(Во живо) Изјава на Бујар Османи


Изјава за медиуми на Министерот за надворешни работи Бујар Османи по затворен тематски брифинг од областа на надворешната политика.

Османи на координацијата со Клинички центар за претстојниот Министерски совет на ОБСЕ


Секоја карика од системот за безбедно одржување на Министерскиот совет е во функција за да гарантираме беспрекорен тек на настанот, напиша претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи вечерва на Фејсбук по координацијата со Клинички центар.   Триесеттиот Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) […]

Османи за пораките на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да ги вклучат во влада: Нема да ни фали ни влакно на глава


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како ризична за државата ја оцени изјавата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека по завршувањето на парламентарните изборите и по евентуалната нивна победа, ДУИ ќе оди во опозиција зашто, како што рече, спомнувањето на ДУИ е спомнување на мнозинската волја на Албанците. Прашан за коментар на изјавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и […]

За Османи договорот за рентирање на автомобилите е „рамковен“, ќе се користат и домашните


Министерскиот  годишен собир на ОБСЕ од 29 ноември до 1 декември во Скопје ќе биде најголем настан во државава, и по димензии и по суштина, рече министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, на брифинг со новинарите во СЦ „Борис Трајковски”, каде привршуваат подготовките за преадаптација на просторот. Според него, на состанокот […]

Османи: Живеам само од плата, не мислам дека е за фалење кога политичари велат „не ми е важна платата“


Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи вчера пред новинарите изјави дека тој живее од плата, во контекст на најавата за формираната работна група во Владата, која треба да изготви решение за намалување на примањата на функционерите, особено откако пред седум месеци тие се покачија за 78 проценти. Иако вели дека тој живее само од својата […]

Османи: Доколку има наши граѓани во Либан да ја напуштат државата поради непредвидливата ситуација


Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска најави дека МНР ќе упати повик до нашите граѓани кои се наоѓаат во Либан да ја напуштат државата поради, како што кажа непредвидливата ситуација таму. -Можеби денеска ќе пуштиме соопштение да ги повикаме нашите граѓани кои се во Либан да ја напуштат државата поради непредвидливата ситуација таму, а особено […]

Османи утре во Украина во својство на претседавач со ОБСЕ, на агендата средби со државниот врв


Министерот за надворешни работи Бујар Османи во својство на претседавач со ОБСЕ утре повторно ќе престојува во работна посета на Украина. Посетата на Украина, соопштија од МНР, е во рамки на остварувањето на една од главните заложби од Програмата на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година. – За ОБСЕ, како најголема регионална […]

Османи: Солидарност со Израел, актите на терор мора веднаш да престанат


Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги осуди нападите на Хамас врз Израел. – Силно ги осудувам насилните напади на групата Хамас врз Израел. Продолжува нашата целосна солидарност со Израел, овие акти на терор мора веднаш да престанат, напиша Османи на социјалната мрежа „Икс“. Според последните информации, најмалку 100 Израелци и 198 Палестинци загинаа во […]

Османи до Македонците во Албанија: Слободно да ја изразите вашата припадност


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, порача до Македонците во Албанија во следните шест недели слободно да ја изразат својата идентитетска припадност на тамошниот попис на населението. „Драги Македонци, препознавајќи ја вашата улога како лојални граѓани на Албанија, ве охрабрувам на пописот слободно да ја потврдите вашата етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност, која претставува […]

Османи: Русија со презир ги гази меѓународните правила и обврски кои самата ги потпиша


Во својство на Претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации, а во рамки на 78-то Генерално собрание на ОН кое оваа недела се одржува во Њујорк. Османи на почетокот на своето обраќање се заблагодари на албанското претседателство со Советот за безбедност за месец […]

Османи во Њујорк на 78-то Генерално собрание на ОН


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, од утре ќе учествува на неделата на висок сегмент на 78-то Генерално собрание на Обединетите нации, во Њујорк, каде во својство на министер за надворешни работи, но и како претседавач со ОБСЕ, А5 и ПСЈИЕ ќе земе учество на повеќе важни настани. -Оваа посета се реализира во историски момент […]

Османи: Потребна е поголема интеграција на кандидати за членство пред нивно зачленување во ЕУ


Северна Македонија е лакмус тест на процесот на проширување на ЕУ со сите негови падови и подеми, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи во воведното обраќање на брифингот во Центарот за европска политика во Брисел на тема „Северна Македонија и ЕУ: Движење кон поголема интеграција?“. Тој потсети дека земјава го почна процесот на придвижување […]

Османи телефонски се слушна со Лавров: Побара да прекине агресијата врз Украина


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на Претседавач со ОБСЕ, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров. На разговорот, министерот Османи се осврна на предизвиците во регионот на ОБСЕ и ја повтори приврзаноста на Претседавањето на Северна Македонија кон почитување на темелните принципи и заложби на ОБСЕ. […]

Во европскиот фронт има место и за партијата на Аријанит Хоџа и другите партии, вели Османи


Сега е време кога секој треба да се позиционира, европскиот фронт е отворен за сите, вели министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ Бујар Османи кој не сакаше да потврди дали се точни информациите дека се водат разговори за влез во Владата на партијата на Аријанит Хоџа Европска демократска партија. – За такво конкретно […]

Жоли ја охрабрува Македонија да ги продолжи напорите да пристапи кон ЕУ


Министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Скопје на која фокус на разговорите беа билатералните односи и сојузништвото во рамки на НАТО. Канадската министерка Жоли се заблагодари за гостопримството и ја пофали Македонија за поддршката која и ја дава на Украина. – Сакам да […]

Османи од Узбекистан ја почнува посетата на Централна Азија како претседавач со ОБСЕ


Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи од утре ја почнува својата посета на Централна Азија. Како што информира Министерството за надворешни работи, во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, дел од агендата на Османи е посета на Узбекистан и на Казахстан. -Посета на Централна Азија, Османи ќе ја започне […]

Османи преку видео ја објаснува суштината на преговарачката рамка за преговори со ЕУ


Министерот за надворешни работи Бујар Османи објави видео на својот профил на Фејсбук со кратко објаснување, како што посочува, на суштината на преговарачката рамка за преговори со ЕУ, како одговор на бројните шпекулации поврзани со нејзината содржина. -Прво, преговарачката рамка е поделена во два дела – општ и специјален дел. Во општиот дел се т.н. […]

За уставните измени недостигаат околу осум пратеници, вели Османи


Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека е добро што во Собранието почна расправа за уставните измени и што фокусот е ставен на содржината на овие измени. Според него, некоректно е оваа важна тема да се киднапира поради партиските агенди на политичките партии. – Не гледам реакција од јавноста, од граѓаните, од експертиските групи […]

Османи: Да не се ставаат односите меѓу навивачите во корелација со односите меѓу државите


Најважно е да не се ставаат односите меѓу навивачите во корелација со односите меѓу државите или било кои етнички групи или народи, бидејќи тоа е посебен свет кај навивачите и доколку дозволиме така лесно да се направи корелација и прелевање, само ќе направиме штета на односите. Сите оние кои ќе се обидат ова што се […]

Министерот Османи на квадрилатерален министерски состанок во Италија за Коридорот 8


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Италија, каде заедно со потпретседателот на Советот на министри и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Антонио Тајани, заменик претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Марија Габриел и министерката за надворешни работи на […]