Нов протест на албанската опозиција


Со обраќањето на лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша и пеење на албанската национална химна пред партиското седиште, попладнево заврши денешниот седми по ред протест на обединетата албанска опозиција. Во својот говор пред насобраните приврзаници на опозицијата, Баша порача дека нема ниту избори со албанскиот премиер Еди Рама, ниту пакт со „балканскиот Мадуро“ и им […]

ОБСЕ: Откажувањето на албанската опозиција од пратеничките мандати e чин без преседан


Амбасадорот на ОБСЕ во Тирана, Бернд Бошард откажувањето на албанската опозицијата од пратеничките мандати го оцени како чин без преседан и лош пример за регионот. – Тоа беше критикувано од страна на сите меѓународни претставници, бидејќи тоа е фитил кој фрли пламен врз сите парламентарни системи, изјави Бошард. На прашањето дали ОБСЕ ќе ги признае […]

Опозицијата заеднички ќе ја руши власта во Дебар


Највисоките органи на ВМРО-ДПМНЕ ги делегираа Митре Милошевски и Николчо Стоилков за кандидати за градоначалници на Охрид, односно Ново Село, но иако локални избори заедно со претседателските ќе има и во Дебар, најголемата опозициска партија таму најверојатно нема да има свој претставник. Место дефилирање на кандидат кој во средина со претежно албанско население нема никакви […]

Пендаровски не забележал дали сѐ уште го следат, но чувството е непријатно


Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски смета дека е завршена работата со неговото следење и фотографирање, откако пријавил во МВР, не е закана за неговата безбедност, но вели дека чувството не е пријатно. Пендаровски вели дека не забележал дали сѐ уште го следат, но додава дека тоа е завршена работа. „Таа работа е завршена. Поднесов пријава […]

Британската опозиција ја обвинува Меј дека се обидува да ги подмити


Британските опозициски политичари ја обвинија денеска премиерката Тереза Меј дека се обидува да ги подмити за да гласаат за нејзината спогодба за Брегзит. Владата најави пакет од 1,6 милијарди фунти за финансирање обнова на „пропаднатите“ заедници, пренесе АП. Многу заедници се наоѓаат во Англија, каде гласаа за опозициската Лабуристичка партија и тој потег се гледа […]

Рама им забрани на министрите и пратениците да учествуваат во ТВ дебати со „бегалците“ од Парламентот


Албанскиот премиер Еди Рама им забрани на министрите и пратениците од неговата Социјалистичка партија да учествуваат во телевизиски дебатни емисии со поранешните опозицски пратеници, кои се откажаа од мандатите. – Не одете на ТВ дебати со оние кои се откажаа од пратеничките мандати. Не треба да одите на дебата со бегалците од Собранието, им порача […]

ЕУ: Оставките на опозициските претеници ја поткопуваат евроинтеграцијата на Албанија


Амбасадорот на Мисијата на Европската Унија во Тирана, Луиџи Сореца оцени дека откажувањето на опозицијата од пратеничките мандати го поткопува интегративниот процес на Албанија. – Откажувањето од мандатите го поткопува процесот на интеграција на Албанија кон ЕУ. Пратениците имаат одговорност кон гласачите, очекуваме Владата и опозицијата да се вклучат во дијалогот, порача Сореца од албанскиот […]

Црногорската опозиција бара формирање техничка влада


Лидерите на црногорските опозициски партии денеска на средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во Подгорица се заложија за формирање техничка влада, како единствен начин за изнаоѓање системско решение за проблемите во земјата. – Формирањето на техничка влада е нејдобро решение за Црна Гора, додека протестите се главна демократска институција, изјави лидерот на опозициската Социјалдемократска партија […]

Албанскиот Парламент и официјално без опозиција


Собранието на Албанија од денеска и официјално е без опозиција, откако лидерот на опозициската Демократската партија, Љуљзим Баша до Претседателството на Парламентот ги достави изјавите потпишани од пратениците со кои тие се откажуват од пратеничките мандати. Баша ги достави изјавите по завршувањето на протестот пред Парламентот, на кој беше побарана оставка на премиерот Еди Рама […]

