Сообраќајкa кај рафинерија „Окта“ се вози една лента, а камионите се пренасочуваат


Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на автопатот Миладиновци – Куманово, поточно кај рафинерија Окта – село Дељадровци за патнички возила се одвива по една коловозна лента, а товарните моторни возила се пренасочуваат кон Миладиновци, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор […]

ОКТА донираше фотоволтаична централа на градинка во Гевгелија


Вложувања во обновлива енергија, останува да биде еден од главните приоритети на стратегијата за општествена одговорност на ОКТА. Денес беше пуштена во употреба новата фотоволтаична централа во Гевгелија, која е поставена на кровот на градинката „Детска радост“. Ова е петта донација на ОКТА во фотоволтаични системи кои се поставени на училишта и градинки во повеќе […]

Еве како работеше ОКТА: Објавени финансиските резултати за првите девет месеци од 2024 година


ОКТА ги објави финансиските резултати за првите девет месеци од 2024 година со ЕБИТДА која изнесува 336 милиони денари и добивка пред оданочување од 151 милион денари. Иако извозната продажба се зголеми за 12%, пониските меѓународни цени на нафтата и зголемените оперативни трошоци влијаеја на резултатите. Приходите од продажба достигнаа 34.359 милиони денари, што е […]

Нова донација од ОКТА: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Велес доби соларна централа


ОКТА АД – Скопје ја реализираше првата од трите донации на фотоволтаични централи наменети за образовни институции во земјава, планирани за оваа година, соопшти компанијата. Со оваа најнова донација од ОКТА, основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Велес доби соларна централа со инсталирана моќност од 16,1 kW (киловати), поставена на покривот на училиштето. Централата […]

ОКТА го дигитализира испитувањето на цетанскиот број на дизел горивата


ОКТА инвестираше во дигитализација на моторите, единствени во државата за испитување на цетански и октански број коишто се наоѓаат во лабораторијата на компанијата.  Ова е прва акредитирана лабораторија за ваков вид испитувања во земјава којашто работи согласно референтни методи дефинирани во највисоките европски, американски и домашни стандарди. Првиот уред кој доби нов современ дигитален панел […]

ОКТА продолжува со реализација на платформата „ЈАС ВНИМАВАМ“ за поголема безбедност во сообраќајот


ОКТА продолжува со реализација на својата долгорочна општествено одговорна платформа „ЈАС ВНИМАВАМ“, како јасен показател за посветеноста на компанијата за зголемување на јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот. Дел од годинешните активности предвидени со платформата ќе се реализираат во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), а се опфатени во […]

ОКТА донираше опрема за гасење на пожари на тешко пристапни терени на ТППЕ Свети Николе


Компанијата ОКТА денеска донираше специјална опрема неопходна за гасење на пожари на непристапни терени на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Свети Николе, во чија околина во тек е справувањето со еден од најактивните и најголеми пожари кои ја зафатија нашата земја во изминатите неколку денови. Донираната опремата се состои од специјални противпожарни средства – метални […]

ОКТА продолжува со спроведување на донаторски проекти во обновливи извори на енергија


ОКТА АД – Скопје и оваа година најавува неколку донации во фотоволтаични централи, со што директно ја поттикнува зелената транзиција во земјава. До крајот на годината компанијата ќе инсталира фотонапонски централи во спортскиот центар „Марко Божиновски“ во општина Аеродром во Скопје, во градинката „Детска радост“ во општина Гевгелија и во основното училиште „Св. Кирил и […]

Во ОКТА отворен првиот тренинг-центар за гасење пожари од нафтени деривати (фото, видео)


Следејќи ја својата стратешка определба за етичко и општествено одговорно работење и, истовремено, поставувајќи ја безбедноста како врвен приоритет, ОКТА инвестираше во нов тренинг-центар за противпожарна заштита од нафтени деривати, прв од ваков вид во земјава. Новиот тренинг-центар ќе овозможи изведување на вежби и сценарија на противпожарната единица ОКТА во строго контролирани и безбедни услови […]

Предавање во употреба на новиот Тренинг-центар за гасење пожари од нафтени деривати


Во кругот на ОКТА денеска официјално ќе биде предаден во употреба новиот Тренинг-центар за гасење пожари од нафтени деривати. На настанот се очекува да се обратат главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос и директорот на оператива во ОКТА, Ице Рикаловски.

