„Тој е еден од најбогатите Бугари“: Орце Камчев станува камен околу вратот за Екатерина Захариева


  Може ли назначувањето на Орце Камчев за почесен конзул на Бугарија во Македонија да ја урне кандидатурата за европски комесар на Екатерина Захариева. Според бугарската редакција на „Еурактив“ може да се случи таков епилог. „Еурактив“ објавува подолг текст за проблемите при именувањето на Камчев (кое потоа не беше прифатено од македонските власти) со детали […]

Ставањето на Камчев на црната листа ѝ донесе неволји на Бугарија, пишува софиски „Фактор“


  Одлуката на американското Министерство за финансии да го стави најбогатиот македонски бизнисмен Орце Камчев (според рангирањето на „Форбс“) на црната листа на санкции поради корупција и перење пари отвори многу прашања не само во Македонија, туку и во регионот. Особено во Бугарија, пишува бугарскиот медиум „Фактор“. Во долга анализа бугарскиот портал отвора многу прашања […]

Одбиено тужбеното барање на Камчев за оштетното побарување од Боки-13 и Катица Јанева


Основниот суд Скопје 2 го одби тужбеното барање на Орце Камчев за оштетното побарување од Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева за случајот „Рекет“. Како што стои во соопштението од Основниот Граѓански суд, со пресуда тужбеното барање е одбиено како неосновано. При објавата, судијата – претседател на советот во образложение на ваквата одлука […]

Камчев треба да се јави на одлежување на затворската казна, доби упатен акт


Судија за извршување на санкциите му упатил акт на бизнисменот Орце Камчев за одлежување на казна затвор од 8 месеци, откако тој призна вина за големиот случај „Империја”, со која доби една година затвор и уплати во УЈП отштета на државата од 5,2 милиони евра, но за кривичните дела само до 2009 година.   „Империја“, […]

Орце Камчев како медицински феномен – за еден месец два пати позитивен на Ковид-19


Орце Камчев, обвинет во случајот „Плацови на Водно” по втор пат од кога е почнато судењето за овој судски процес е позитивен на Ковид-19. Од оваа причина се одложи и денешното рочиште каде беше предвидено сослушување на повеќе сведоци. Последното рочиште кога обвинетиот Камчев отсуствуваше поради изолација од Ковид-19 беше на 28 јануари. Случајот за […]

Орце Камчев излезе од притвор


Бизнисменот Јордан Камчев, кој е обвинет во случајот „Плацеви на Водно“, попладне излегол од притвор. Камчев го напуштил Истражниот затвор Скопје – Шутка во 16.40 часот, потврдија за МИА од казнено поправната установа. Кривичниот совет на Апелацискиот суд вчера одлучи да ја прифати гаранцијата за Камчев од скоро 11 милиони евра, додека неговите патни исправи […]

Никој не знае каде е Орце Камчев


Истрагата за случајот „Империја“ застана по донесувањето на начелното правно мислење и затоа е потребно што побрзо донесување на Законот за јавно обвинителство, изјави јавната обвинителка Лиле Стефанова. „Нема друго решение. Само новите одредби кои ќе го вклопат СЈО и ќе му дадат право на редовното Јавно обвинителство да ги презема сите дејствија и во […]

(Видео) Трет дел од снимките за „Рекет“. Боки 13 го спомнува Заев


Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска објави уште едно видео кое е трето во низа од случајот „Рекет“ во кој бизнисменот Орце Камчев им дава милион евра на Бојан Јовановски и на Зоран Милески. Во ова трето видео, Боки 13 и Катица Јанева го убедуваат Камчев дека ќе биде ослободен и дека Лиле Стефанова ја има […]

(ВИДЕО) Објавена втората „бомба“ во италијанскиот весник – „Случајот ја тресе владата во Скопје“


Под наслов „Случајот ја тресе владата во Скопје“, изутринава на страниците на италијанскиот весник, „Ла верита“ (вистина) објавен е нов материјал во врска со случајот „Поткуп“. Во него најпрвин се слуша разговор помеѓу Боки 13 и Орце Камчев во кој Бојан бара објаснување зошто парите се во апоени од по 50 евра, а не повеќе, […]

Мијалков му јавил на Камчев дека ќе го претресуваат


Врховниот суд воопшто не го зел предвид предлогот на Специјалното јавно обвинителство за продолжување на притворот на бизнисменот кој е осомничен во случајот „Империја“, но од предлогот до Врховниот суд, СЈО открива детали за истрагата за овој предмет и образложува зошто Камчев и другите двајца бизнисмени осомничени во овој случај, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, […]

