Телефонски разговор Османи – Ескобар


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари телефонски разговор со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар и специјален претставник на САД за Западен Балкан на кој е направен осврт кон соработката во рамки на Стратешкиот дијалог, а разговарале и за актулната политичка состојба во државава. -Османи реферираше за новиот акциски план кој е во финална […]

Османи: Внимателни сме кон намерата на хибридните напади, државата е стабилна


Државата е стабилна, нема ризик од некаква дестабилизација, но сме внимателни кон намерата на овие хибридни напади кои имаат за цел да создадат немир и недоверба меѓу граѓаните, а потоа да се надоврзат евентуално и политички партии и други прашања. Останува МВР да се координира со партнерските служби во регионот и да побара помош за да се откријат сторителите кои очигледно […]

Османи: Го поздравуваме засилениот ангажман на САД за борба против корупцијата


  Го поздравуваме овој засилен ангажман на САД во поддршка на институциите за владеење на правото и за борба против корупцијата, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Како функцонер кој доаѓа од ДУИ, рече дека неговата партија е подготвена да предложи закон за ветинг и да биде носител на тој процес. -Јас имав […]

Османи: Скандалот со државјанството на Онишченко е тежок удар и голема дамка


 Скандалот со државјанството на Онишченко е тежок удар и голема дамка, нагласи министерот за надворешни работи Бујар Османи, потенцирајќи дека земјата од него може да излезе посилна. Тој, во интервјуто за ТВ „Телма“, посочи дека случајот со  на македонско државјанство на Украинецот Олександар Онишченко, кој е на црната листа на САД, не смее да се […]

Османи од Ријад: Голем потенцијал за директни инвестиции во земјава, како и пласман на земјоделските производи


Министерот за надворешни работи Бујар Османи во рамки на првата официјална посета на Кралството Саудиска Арабија, се сретна со принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд, министер за надворешни работи, што воедно претставува и прва средба на министри за надворешни работи од воспоставувањето дипломатски односи. На средбата беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и […]

Османи во прва официјална посета на Саудиска Арабија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во прва официјална посета на Кралството Саудиска Арабија, на ниво на министри за надворешни работи.   За време на посетата, како што соопшти МНР, Османи ќе оствари средба со принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд, министер за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, како и со […]

Османи утре во прва официјална посета на Саудиска Арабија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утре ќе престојува во прва официјална посета на Кралството Саудиска Арабија, на ниво на министри за надворешни работи.   За време на посетата, како што соопшти МНР, Османи ќе оствари средба со Неговото Височество Принц Фаисал бин Фархан Ал Сауд, министер за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, како […]

Османи за Законот за здруженија: Не смееме да дадеме никому аргумент ако сметаме дека некои елементи може да се спорни


Венецијанската комисија ја споменав само во делот на ретроактивното важење на законот, а не за одредбите за новите клубови кои можат да се отвораат со проблематични имиња, соопшти на денешната средба со медиумите министерот за надворешни работи Бујар Османи. Одговарајќи на новинарско прашање за одлуката да се испратат измените на Законот за здруженија и фондации до […]

Османи: Комуникацијата со Бугарија мора да биде постојана и интензивна


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска порача дека комуникацијата со Република Бугарија мора да биде постојана и интензивна. -Колку повеќе оставаме простор без комуникација, некој друг влегува во таа комуникација и ја киднапира агендата и не одвраќа од траекторијата која сме ја исцртале од јули годинава. Се договоривме веднаш да ги активираме секторските работни […]

Османи на Вилнус Форум 2022


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, за време на официјалната посета на Литванија во рамки на Балтичката турнеја, учествуваше на Вториот форум на високо ниво за иднината на демократија, што се одржува во Вилнус, на покана на министерот за надворешни работи Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис. Како што соопшти МНР, Османи имал обраќање на првиот ден […]

Министерот Османи во посета на Бугарија


 Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во рамки на својата официјална посета на Бугарија ќе оствари средба со својот домаќин, шефот на бугарската дипломатија Николај Милков, по што ќе се одржат пленарни разговори меѓу двете делегации, јави дописникот на МИА од Софија. По средбата, предвидени се заеднички изјави на Османи и Милков. Меѓу темите […]

Османи се сретна со новоименуваната амбасадорка на САД, Агелер


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со новоименуваната амбасадорка на САД, Анџела Прајс Агелер по повод предавањето на копиите од акредитивните писма. Како што соопшти МНР, министерот Османи изразил уверување дека амбасадорката Агелер со нејзиното искуство ќе придонесе кон понатамошно продлабочување на билатералните односи и зајакнување на соработката.   -Во билатерален контекст, […]

Директорот на протоколот во МНР поднел оставка по гафот со словачкото знаме


  Директорот на протоколот во Министерството за надворешни работи поднел оставка од функцијата поради гафот со словачкото знаме за време на посетата на шефицата на словенечката димпломатија Тања Фајон во Скопје. За ова синоќа информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи, и додаде дека тој ја прифатил оставката. Гафот се случи пред десетина дена кога […]

Османи: Треба да се провери кој стои зад македонскиот клуб во Благоевград


  Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, за БТВ изјави дека треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград, но и во Северна Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Османи, тоа треба да се провери, внимавајќи на чувствителноста на билатералните односи и да […]

Во Јордан ќе извезуваме јагнешко месо, овошје и зеленчук, а ќе увезуваме маслиново масло и урми


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на посетата на Јордан, оствари средба со Министерот за земјоделство, Кхалид Ал Ханифат со кого потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Хашемитското Кралство Јордан за соработка во областа на земјоделството, што претставува прв меѓународен договор меѓу владите двете земји. „Со […]

За Османи информациите дека ќе биде сменет се лажна вест


  Лажна вест е информацијата за моја смена и таа не заслужува никаков коментар, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во однос на наводната понуда за негово разрешување од министерската функција. Во однос на отвореното писмо од група членови на ДУИ, Османи рече дека во партијата има големо ниво на демократија и секој […]

Османи на состанок за глобалната сајбер безбедност


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77-то Генерално Собрание на ООН во Њујорк, учествуваше на состанок на тема: „Обликување на глобалната сајбер-безбедност – Повик за акција за промовирање на одговорно однесување на државата и градење капацитети“, чии домаќини беа министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок  и министерката за надворешни работи […]

Османи со Чавушоглу за мерките што се преземаат во врска со кризата


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на маргините на 77-та сесија на генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, се сретна со својот хомолог од Турција, Мевљут Чавушоглу. На средбата се разговараше за актуелната ситуација предизвикана од руската инвазија во Украина, безбедносниот аспект и последиците за европските земји, како и напорите што Северна Македонија и […]

ОБСЕ Тројката Османи-Рау-Линде во Њујорк: Русија да ја прекине агресијата и ги повлече силите од Украина


Министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Полска и Шведска, Бујар Османи, Збигњев Рау и Ан Линде, на маргините на 77-то Генерално Собрание на Обединетите нации, одржаа состанок како дел од Тројката претседавачи со ОБСЕ. На средбата учествуваше и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид. Како што соопшти МНР, соговорниците разменија мислења за улогата на […]

Османи на средба со колегите од регионот на маргините на Бледскиот стратешки форум


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утрово, на маргините на Бледскиот стратешки форум, учествуваше на состанок организиран од министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, на кој се разменија мислења за актуелните случувања на Западниот Балкан, со фокус врз неговата европска и евроатлантска перспектива, регионалната соработка, како и за влијанието на војната во Украина […]