Силјановска-Давкова: Обединетите нации опасно се приближуваат до „моментот на Лигата на народите“


Пред осумдесет години, Обединетите Нации се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни, да го прекинат колонијализмот, да ги почитуваат човековите права, да ја унапредат правдата и меѓународното право. Нивната Повелба ја зацврсти суверената еднаквост на државите. Нејзините агенции се стремеа да создадат подобар свет, градејќи мир не само меѓу […]

Пендаровски во Њујорк ја одликуваше ООН со Орден на Република Северна Македонија


Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, вчера попладне во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски му го врачи одликувањето на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш кое се доделува за големата помош и поддршка на ОН при справувањето со последиците […]

Амбасадорите во ОН со критика до Русија: Уште колку треба да ги трпиме овие глупости и да губиме време во СБ на ОН


  САД и нивните сојузници вчера ја критикуваа Русија дека „му го губење времето“ на Советот за безбедност на ОН со ширење заговори и повторување на обвинувањата дека САД имаат „воени биолошки програми“ во Украина. -Уште колку треба да ги трпиме овие глупости?, запраша британската амбасадорка во ОН, Барбара Вудворд. Русија претходно во Советот за […]

(Видео) Обраќање на премиерот Ковачевски на Генералната дебата на ООН во Њујорк


Проследете го обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски на Генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк (САД). Тема на годинешната генерална дебата е „Tрансформативни решенија на испреплетени предизвици“.

Педесет и осум членки на ОН бараат итен прекин на војната во Украина


По седницата на Советот за безбедност на ОН одржана синоќа, по повод шест месеци од почетокот на војната во Украина и Денот на независноста на таа земја, 58 земји усвоија заедничка изјава во која бараат итен прекин на воените дејствија „иницирани од руската инвазија врз Русија“. Текстот на документот во седиштето на ОН во Њујорк […]

Бахус: ОН бараат независна истрага за силувањата во Украина


САД – ОН бараат независна истрага за силувањата и сексуалното насилство во војната на Москва во Украина, по извештаите дека се повеќе цивили биле цел на руските војници. -Слушаме сè повеќе за силувања и сексуално насилство. Овие наводи мора независно да се истражат за да се обезбеди правда и одговорност, кажа извршната директорка на ОН за […]

Русија исфрлена од Советот за човекови права на ОН


  Генералното собрание на Обединетите нации  гласаше за суспендирање на Русија од Советот за човекови права за време на седницата во Њујорк. Тоа следи по наводите за воени злосторства на војниците на Кремљ во Украина. Пред да се гласа, украинскиот амбасадор во ОН Сергиј Кислица ја обвини Русија за „ужасни“ злоупотреби – покренувајќи го прашањето […]

Зеленски се обрати пред Советот за безбедност на ОН


САД – Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео конференциска врска се обраќа пред Советот за безбедност на ОН. Ова е негово прво обраќање пред Советот за безбедност од почетокот на руската инвазија. Се очекува тој да ги повика членките на ОН да воведат нови, построги санкции кон Москва. Според информациите, Зеленски ќе зборува и за масакрот […]

Итна седница на Генералното собрание на ОН за руската инвазија врз Украина


САД – Советот за безбедност на ОН за денеска свика „итна, вонредна седница“ на Генералното собрание на ОН со цел сите членки на светската организација да се изјаснат за руската инвазија врз Украина. Резолуцијата, предложена од САД и Албанија, синоќа ја усвоија 11 земји. Русија гласаше против, Обединетите Арапски Емирати, Кина и Индија беа воздржани. Вето не е можно […]

Гутереш: Светот е полош отколку што беше пред пет години


САД – Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш предупреди дека ситуацијата во светот денеска е значително полоша отколку пред пет години, поради пандемијата со Ковид-19, климатската криза и поради геополитичките тензии, кои предизвикаа бројни конфликти. Но, за разлика од американскиот претседател Џо Бајден, тој смета дека Русија нема да ја нападне Украина. Гутереш […]

ОН: Во Сирија се уапсени, киднапирани или исчезнати над 100 лица


САД– За време на осумгодишниот конфликт во Сирија,  повеќе од 100.000 луѓе се уапсени, киднапирани или исчезнати, соопшти потсекретарката на ОН за политички прашања Розмари Ди Карло, додавајќи дека за тоа во голема мерка е одговорна сириската влада. Таа, исто така, ги повика завојуваните страни да го прифатат повикот на Советот за безбедност на ОН […]

Брамерц: Треба да се обработат уште неколку илјади случаи на воени злосторства во поранешна Југославија


САД – Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц изјави пред Советот за безбедност на ОН дека во земјите на поранешна Југославија треба да се обработат уште неколку илјади случаи на воени злосторства. Брамерц рече дека во земјите на поранешна Југославија и натаму е присутна глорификација на воените злосторници. – Порекнувањето на злосторствата нанесува длабоки страдања […]

Скопје и Атина го информираа Гутереш за Северна


Скопје и Атина вчера доставија заедничкото писмо до генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш со кое го информираат за датумот на влегување во сила на Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 […]

Во ОН почна кампања за Меѓународна конвенција за безбедност на новинарите


САД– Меѓународната новинарска федерација (IFJ) почна во ОН кампања за сензибилизација за потребата од донесување „Меѓународна конвенција за безбедноста и независноста на новинари и други вработени во медиуми“, со желба да се стави крај на „неказнувањето напади врз новинари“. – На првата седница учествуваа 15-на држави меѓу кои Русија, Пакистан, Перу, Италија и Тунис, нагласи […]

Дајна Пауел не сака да биде амбасадорка на САД во ОН


САД – Поранешната советничка на американскиот претседател Доналд Трамп и актуелна директорка во банката „Голдман Сакс“, Дајна Пауел одбила да ја прифати должноста постојан претставник на САД во ОН, соопшти неименуван извор во Белата куќа. По најавеното повлекување од функцијата на актуелната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли до крајот на годината, Трамп во вторникот соопшти дека […]

Претседателот Иванов ќе се обрати на Генералното собрание на ОН


Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати на 73. Генерално собрание на Обединетите нации кое годинава се одржува на тема „Да ги направиме Обединетите нации релевантни за сите. Глобално лидерство и заедничка одговорност за мирни, рамноправни и одржливи општества. Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, завчера присуствувал на отворањето на генералната дебата на Генералното собрание […]