Османи: Хистерија се обвинувањата дека спорот со Бугарија го решаваме зад грбот на јавноста


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги нарече хистерија обвинувањата дека за важно прашање како што се преговорите со Бугарија се можни ад хок решенија и оти некој може сам, преку ноќ, зад завесите, без знаење на граѓаните да донесе каква било одлука или договор на штета на нашите државни позиции.  „Нашиот тим целосно […]

(Видео) Бујар Османи реферира пред Комисијата за надворешни работи


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе има излагање пред членовите на  Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Северна Македонија. Како што е најавено од МНР, шефот на дипломатијата Османи ќе ги информира членовите на собраниската Комисија за текот на разговорите и севкупните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Седницата на оваа комисија […]

Османи: Сè што ќе се договори со Бугарија ќе оди во Собранието


Несериозно е прашањето за договорите со Бугарија кое е важно за граѓаните да се условува со дневно политичко прашање како предвремени избори, оценува министерот за надворешни работи Бујар Османи. -Мислам дека би било несериозно едно вакво прашање важно за граѓаните да се условува со некакво дневно политичко прашање и некаков партиски интерес. Мислам дека би […]

Османи: Како членка на НАТО се подготвуваме за сите ризици по заедничката безбедност


Досега околу 40 наши државјани во Украина се пријавиле за евакуација доколку дојде до воена состојба во таа земја. Министертсвото за надворешни работи пред неколку недели формирало работна група и ги контактирало за да направи планови за евентуално нивно повлекување, соопшти министерот Бујар Османи. -Засега нема уште потреба за тоа, но ако се појави потреба, […]

Османи в петок на седница на собраниската Комисија за надворешна политика


Министерот за надворешни работи Бујар Османи в петок на 28 јануари ќе присуствува на седница на собраниската Комисија за надворешна политика, информираат од МНР. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и претседател на Комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски, претходно денеска информира дека преку писмо побарале од шефот на дипломатијата да дојде на седница на собраниската […]

Милошоски: Османи да дојде пред Комисијата за надворешна политика и да достави одговори


Преку писмо бараме од министерот за надворешни работи Бујар Османи да дојде пред Комисијата за надворешна политика во Собранието и да ни ги достави одговорите кои што македонската страна ги има испратено до официјална Софија за таканаречениот „план 5+1“. Ова денеска го изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и претседател на Комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски. […]

Османи и Генчовска разговараа за седницата на двете влади на 25 јануари


Надвор од средбата на двајцата премиери, министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, има посебен состанок на кој фокусот беше претстојната заедничка седница на владите, која ќе се одржи во Софија на 25 јануари. Покрај тоа, двајцата министри разговарале и за новата динамика во соработката преку примена на концептот […]

Османи предлага промена во работата на Мешовитата историска комисија


Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи изјави дека е подготвен да предложи промени во работата на Заедничката историска комисија. – Подготвен сум да предложам да влеземе во разговор за евентуална промена на начинот на работа, а зошто не и структурата и составот на Заедничката историска комисија, рече Османи во интервју за БНТ на денот кога […]

Османи ги најави контактите со Париз по формирањето на новата влада


  Во втората половина на јануари, по формирањето на Владата во Македонија, ќе биде воспоставена комуникацијата со Франција, како актуелен претседавач на Европската унија во насока на можностите кои земјава би ги имала за време на француското претседателство за одблокирање на процесот на евроинтеграциите. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за надворешни работи Бујар […]

Османи против предлогот на Димитров решението со Бугарија да оди на проверка во Собранието


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, излезе денес со спротивен став од тој на претседателот Стево Пендаровски за спорот со Бугарија во ЕУ. Османи е цврсто убеден дека времето не работи за нас, но со ограда дека тоа не значи дека се спротивставува на оценките на шефот на државата. Главната опасност, според него, е […]

Османи се надева на решение во јануари, Петков истиот месец бара средба со новиот премиер