Како работеше ОКТА во првиот квартал годинава


Во првиот квартал од 2024 година, глобалната економија покажа мешани достигнувањa, одбележани со позитивни показатели од една страна и долготрајни предизвици од друга. Сепак, нарушувањата во синџирот на снабдување продолжија, зголемувајќи ги стапките на инфлација и ограничувајќи го производството во одредени сектори. Геополитичките тензии и несигурноста околу трговските политики дополнително придонесоа за нестабилност на пазарот, […]

ОКТА со солидни оперативни резултати со исклучителен обем на продажба и зголемена прилагодена


Компанијата ОКТА ги објави финансиските резултати за четвртиот квартал и за 12-те месеци од 2023 година, кои покажуваат дека приходите од продажба изнесувале 49.236 милиони денари во фискалната 2023 година. Според компанијата силни оперативни резултати ја одбележаа 2023 година, покажувајќи значителен напредок во деловното работење, особено кога ќе се земе предвид падот на меѓународните цени […]

ОКТА со зголемен обем на продажби и профитабилност во третиот квартал, благодарение на туризмот и цените на нафтата


Компанијата ОКТА ги објави финансиските резултати за третиот квартал од 2023 година со ЕБИТДА која достигна 430 милиони денари, значително повисока од онаа во третиот квартал од 2022 година, и добивка пред оданочување од 305 милиони денари, наспроти негативната во висина од -2 милиони денари остварена во третиот квартал од 2022 година.   Приходите од продажба […]

ОКТА доделува стипендии за студентите од завршна година на додипломски студии на факултетите при УКИМ


ОКТА и годинава ја продолжува традицијата за поддршка на идните генерации, преку доделување на стипендии на студенти од техничките и природно математичките факултети на државниот Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. Стипендиите се наменети за пет редовни студенти кои се запишани во последната година од прв циклус на студии на одредени студиски програми […]

OКТА донираше фотоволтаична централа за градинката „Пепелашка“ во Општина Центар


  Како дел од активностите на компанијата во обележувањето на 45-годишниот јубилеј, ОКТА донираше фотоволтаична централа на детската градинка „Пепелашка“, лоцирана во скопската Општина Центар. Новата централа со вкупна инсталирана моќност од 20,5 kW (киловати) е поставена на покривот на градинката и ќе обезбеди нејзино снабдување со енергија од обновливи извори. „Во рамки на нашата […]

„Окта“ ги објави финансиските резултати за вториот квартал и за првата половина од 2023 година


  ОКТА ги објави финансиските резултати за вториот квартал од 2023 година со прилагодена ЕБИТДА од 236 милиони денари, што претставува зголемување од 29% во споредба со вториот квартал од 2022година, и нето приходи од 5 милиони денари. Обемот на продажба достигна 290 илјади м³, останувајќи главно непроменет во однос на вториот квартал од 2022 […]

Бонус од 5 отсто со „Американ експрес“ на бензинските станици ОКТА


  Со летната кампања „Твој Бонус” нова поволност за корисниците на American Express картички на Силк Роуд Банка АД Скопје, која нуди дополнителна можност за загарантиран поврат на средства, со секое купување на бензинските станици со брендот ОКТА. Имено, со секоја направена трансакција со кредитните и дебитните картички American Express на бензинските станици ОКТА, корисниците […]

„Окта“ ги објави финансиските резултати за првиот квартал: Силна прилагодена профитабилност


  Компанијата „Окта“ ги објави финансиските резултати од работењето во првиот квартал годинава, при што во соопштението до медиумите се вели дека долготрајните инфлациски притисоци предизвикани од тековните геополитички тензии и енергетската криза продолжија да создаваат предизвици за економијата во текот на првиот квартал од 2023 година. Санкциите воведени од ЕУ и нафтеното ембарго ги […]

ОКТА објавува конкурс за изработка на идеен проект за соларен полнач и паркинг за велосипеди


По повод 45-годишен јубилеј на ОКТА, а во рамки на општествено одговорната платформа #ЈасВнимавам, компанијата во соработка со Центарот за кариера при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, објави награден конкурс за изработка на идеен проект за иновативно решение на фотоволтаичен полнач и паркинг за велосипеди и електрични тротинети. Наградениот проект ќе биде изграден […]

Пожар помеѓу селото Миладиновци и рафиниријата ОКТА


Центарот за управување со кризи информира дека вечерва во 19:05 часот на бројот 112 бил пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинирија ОКТА во Скопско. Според пријавата, како што наведува ЦУК, пожарот настанал како резултат на искрење од бандера и се проширил на околната сува трева. – На местото на настанот се екипи на Бригадата […]