Струмичките земјоделци издејствуваа повисока цена – „ајварката“ ќе се откупува за 30 денари за килограм


Постигнат е договор за пиперката – куртовска капија, откупната цена за пиперката која ќе се носи во преработувачките капацитети ќе биде 30 денари за килограм. „Оние 25 денари за килограм пиперка што беа спорни на почетокот успеавме таа класа на пиперката да ја вметниме во прва-втора класа, тоа се 80 проценти од родот на земјоделците […]

Серафимовски ги соопшти цените на грозјето, опозицијата вели ги измешал производната и откупната цена


БИТОЛА – Лозарите денеска ги добија откупните цени на грозјето:  21,8 денари за килограм Вранец и 20 денари за килограм Смедеревка. Ова значи дека годинава цените се повисоки од лани кога доскорешниот министер Цветан Трипуновски во 2025 година рече дека се постигнати рекордни откупни цени и тоа Вранец: 21,3 денари/кг и Смедеревка: 18,9 денари/кг. Денес, […]

Сточарите пред колапс – откупната цена на млекото намалена за уште два денари


  БИТОЛА – Нова „казна“ од млекарниците стаса за сточарите, одгледувачи на говеда – откупната цена на млекото е намалена за два денари по литар. Вака во една реченица сточари од Пелагонија ја опишуваат состојбата со откупот на суровото млеко. Падот на откупната цена на млекото се случува во континуитет, поизразено од лани летото, па […]

Тутунарите незадоволни од откупната цена, бараат таа да биде 600 денари за килограм


  БИТОЛА – Земјоделските здруженија и тутунари се многу незадоволни од откупната цената на тутунот, додека пак власта убедува дека годинава цената на откупот е повисока од лани за 20 денари. Незадоволните производители и здруженија повикуваат цената за килограм тутун да биде 600 денари, а не како сега 420 денари и со одбитоци од 3 […]

Сточарите во паника, ќе се намалува цената на суровото млеко. Државата не ја исплаќа премијата


  БИТОЛА – Сточарите, одгледувачи на крави се во паника откако дел од нив добиле најави од млекарници каде го предаваат суровото млеко дека ќе следи нов пад на цената на откупеното млеко. Новиот удар врз млекарите ќе значи помалку од 1 до 3 денари по литар сурово млеко. „Сточарството стана неиздржливо, стоката на кланица, […]

Постигнат договор за откупната цена на оризот


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека е постигнат договор за откупната цена на оризот. На денешната средба во неговиот Кабинет е договорено откупните цени за крупните сорти да изнесуваат 35 денари за рандман од 40 проценти, а за ситните сорти 30 денари за рандман од 40 проценти. Како што наведува Трипуновски, […]

Винарските визби ја прифатиле откупната цена на „вранецот“ и „смедеревката“, вели Трипуновски


Министерот за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски изјави дека винарските визби ја прифатиле новата откупна цена на грозјето „вранец“ и „смедеревка“. – Пред малку заврши состанокот со винарските визби, состанокот беше на моја иницијатива. Согласно Методологијата и она што значи Јавен повик за избор на научна институција за утврдување на цената, денеска […]

Производители на сливи протестираа поради ниските откупни цени


Производители на сливи од Радовиш, незадоволни од ниските откупни цени го блокираа патот Радовиш-Струмица. Велат дека целосно е запрен откупот на сливите на откупните пунктови во селата. „Ниту еден откупен пункт не работи. Бараме Министерството за земјоделство да преземе мерки за да се интензивира откупот во наредниот период, односно да се реализира договореното дел од […]

Нема договор за цената на пченицата


Мелничарите сакаат да платат пазарна, а земјоделците бараат договорена цена од 12 денари за килограм пченицата. Десетина дена пред почетокот на жетвата на оваа стратегиска култура, нема договор меѓу Министерството за земјоделство, производителите и откупувачите. Прашањето за откупните цени на пченицата се отвори и годинава, без разлика што временските услови беа исклучително поволни и земјоделците […]