Две службенички му префрлиле 150.000 денари за градежни работи на човек кој не бил ангажиран во болницата Отешево


СВР Битола поднесе кривична пријава против А.П.(68) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против М.Д.(60) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.   Првопријавената, како директор на Јавна здравствена установа-Специјализирана болница Отешево, во текот на […]

Перински: Во Отешево сега има медицински третман по сите стандарди


Пациентите во специјализираната установа во Отешево сега можат да добијат квалитетна здравствена грижа со значително подобрени услови и модерна опрема, истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински. Промовирајќи го проектот за подобрување на здравствените услуги и создавање услови за рехабилитација на ранливи категории граѓани и пост ковид пациенти, Перински нагласи дека специјализираната установа во Отешево […]

Преку донации обезбеден комплетно нов инвентар за реновираниот дел во болницата во Отешево


Комплетен болнички инвентар, мебел, медицинска опрема и лекови се само дел од донациите на хуманитарната организација  LetzCare a.s.b.l. од Луксембург и фондацијата „Воздух за Преспа” од Холандија за Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација – Отешево. Директорката на установата Билјана Гошаревска за МИА информира дека преку донациите обезбеден е комплетно нов инвентар за реновираниот […]

Манолева: Болницата во Отешево со комплетно нов лик по 43 години


Заменик-министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања Отешево. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 […]

Во Отешево се реконструира специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација


Јавната здравствена установа Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација која се наоѓа на брегот на преспанското езеро во Отешево, почна да се реконструира. Градежните активности ќе се одвиваат околу четири месеци и во овој период работата на болницата ќе биде реорганизирана, информираат од тамошната јавна здравствена установа. -Работниот процес во болницата продолѓува и ќе […]

Роденденот на Нимиц стана роденден на договорот за името


Кога пред близу две децении, како специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации го презеде медијаторството меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, веројатно, не очекувал дека речиси до крајот на осмата деценија на неговиот живот ќе траат напорите за надминување на спорот за името и дека дури тогаш ќе може да замине во дипломатска […]

Ципрас: Во Отешево беше весело како на свадба


По враќањето од Отешево, грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека атмосферата на средбата  била многу добра и оти било весело како на свадба. На прашањето каде му е вратоврската што му ја подари македонскиот колега Зоран Заев, одговори дека ја чува, но не ја ставил на врат. „Храната беше прекрасна, езерото убаво“, го дополни шефот на […]

(ФОТО) Ручекот во Отешево заврши, на менито бифтек, баклава, ракија


Ручекот во Отешево заврши, а на менито се најдоа традиционални јадења како бифтек, ѓомлезе, шампињони, но и баклава, палачинки и ракија. На заедничкиот ручек во Отешево присуствуваат премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и министрите за надворешни раобти Никос Коѕијас и Никола Димитров. Тие беа придружувани од долгогодишниот медијатор за […]

Два македонски и три грчки чамци ги превезуваа Заев и Ципрас


Два чамци на Езерската полиција и три на грчките служби ги превезуваа делегациите што беа присутни во Псарадес (Нивици) на потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција. Најпрво, во 9.30 часот, македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев со два чамци тргна од Отешево кон грчкиот дел на Преспа. По завршувањето на церемонијата […]

Делегациите тргнаа кон Отешево на ручек


По потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција, делегациите тргнаа од местото Псарадес (Нивици) кон Отешево. Македонските и гршката страна,. предводена од премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и високите претставници на Европската унија и од Обединетите нации: Федерика Могерини, Јоханес Хан, Метју Нимиц и Розмари ди Карло со глисери отпатуваа на […]

Нашата делегација тргна со чамец кон Псарадес


Македонската делегација што ќе учествува на потпишувањето на договорот за промена на името со Грција, во местото Псарадес само што тргна со чамец (9.30 часот по македонско време) од Отешево. Во делегацијата, покрај премиерот Зоран Заев се и вицепремиерите Радмила Шекеринска, Бујар Османи и Оливер Спасовски. Месноста во Мала Преспа е под силно полициско обезбедување. […]

Отешево „оживеа“ во пресрет на церемонијата за името


Мошне раздвижено е овие два дена во Отешево, на македонскиот дел од Преспа, каде што утре околу пладне  ќе продолжи церемонијата околу потпишувањето на договорот за името. Премиерите на Македонија и на Грција, според информациите,  утре ќе пристигнат со чамец  во Отешево од грчкиот дел на Преспа, каде што претходно ќе биде потпишан договорот со […]

Договорот ќе се потпише в недела во Преспа на грчка територија, а потоа ќе следи ручек во Отешево


Договорот меѓу Македонија и Грција за името ќе се потпише в недела во Преспа на грчка територија, а потоа ќе следи ручек на македонска страна, во Отешево дознава „Независен Весник“. Дел од грчките медиуми утрово објавија дека договорот ќе биде потпишан во Преспа во Македонија, друг дел пак тврдеа дека потписите ќе паднат на грчка […]