Прво неформално гласање за нов генерален секретар на ОН


Во Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе се одржи своето прво неформално гласање, за да ја процени поддршката за новиот генерален секретар на меѓународната организација. Мандатот на актуелниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш завршува во јануари 2027 година. СБ го номинира новиот генерален секретар. Кандидатот мора да добие најмалку девет гласови во […]

Маж се самозапали пред седиштето на ОН во знак на протест за Тибет (видео)


Еден човек се самозапали пред седиштето на Обединетите нации во Њујорк синоќа. Според извештаите на локалните медиуми и снимките од социјалните мрежи, тој поставил знаме поврзано со тибетската влада во егзил на тротоарот на крстосницата на „Источна 43-та улица“ и Првата авенија кратко претходно, околу 19 часот по локално време.   A man set himself […]

ОН: Речиси седум милиони луѓе можно е да се погодени од земјотресите во Венецуела


Околу седум милиони луѓе можно е да се директно погодени од разорните земјотреси во Венецуела, според проценките на Обединетите нации. „Најмалку 6,76 милиони луѓе може да бидат директно погодени од разорните земјотреси што ја потресоа Венецуела на 24 јуни. Потенцијалниот ефект од тоа може да е хуманитарна катастрофа“, соопшти Меѓународната организација за миграција, агенција на […]

„Засрамувачки“: Мерц под притисок по поразот во Обединетите нации


  Невидениот неуспех на Германија да освои едно од ротирачките места во Советот за безбедност на ОН предизвика интензивна рунда на самоиспитување во Берлин и покрена прашања за нејзините претензии за меѓународно лидерство под водство на Фридрих Мерц. Гласањето во Советот во средатa, на кое Австрија и Португалија беа избрани на двегодишен мандат заедно со […]

Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН – ЕКОСОК


Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации (ОН). Огромен успех за државата и македонската дипломатија. Избрани сме со 174 гласа., објави премиерот Христијан Мицкоски во врска со изборот на Македонија за членка во  на Економскиот и социјалниот совет на ОН – ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година. -Во Обединетите нации […]

Цел Запад, а и Македонија, не ја поддржа резолуцијата на ОН за осуда на ропството


  Генералното собрание на ОН во средата усвои резолуција со која трговијата со поробени Африканци се прогласува за „најтежок злостор против човештвото“ и се повикува на репарации како „конкретен чекор кон исправување на историските неправди“. Резолуцијата, исто така, повикува на „брза и непречена реституција“ на културни предмети – вклучувајќи уметнички дела, споменици, музејски експонати, документи […]

Советот за безбедност на ОН ќе одржи затворена седница за Иран


Советот за безбедност на Обединетите нации утрово ќе одржи затворена седница за Иран. Состанокот го побара Русија, која го покрена прашањето за нападите на САД и Израел врз цивилната инфраструктура во земјата, изјавија доцна синоќа двајца дипломати на ОН, кои побараа анонимност бидејќи седницата не е отворена за јавноста. Соединетите Американски Држави, кои моментално претседаваат […]

Меланија Трамп ќе претседава со Советот за безбедност на ОН


Првата дама на САД, Меланија Трамп, во понеделник, на 2 март, ќе претседава со состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации, кога САД официјално ќе го преземат едномесечното ротирачко претседателство со ова тело на светската организација, соопшти денеска Белата куќа. Меланија Трамп на состанокот ќе го нагласи образованието како начин за промовирање на толеранцијата […]

ОН за прв пат влегоа во Ел-Фашер и го опишаа тамошниот пекол: Градот е морничаво тивок


За прв пат од октомври, хуманитарен тим на Обединетите нации влезе во Ел-Фашер, главниот град на Северен Дарфур, за да ја процени ситуацијата по насилното преземање на градот од страна на паравоената група Судански сили за брза поддршка (RSF). Посетата понуди мрачна слика за град речиси испразнет од жители поради страв, додека стотици луѓе продолжуваат […]

Канцеларијата на ОН за човекови права во режим на преживување поради недостиг на пари и укинување на работни места


Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Тирк, денеска изјави дека неговата канцеларија годинава се соочува со финансиски дефицит од 90 милиони долари и дека намалувањето на бројот на вработени ќе опфати околу 300 места, или околу 15 отсто. Тирк рече дека канцеларијата со седиште во Женева е во „режим на преживување“ откако главните […]

