фрлање на депониите во државата. На настанот, кој го организира здружението „4х4х4 Балкански Мостови“ Скопје, најавено е […]

Подигнaти 50 кубни метри отпад од диви депонии во текот на викендот


Во текот на изминатиов викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа низа активности за подигнување отпад од диви депонии во повеќе скопски општини. Отстранети се вкупно 50 кубни метри отпад лоцирани на улиците Скупи и Московска – во скопската општина Карпош, улицата Никола Пушкаров (во близина на старата општина) – во општината Ѓорче Петров, како […]

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе контролира и ќе казнува незаконско одлагање на отпад


Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје информира дека од денеска ќе ја засили својата контрола на терен, а од Градот Скопје ќе побараат да се засили инспекцискиот надзор со цел откривање и санкционирање на незаконското одлагање на отпад во нивните садови.  Апелираат до сите општини во Град Скопје да внимаваат на законските обврски и можности за […]

Инспекции ќе казнуваат за фрлање ѓубре во Аеродром


Се зајакнуваат инспекциските контроли во Општина Аеродром, Новиот в.д градоначалник Дејан Митески најави дека инспекциската служба на Општина Аеродром го интензивира своето присуство на терен, а најавени се и почести казни за несовесните граѓани и правни субјекти што ја нарушуваат хигиената на јавните површини, се паркираат на плочници и тревници и фрлаат отпад на места […]

Град Скопје доби 50.000 долари за младите да рециклираат


Градот Скопје е добитник на награда од Младинскиот климатски акциски фонд, за отворањето и успехот на првата јавна биотехнолошка лабораторија во Македонија и регионот на Град Скопје со поддршка на УНДП и УНИЦЕФ, кој Градоначалничката Данела Арсовска го претстави на COP28 Локалниот самит за климатски активности.   Град Скопје е добитник на награда од 50.000 […]

Подигнати енормни количини отпад – дури 60 тони од диви депонии во Скопје


Во текот на изминатите два месеца, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје се соочува со зачестена појава на  непрописно исфрлање отпад на јавни и сообраќајни површини, особено на микролокациите каде што се поставени и садовите наменети за одлагање на комуналниот отпад. Екипите на претпријатието, за време на изминатиов викенд отстранија енормно количество отпад од диви депонии –  вкупно […]

Ѓорче Петров се ослободи од 100 метри кубни отпад од диви депонии


Во текот на изминатите два дена, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во координација со Градот Скопје, спроведоа акција за отстранување неколку диви депонии лоцирани во скопската општина Ѓорче Петров. Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани приближно 100 кубни метри претежно кабаст, градежен и мешан комунален отпад, при што се отстранети 60 кубни метри […]

Усвоена изменетата Регулатива на ЕУ за транспорт на отпад


Советот на ЕУ денеска, во последна инстанца, ги усвои измените на Регулативата за транспорт на отпад, чија цел да ги намали испораките на „проблематичен отпад“ надвор од територијата на ЕУ, да ги усогласи процедурите за превоз со целите на циркуларната економија и климатската неутралност, да овозможи електронска размена на информации и да го спречи со […]

Австријците создаваат најмногу, а Романците најмалку смет во ЕУ


 Во текот на 2022 година во ЕУ се создадени 513 килограми комунален отпад по глава на жител, што е за четири отсто или за 19 килограми помалку во споредба со претходната година, кога количеството на смет пер капита било 532 килограми.  Според податоците на Евростат, количеството на создаден комунален отпад по глава на жител значително […]

Управување со отпад во Виена: Ѓубрето се користи за затоплување на домовите, казните се до 2.000 евра


Управувањето со отпадот е сѐ поголем предизвик како што се зголемува количината на отпад. Многу градови низ светот, вклучително и Скопје, не успеваат правилно да управуваат со отпадот. Сепак, има градови кои успеваат, а еден од нив е Виена. колегите од Сараево, од порталот Klix.ba, го воочиле истиот проблем и кај нив, па решиле да […]

„Комунална хигиена“ – Скопје отстрани 10.617 кубни метри отпад од диви депонии во 2023 година


Екипите на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје, во текот на 2023 година, подигнаа и транспортираа вкупно 159.196 тони комунален отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот. Притоа, направени се вкупно 26.139 тури. Во текот на минатата година, претпријатието отстрани вкупно 10.617 кубни метри отпад од голем број диви депонии, […]

Во Шведска изби најголемиот еколошки скандал во последните 50 години, обвинети се 11 лица


Единаесет луѓе поврзани со компанијата за управување со отпад Think Pink се обвинети за еколошки злосторства во најголемиот еколошки скандал во Шведска во последните 50 години. Според шведските медиуми, 11 лица од компанијата NMT Think Pink се обвинети за серија кривични дела во најголемиот еколошки криминал во Шведска. Компанија за управување со отпад е обвинета […]

Словенечка групација ќе го чисти Тетово


Градоначалникот на Тетово Биљал Касами со претставници на словенечката компанија од групацијата Саубермахер го потпишаа договорот за јавно приватно партнерство со кој на фирмата ѝ се отстапува стопанисувањето со отпадот. Касами истакна дека заедно со групацијата направени се анализи и студии во однос на управувањето со отпад, поточно за собирање и депонирање. -Должностите и обврските […]

Четири фирми и две лица кривично ќе одговараат за опасниот отпад во Орман


Државениот инспекторат за животна средина на прес-конференција соопшти дека опасен отпад е фрлен на локација во село Орман. „По добивање на овластено известување на инспектор од животна средина направен е вонреден инспекциски надзор на 24 октомври. Утврдивме дека на плац на две физички лица оставена е одредена количина на отпад кој потекнува од „Рецикал еко-старт“ […]

За отпад ќе се плаќа по количина, не по квадратура


За да се стимулираат граѓаните да го селектираат домашниот отпад, ќе се смени начинот на плаќање ѓубретарина, па од досегашниот метод плаќање оп квадратура на стан, ќе се премине на плажање по количина. „Покрај сите системи на кои работиме, подготвуваме и нова методологија за утврдување на надоместокот за собирање ѓубре. Сега плаќаме по метар квадратен […]

Сопствениците на земјиштето имаат 30 дена да го отстранат оловниот отпад од Орман


Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски се огласи во однос на лоцирањето на опасната депонија во близина на општината. -Поради новонастанатата ситуација и лоцирањето на новата депонија на територијата на општина Ѓорче Петров, каде беше утврдено дека се депонирале огромни количини на отпад од преработка на акумулатори и батерии кои што не се дозволени за […]