Камчев на слобода, на ред е Мијалков


Најбогатиот Македонец, Орце Камчев, по два месеца поминати во притвор во Шутка и два месеца поминати во куќен притвор, од вчера е слободен. Врховниот суд ги прифати жалбите што ги поднесоа Камчев и останатите осомничени во случајот „Империја“, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, со кои бараа да бидат ослободени и од куќен притвор. Оваа одлука […]

Врховен ги ослободи бизнисмените од „Империја“


Врховниот суд ги прифати жалбите и бизнисмените Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, осомничени во истрагата на СЈО „Империја“, излегуваат од куќен притвор. Оваа информација е неофицијална и се очекува да биде потвердена во текот на денот. Според правното мислење кое го утврдија врховните судии на општа седница, СЈО е неовластен тужител и не […]

„Империјата“ изградена од офшор фирми, Камчев бил мозокот, Мијалков моќникот


Десетици фирми се дел од истрагата за случајот „Империја“, во која главни осомничени се Јордан Камчев и Сашо Мијалков. Дел од фирмите се во Македонија, а другите се офшор компании од Панама, Америка, Холандски Антили, Сејшели, Девствени острови, Велика Британија. Преку нив биле префрлани пари во македонските компании најчесто низ банки од Кипар, кои биле […]

СЈО ја губи смислата на постоењето


Целата македонска јавност се крена на нозе кога претседателот Ѓорге Иванов ги аболираше функционерите од ВМРО-ДПМНЕ осомничени во случаите на Специјалното јавно обвинителство. Сега, неколку години подоцна, веќе не важат паролите што ги носеа демонстрантите „Шутка не ти бега Никола“ и „Ќе си лежите“, а маичките со ликовите на трите специјални обвинителки ја изгубија вредноста. […]

Камчев од Шутка си заминува дома


Најбогатиот Македонец  Орце Камчев од затворот во Шутка си заминува дома откако Апелацискиот суд му го укина притворот и му одреди куќен притвор. Судот му ја замени мерката притвор со куќен притвор и на директорт на Пелагонија, Цветан Панделевски. Одлуките беа донесени во затворена седница, откако одбраната на осомничените го повлече предлогот за одржување на […]

Мијалков и Камчев ќе си ја купат слободата?


По речиси еден месец поминат во притвор, Кривичниот совет на Основен суд 1 отвори можност на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, да си ја купи слободата со пари. Одбраната на Мијалков пред неколку дена поднесе предлог до судијата на претходна постапка, Весна Димишкова и како гаранција понуди имот вреден еден […]

Камчев нуди 14 милиони евра да излезе од Шутка


Бизнисменот Орце Камчев нуди имот од 14 милиони евра и гарантира дека нема да бега, јавува Телма.  Извори на телевизијата велат дека станува збор за недвижен имот на Камчев и неговата фамилија. Дали Кривичен ќе ја прифати понудата ќе се знае следната недела. Предметот се уште не бил испратен во СЈО кое треба да даде […]

Привремено одземен дел од имотот на Камчев


Специјалното јавно обвинителство побарало привремено одземање на имотот на бизнисменот Орце Камчев заради обезбедување, а судот определил привремени мерки и забрани отуѓување и располагање со уделите на фирмите за кои постои основано сомнение дека била прибавена имотна корист со кривичните дела за кои се води постапката за случајот „Империја“. „Воедно судија на претходна постапка, постапувајќи […]

Камчев не може да излезе од притвор со кауција?


Бизнисменот Орце Камчев кој е во притвор во истражниот затвор во Шутка не може со кауција да излезе од притвор. Неговиот адвокат во саботата поднел жалба на одлуката на судијата на претходна постапка на Камчев да му биде одреден триесет и дневен притвор. Судот треба да одлучи дали ќе биде прифатена жалбата на Камчев со […]

Камчев бил сместен во пристојна „хашка соба“


Бизнисменот Орце Камчев, кој вчера заврши во притвор како осомничен во новата истрага на СЈО „Империја“, е сместен во една од шесте „хашки соби“, во истражниот затвор „Скопје“, кои според условите важат за привелигирани соби, јавува „Фокус“ повикувајќи се на добро упатени извори. Според информациите, останатите четворица, Ненад Јосифовиќ, Тодор Мирчевски, Цветан Панделески и Зорица […]