Обединетите нации одбележуваат осум децении постоење


Организацијата на Обединетите нации одбележува осум децении постоење, на денот кога стапи во сила Основачката повелба на ОН. Во 1947 година беше усвоена одлука 24 октомври, датумот на стапување во сила на Основачката повелба на ОН, да се одбележува како Ден на ОН, инаку потпишана на 26 јуни 1945 година на Конференцијата во Сан Франциско. […]

ОН повторно воведува сеопфатни санкции врз Иран, но прашањето е дали сите земји ќе ги почитуваат


Сеопфатните економски и воени санкции на Обединетите нации најверојатно би можеле повторно да бидат воведени врз Иран во текот на викендот откако нуклеарните разговори со Западот пропаднаа. Воведувањето санкции нема да се случи освен ако не се промени ставот на Иран во последен момент, што е малку веројатно. Повторното воведување санкции доаѓа откако Велика Британија, […]

ОН: За голем број Палестинци евакуацијата од градот Газа е невозможна


 Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Дижарик, синоќа изјави дека иако Израел издал наредба за евакуација што го опфаќа целиот град Газа, каде што околу еден милион Палестинци се засолнети, голем број од оние што сè уште се таму веруваат дека напуштањето на градот е „едноставно невозможно“. Дижарик објасни дека транспортот од градот Газа може да […]

ОН предупредува на „катастрофални последици“ ако Израел ја прошири воената операција во Газа


Висок функционер на ОН денеска предупреди дека проширувањето на израелската воена операција во Појасот Газа би имало „катастрофални последици“. -Меѓународното право е јасно по ова прашање – Газа е и мора да остане составен дел од идната палестинска држава, рече Мирослав Јенка, заменик-генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка, за време на […]

САД ја обвинија Кина на седницата на СБ на ОН за поттикнување на руската агресија во Украина


Вршителката на должноста амбасадор на САД во ОН, Дороти Ши, денеска на седницата на Советот за безбедност на ОН ја обвини Кина за поттикнување на руската агресија во Украина, додека заменик-кинескиот амбасадор во ОН, Генг Шуанг, го обвини Вашингтон дека се обидува да ја префрли вината и да предизвика конфронтација. Ши ги повика сите земји, […]

Извештај на ОН вели дека нема врски меѓу сириските власти и Ал Каеда


Набљудувачите на санкциите на ОН оваа година не пронајдоа „активни врски“ меѓу Ал Каеда и исламистичката група што ја предводеше привремената влада на Сирија, се вели во необјавен извештај на ОН. Извештајот, кој се очекува официјално да биде објавен подоцна овој месец, веројатно ќе го поддржи очекуваниот притисок на САД за укинување на санкциите на […]

Рускиот претставник во ОН за нападот против Иран: Неодговорни, опасни и провокативни потези


Русија ги осудува неодговорните, опасни и провокативни потези преземени против Иран, изјави вчера постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја. -САД ја отворија Пандорината кутија. Никој не знае какви нови катастрофи и страдања ќе донесе ова, рече Небензја на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН, пренесуваат британските медиуми. Амбасадорот оцени дека САД […]

ОН предупредуваат дека глобалната побарувачка за минерали ги зголемува криминалот и нестабилноста


Растечката побарувачка за минерали, во екот на глобалната заложба за технологии за обновливи извори на енергија, ги зголемува ризиците од криминал, корупција и нестабилност, се вели во студија на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (УНОДЦ) објавена вчера. – Побарувачката за минерали потребни за технологиите за обновлива енергија расте и ќе продолжи да расте, […]

ОН: Планот на Израел за помош е „цинична претстава“


Директорот на службата на ОН за хуманитарна помош, Том Флечер, планот на Израел за дистрибуција на помош во Појасот Газа, го оцени како „цинична споредна претстава, намерно одвлекување на вниманието, смоквин лист за понатамошно насилство и раселување“. Тој, пред Советот за безбедност на ОН, посочи дека повеќе од 10 недели во Појасот Газа не е […]

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година


Русија е одговорна за соборувањето на летот MH17 на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година и ги прекршила меѓународните договори за цивилно воздухопловство, пресуди денеска Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) по жалбата поднесена од Холандија и Австралија. Холандија поднесе жалба откако Русија се повлече од преговорите за утврдување на одговорноста за соборувањето на […]