Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош


Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, денеска спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа. Акцијата, како што информираат од општината, се одвиваше во реонот на урбаната заедница „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за […]

Карпош ја поништи одлуката за нејзино учество во проектот на УНДП


  Советот на Општина Карпош заседаваше по четврти пат, при што советниците расправаа и полноправно одлучуваа по 10 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. На самиот почеток од седницата, градоначалникот Сотир Лукровски ги информираше советниците во врска со случајот со труење на основците од „Димо Хаџи Димов“. – По оваа несакана случка, Општина […]

Без вода дел од корисниците во Општина Карпош


ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека денеска поради промена на два затварача (Шибеи) Ф 150мм. и Ф 100мм. на улица „Руџер Бошкович“ 4, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улиците „Руџер Бошкович“ на потег од бул. „8-ми Септември“ до улица „Никола Тесла“, дел од бул. „8-ми Септември“ на потег од […]

Завршена е првата фаза на градежните работи на новиот мегапарк во општина Карпош


Завршена е првата фаза на градежните работи на новиот мега-парк во општина Карпош, зелен појас кој се простира на површина од 86.000 метри квадратни. Се уреди и исчисти запуштениот простор кој беше непристапен и обраснат, а сега прераснува во парк со чија реализација како проект и дел од програмата „За модерно Скопје“, се делува со […]

Реакција на Општина Карпош по кривичната пријава од МВР


По повод информацијата дека Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против една скопска општина и пет лица вработени во Секторот за урбанизам и правното лице од Скопје поради сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.  Секторот за урбанизам и правниот сектор во општина Карпош со индигнација ја […]

Јакимовски се иззема од одговорност за зградата кај Воена болница – сите министерства дале дозвола


Откако  „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“ и Левица најавија протест за зградта кај Воената болница во Скопје, градоначалникот на Карпош Стевче јакимовски, со соопштение појаснува дека сите надлежни министерства дале дозвола за овој објект, а тој не е одговорен, затоа што надлежниста за одлуките ја пренесол на раководителите на Секоторот за урбанизам.  […]

Политиката во Карпош ќе ја остави нефункционална општината


Едните предупредуваат дека општината ќе нема кој да ја чисти, ќе нема кој снегот да го отстрани, да се одржувауличното осветлување, водоводот, атмосферската и фекалната канализација, а другите пак велат дека за да се донесат ДУП-овите и да се погоди на урбаната мафија, се плетат политички застрашувачки приказни.  Дали Општина Карпош може да функционира и […]

АХВ: Салмонела нема ни во кујните, ни во мострите од храна! – Како ли се заразија децата?


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги доби резултатите од земените мостри од храна и суровини за подготовка на храна, од сите училишни кујни во Општина Карпош каде се подготвува храна, каде беа пријавени случаи на сомнежи на труење и беше спроведен вонреден инспекциски надзор. Лабораториски резултати од испитаната храна која е земена од централниот […]

Општина Карпош во 2021 година привремено вработила 100 лица, за кои не се знае што работат


Државниот завод за ревизија денеска излезе со извештај за работењето на Општина Карпош, во кој констатира неколку неправилности, како на пример, дека со програмата биле предвидени привремени вработувања на 30 луше, а вработиле 100. Воедно, ревизорите констатирале дека за овие лица не е наведено кои им се работните задачи, туку на приватните агенции за вработување […]

Карпош ќе добие нова техничка опрема за подобро одржување на зеленило и хигиена


Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски најави набавка на нова техничка опрема, со што дополнително ќе се зголеми квалитетот на одржување на зеленилото и хигиената во општината. Јакимовски нагласи дека ефикасноста во одржувањето на хигиената во Карпош, е, во голема мера подобрена во однос на претходната година, благодарение на ангажманот на вработените и покрај тоа […]

Општина Карпош ќе дава субвенции за замена на покриви и лифтови


Советот на Општина Карпош заседаваше по дваесет и трети пат, притоа разгледувајќи 22 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. По широка дискусија, советниците го усвоија предлог – правилникот за условите, критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на колективните станбени објекти (згради), како и замена на […]