Конституирањето на новата бугарска Влада и попрагматичниот пристап, кој го најави новиот премиер Кирил Петков, со фокус на сегашноста и иднината влеваат надеж кај високите официјални претставници на земјава, но и кај дипломатите дека Северна Македонија и Бугарија наскоро би можеле да постигнат решение за спорот. И високите македонски претставници и дипломатите исто така се […]

Османи: Бугарија веќе има Влада, уште во јануари може да има решение


 Шефот на дипломатијата Бујар Османи потенцира дека фактот што Бугарија сега има политичка Влада го отвара патот за пронаоѓање решение на спорот и одблокирање на патот на Северна Македонија кон Европската унија, нагласувајќи оти решение може да има уште следниот месец. -Фактот дека во Бугарија сега има политичка власт ни дава надеж дека двете легитимни […]

Османи – Трас: Западен Балкан останува приоритет за Обединетото Кралство


Министeрот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на престојот во Лондон се сретна со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Лиз Трас. Двајцата министри разговараа за развојот на билатералните односи меѓу двете земји, но голем дел од разговорот беше посветен и на регионалните […]

Османи во посета на Финска, актуелниот претседавач со ЕУ


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, од денеска е во работна посета на Финска, актуелниот претседавач со ЕУ. Османи ќе има средби со финската министерката за европски работи Тути Тупураинен и со министерот за надворешни работи Пека Хависто. На средбите, како што соопшти СЕП, ќе се разговара за очекувањата и перспективите […]

Вицепремиерот Османи на средба со српската амбасадорката Дивјак-Томиќ


Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска ќе има заедничка работна средба со српската амбасадорката Душанка Дивјак-Томиќ, заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески и Фрек Јанмат од Делегацијата на Европска Унија во земјава. На средбата, што ќе се одржи во Секретаријатот за европски прашања, ќе се разговара за првиот повик за проектни предлози […]

Николоски: Заев и Османи кочеа за да бидеме со Албанија


Влегувањето на Македонија во иста група со Албанија, сепак, не било „научна фантастика“, оцени потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски по „кавгата“ меѓу претседателите Стево Пендаровски и Еди Рама. „Македонија втора година со ред не добива датум за почеток на преговори за членство во ЕУ. Тоа е тажната вистина. Директна последица на катастрофалното ниско ниво на […]

Вицепремиерот Османи ќе ги предводи студентите во посета на Брисел


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, кој е во работна посета на Брисел, денеска ќе ги пречека 12-те студенти од шесте државни универзитети, кои изутрина ја почнуваат својата тридневна студиска посета на европската престолнина Брисел, заедно со делегацијата на Секретаријатот за европски прашања. Османи, заедно со амбасадорката Агнеза Руси, ќе ги воведат студентите во […]

Османи и Димитров во посета на Италија и Белгија


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе престојуваат во Италија, а утре ќе бидат во работна посета на Белгија. Во Италија тие денеска ќе имаат средба со италијанскиот министер за надворешни работи Ензо Моаверо Миланеси, како и со  Лучијано Ди Алфонсо, претседател на Комитетот за односи со земјите […]

ДУИ бара од Пендаровски да ја преразгледа одлуката за именувањето на Муслиу за директор на АР


ДУИ побарала од претседателот на државата Стево Пендаровски повторно да ја разгледа одлуката за именувањето на Ерол Муслиу за прв човек на Агенцијата за разузнавање. -Вчерашната одлука на претседателот Пендаровски за назначување на директор на Агенцијата за разузнавање не вознемири сите и фрли сенка на вчерашниот ден кога Собранието ја донесе реформата на безбедносните служби. […]

Османи: Само ДУИ може да нè смени


Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во емисијата „200“ на Алсат телевизија, во врска со најавената „метла“ на премиерот Зоран Заев истакна дека за смена на кадрите на ДУИ кои се дел од владата може да одлучуваат само Али Ахмети и партијата. Водителот се надоврзува на ова и го праша вицепремиерот дали е ова […]