Со заземањето на овој остров, Трамп би го зграпчил Техеран за гуша, но би го потресол целиот светски пазар


Иранскиот остров Харг, мало парче земја во северниот дел на Персискиот Залив, останува надвор од дофат на американските и израелските напади дури и кога конфликтот на Блискиот Исток влегува во втората недела. Аналитичарите предупредуваат дека тоа е една од најважните енергетски точки во светот, бидејќи речиси целиот извоз на нафта од Иран минува низ него. […]

Грција повикува луѓе да живеат на остров: Бесплатно сместување, храна и 500 евра месечно


За многумина, тоа може да изгледа како неостварен сон, но благодарение на иницијативата на малиот грчки остров Антикитера, наскоро би можела да стане реалност за семејствата и квалификуваните работници кои бараат голема промена на темпото. Островот, сместен во Егејското Море помеѓу Крит и Пелопонез, нуди бесплатно сместување, храна и месечен надоместок од 500 евра во […]

Првиот вештачки остров во светот ќе обезбеди 3,5 GW енергија за три милиони домови


Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе обезбеди 650 милиони евра за компанијата Elia Transmission Belgium и со тоа ќе помогне во изградбата на првиот остров со вештачка енергија во светот. Островот со вештачка енергија ќе произведува 3,5 GW енергија за Белгија и ќе користи енергија од ветер. Ова е дел од планот на земјата да овозможи […]

Украина зазеде стратешки важен остров


Украина во неделата објави дека ја вратила контролата врз тактички важниот остров Нестрих. Капетанот Дмитро Плетенчук, портпарол на Јужната оперативна команда на украинските вооружени сили, изјави за украинската радио станица Хромадске радио дека контролата на островот во реката Днепар во регионот Херсон значително ќе ги зголеми контрадиверзантските мерки на Киев. Откако рускиот претседател Владимир Путин […]

ЦУК: Спасен овчар заглавен на речен остров на надојдената Црна Река


Центарот за управување со кризи известува дека од Единствениот број за итни случаи 112 до Секторот за операции и координација, вчера во 17.32 часот добил информација за заглавен овчар среде Црна Река, со неговите стотина овци, на мало островче на 200 метри лоцирано под с. Манастирец во Општина Росоман. Реката била надојдена заради зголемен проток […]

Ќе се проширува малиот и опасен пешачки остров во Аеродром


По дојава на граѓаните на 112 и активната иницијатива во Центарот за управување со кризи почна решавање на навидум мали работи, а всушност големи за сообраќајната безбедност на граѓаните во конкретна урбана средина. – Конкретно, по алармирањето на граѓаните на 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) за опасност по пешаци и велосипедисти заради […]

Хрватски остров се продава за 700.000 евра


Хрватска – Малиот приватен јадрански остров Мали Космач во Хрватска, во подрачјето Сплит-Далмација, се продава за 700.000 евра, според агенцијата за недвижности цена што може да достигне и до еден милион евра, објави загрепската телевизија Н1. Островот има површина од 5.000 квадратни метри и е во сопственост на жител на градот Винишче. Понуден е на пазарот […]

Само 45 странски туристи го посетиле Бали во 2021 година наспроти шест милиони пред пандемијата


Популарните дестинации мораа да се справат со значителен пад на туристи во контекст на пандемијата на коронавирус. Сепак, малкумина од нив беа потешко погодени од Бали – индонезискиот остров, миленик на милиони луѓе ширум светот, јави Си-Ен-Ен. Поради строгите мерки за гранична контрола и затворениот аеродром, во 2021 година Бали прими само 45 странски посетители. […]

Данска ќе ги испраќа несаканите мигранти на ненаселен остров


Данска планира мигрантите со полициско досие да ги испрати на ненаселен остров, каде едни ќе чекаат на депортација, а други ќе останат на неодредено време, бидејќи поради состојбата во сопствените татковини не можат да бидат вратени таму, објави Хина. Данскиот Парламент вчера го усвои буџетот за 2019 година, во кој е вклучен и предлогот мигрантите […]