Општина Карпош започна со селекција и рециклирање на отпад


Општина Карпош информира за применување соодветна стратегија за поздрава еколошка средина. Имено, од Општината потенцираат дека одржувањето на здравата животна средина претставува една од главните цели за кои се залага Општина Карпош. -Во таа насока, локалната самоуправа презема низа активности, мерки и применува соодветна методологија за третирање на отпадот. Притоа, општината започна со процесот на […]

Ќе се гради или не висококатница кај болницата „Букурешт“?


радоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски не ја разбира вознемиреноста на советничката група на ВМРО ДПМНЕ која денеска преку прес-конференција побара укинување на маркица за градење на 28-катница, зад бензинската во близина на болницата „Букурешт“. -Имено, јас уште синоќа јавно кажав дека таква висококатница нема да се гради и дека никогаш нема да ставам потпис […]

Народниот правобранител: Советот на Општина Карпош ги повредил правата на децата


Советот на Општина Карпош ги повредил правата на децата загрижени во детските градинки на ова општина со тоа што донесел одлука со која децата кои не се место на живеење во ова општина треба да се отпишат најдоцна до 10 јуни 2022 година, велат од Народниот правобранител. Народниот правобранител согласно законски определениот мандат и надлежности, […]

Во Карпош има вкупно 256 потенцијални загадувачи


Вкупно 256 деловни субјекти на територија на Општина Карпош, се мапирани како потенцијални загадувачи. На денешната шеста на Советот на Општина Карпош, по претходно елаборирање од страна на стручното лице од Одделението за заштита на животната средина и природатабеше усвоен Извештајот за ажурирање на Катастар на потенцијални загадувачи, кои се наоѓаат на територија на локалната […]

Општина Карпош даде рок од 15 дена да се урне џамијата во Злокуќани


  Џамијата што се гради во скопско Злокуќани е дивоградба, а инспекторите од Општина Карпош, дадоа рок од 15 дена таа да се урне. Од општината соопштија дека во саботата на 8 јануари инспекциската служба на Општина Карпош излезегла на терен во врска со нелегалното градење верски објект во населбата Злокуќани. – Инспекциската служба на […]

Атина го обновуваше Карпош, сега треба да се возврати


Општина Карпош отвора два пункта за собирање донации за настраданите во Грција, еден во спортската сала на училиштето „Лазо Трповски“ и еден во спортската сала на училиштето „Владо Тасевски“. Граѓаните своите донации можат да го оставаат во периодот од 12 до 18 часот и од 10 до 14 за време на викендот. Градоначалникот на општината […]

Жителите на Карпош в петок на протест поради спорните детални урбанистички планови


Жителите на Општина Карпош најавуваат протест за 4 мај пред Уставен суд со цел итно решавање на предметите за спорните детални урбанистички планови. Од иницијативата „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“ бараат Уставниот суд да ги стави на дневен ред четирите спорни детални урбанистички планови од Општина Карпош кои се доставени до Судот во […]

И Општина Карпош ќе дава до 3.000 денари субвенции за велосипед


Општина Карпош ќе доделува субвенции за купување нов велосипед, најави денеска градоначалникот Стефан Богоев. Субвенцијата ќе биде во износ од 30 отсто од сумата на велосипедот, но најмногу до 3.000 денари. Субвенциите ќе се делат по принципот „прв дојден, прв услужен”, се до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот. За старт на оваа мерка […]

Ќе се гради базен во дворот на „Јан Амос Коменски“


До крајот на годинава Општина Карпош ќе добие нов затворен базен во дворот на основното училиште „Јан Амос Коменски“ благодарение на соработката на Општината и Агенцијата за млади и спорт. Ова ќе биде еден од трите базени што градоначалникот Стефан Богоев планира да ги изгради до крајот на мандатот, како дел од предизборните ветувања. Во […]