Уапсен е близок соработник на министерот Спасовски


Под сомнение за злоупотреба на службена должност, попладнево од слобода е лишен Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Приведувањето е извршено по налог на Основното јавно обвинителство, под сомнение за сторено  кривично дело по член 353 од Кривичниот законик „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој бил приведен попладнево во […]

Спасовски: Ништо не се крие во случајот со полицајката


– Ништо не се крие во случајот со полицајката, целата документација е доставена до Јавното обвинителство, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Кавадарци. Одговарајќи на новинарски прашања, тој нагласи дека за тој случај Министерството има соопштено се што имало да соопшти. – Поднесена е целокупната документација до јавното обвинителство, тоа постапува и […]

Промовирани 609 кандидати за полициски службеници


Во Центарот за обука во Идризово денеска беа промовирани 609 кандидати за полициски службеници кои успешно ја завршија едногодишната обука поделена во три образовни модули – сообраќај, јавен ред и мир и гранични работи. На промовирањето на новите кандидати за полициски службеници присуствуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот заменик Агим Нухиу. Спасовски […]

Спасовски: Се обработуваат снимките од инцидентот со полицајката


Снимките од камерите на Град Скопје од инцидентот со полициската службеничка кај трговскиот центар „Мавровка“ се обработуваат. Одговорно тврдам дека тоа што беше вчера соопштено е документирано и е предадено во јавното обвинителство. МВР стои на располагање да се расветли случајот до крај, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој ги повика сите кои […]

Полицајката проговори: Асани не ме нападна, сама се удрив


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со полициската службеничка Јасмина Јаначковска, со цел лично да се информира за вчерашниот инцидент. Функционерот на ДУИ, Бекир Асани вчера ја нападна полициската службеничка, при кревање на неговото возило со специјално возило на „Пајак“ – службата. Таа, како што се наведува во соопштението на МВР, била […]

Невладините организации биле неоправдано осомничени


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари средба со претставници на дваесетина невладини организации кои во текот на минатата година беа предмет на истрага покрената на барање на Државната комисија за спречување на корупцијата. На средбата, на која присуствуваа и директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски,  директорот на Управата за финансиско разузнавање […]

Спасовски: Постапивме законски при приведувањето на пратениците


Полицијата постапуваше согласно своите законски овластувања, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовоски, по забелешките од Народниот правобранител дека било повредено правото на пратенички имунитет при приведувањето на пратениците кои се осомничени за настаните од 27 април. -Полицијата при приведувањето постапуваше врз основа на наредба издадена од Судот. Согласно на тоа, ние постапивме во […]

Се чека меѓународна потерница за пет лица на 27 април


Полицијата има информации каде се наоѓаат осомничените за собраниските настани на 27 април, но се чека распишување потерница за да може да постапува, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. „Полицијата чека распишување на меѓународни потерници за уште петмина учесници во собраниските настани од 27 април, рече Спасовски, посочувајќи дека за дел од нив МВР […]

Во Тетово е откриена најголемата лабораторија за синтетичка дрога на Балканот (ВИДЕО)


Шест лица досега се уапсени во акцијата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и на Министерството за внатрешни работи, во која е откриена најголемата лабораторија за нелегално производство на синтетички дроги на Балканот, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Уапсените се државјани на Македонија и на Србија. Крајната дестинација […]

Се трага по уште шест лица, 30 се уапсени


Полицијата трага по уште шест лица осомничени за тероризам и загрозување на уставниот поредок при упадот во Собранието на 27ми април. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска потврди дека од 36-осомничени, шестмина се уште се недостапни за органите на прогонот. Од вчера најдени се шест лица по кои се трагаше и изнесени се пред […]

Ексминистерката парично ги наградила полицајците кои учествуваа во „црниот понеделник“


Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека полициските службеници кои беа вклучени во „Црниот понеделник“ на 24 декември во 2012 година биле наградени од тогашната министерка за внатрешни работи. – Не се реагираше како што треба и не можеше да биде расчистен, бидејќи беше дадена наредба на полициски службеници да дојдат да ги исфрлат […]