Вучиќ: Опозицискиот договор со народот е збор на глупости


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека предлогот на „Договорот со народот“, направен од опозицијата, е „збир на неверојатни глупости“, како и дека граѓаните кои протестираат можат да го прават тоа колку што сакаат, но нема да им биде дозволено насилство. – Го прочитав тој договор, како и претходниот договор со народот, кој имаше некоја […]

Масовни протести во Тирана: Демонстранти се обидоа да влезат во владината зграда


Масовните протести на албанската обединета опозиција ескалираа со пробивање на полицискиот кордон пред Владата, скршени врати и прозорци, фрлање молотов коктел и тврди предмети,поставување на партиското знаме на Демократската партуја пред Владата. Полицијата беше приморана да фрли солзавец,по што оние кои се обидуваа да влезат во зградата се повлекоа.На објкетот на зградата има и снјаперисти. […]

Српската опозиција почна со бојкот на парламентот


Пратениците од партиите кои се дел од Сојуз за Србија (СзС), моментално најсилниот опозициски блок, почнаа со бојкот на работата на српскиот парламент. Во бојкотот учествуваат и пратениците од Клубот на независни пратеници, кои не се членки на Сојузот за Србија, но се потписници на „Договор со народот“ и листата на барања за фер и […]

Вучиќ до опозицијата: И пет милиони да сте, ништо не ви исполнувам


Претседателот на Србија и на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ изјави дека нема да исполни ниту едно барање на опозицијата, колку и да излегуваат на улица и колку и да траат овие протести. – Шетајте колку и да сакате, јас никогаш нема да ви исполнам какво било  барање. Може и пет милиони да се […]

Протест на опозицијата во Белград: „Вучиќ, готово е“


Во Белград во организација на опозицијата синоќа се одржа протест под слоганот „Стоп на крвавите кошули“. Повеќе илјади граѓани прво се собраа на платото пред Филозофскиот факултет каде им се обрати актерот Бранислав Трифуновиќ, по што без инциденти се прошетоа до Народното Собрание и Радио Телевизија на Србија. Како што беше најавено, на протестот немаше […]

Унгарската опозиција бара Груевски да биде упасен и екстрадиран


Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо да го екстрадира поранешниот премиер Никола Груевски, кој побара азил во земјата. Унгарската националистичка партија „Јобик“, како и левичарските партии „Дијалог“ и Демократската коалција, денеска соопштија дека на Груевски треба да му биде одбиено барањето за азил и да биде екстрадиран во […]

Заев: Мислев дека и Панчо Минов ќе гласа „за“


Мислев дека и пратеникот Панчо Минов ќе гласа за уставните измени, но му го почитувам ставот и одлуката, изјави премиерот Зоран Заев. Тој рече дека покрај Минов, разговарано било и со други пратеници од опозицијата со цел да се зголеми парламентарното мнозинство што го поддржува договорот со Грција. Со независната осумка (пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и […]

Опозицијата бара амнестија, власта сака помирување


Земјата се соочува со нов сериозен предизвик, покрај завршувањето на собранискиот процес за уставна ревизија. Помирувањето и простувањето за настаните на 27 април, кое го понуди премиерот Зоран Заев од собраниската говорница (која беше толкувано и како амнестија) и имплементација на договорот со Грција, очигледно, ќе бидат два процеса кои и наредниов период ќе се […]

Премиерот и вчера разговарал со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ


Очекувам да се изнајде храброст, да се надминат партиските и политичките предрасуди, спреги и да се внимава на иднината на државата, затоа што оваа шанса е неповторлива. Одлуката која ја носиме е со огромна одговорност и важност за иднината на граѓаните и верувам дека сите ние пред се и над се ќе мислиме на нашата […]

Опозицијата се обединува во „Сојуз за Србија“


Белград –    Десет опозициски партии, вечерва во Белград, го формира „Сојузот за Србија“ – политички блок кој  се залага за создавање услови за фер избори, борба против криминалот, нова економска политика, вработување на младите и борбата против сиромаштијата, а се  противи на членството на Приштина во ОН. Иницијативата за формирање на „Сојузот за Србија“ […]

Заев до опозицијата: Можете да пукнете


Премиерот Зоран Заев од собраниската седница им порача на пратениците од опозицијата дека можат да пукнат што не го решиле спорот со името со Грција додека биле на власт и не ја внеле Македонија во ЕУ и во НАТО. Тој тврдеше дека сите потези што ги повлекол, биле во интерес на граѓаните и за иднината […]